Мислам малце се излезе од контекст, дечково не излажа за тоа каква му била поранешната а ми го кажа тоа да знам дека има некоја, не знам зашто тоа се сфати како има девојка па те вика, не, не ме викаше, туку од како заврши со неа. Друго, од другарка дознав дека се тоа лошо што го зборел за неа било вистина, така да не зборел така на празно и ми го кажа се тоа за да не ме лаже, да беше толку манипулатор немаше да каже и ќе се видеше тогаш со мене, нема врска фала ви
Те разбирам на некој начин, ама ретко да речам никогаш нема вака. И јас верував на времето дека со најдобрата другарка че ми биди мене прва и последна, ама не испадна така..
Не е важно дали лажел или не, додека бил со неа му било убаво, делеле емоции, тело и душа тогаш збор не кажал лош. Наеднаш му здосадува и почнува да и лепи етикети. Мислиш дека тебе нема така да ти прави?
Да беше искрен од почеток и да не се пере преку фрлање вина на тоа дека е лесна и дека пиел, а секогаш мене ме сакал и никогаш друга, друго ќе беше. Многу контрадикторно. Премногу не ми се допадна тоа однесување, незрело и невкусно. Turn off ми е.
Тоа го направил за да ја понижи и да се осеќа искористено, бидејќи глумела поштена пред него а зад неа 2 брака и била со оженет, он кога дознал тоа го направил со неа и и рекол да си оди, оваа му викала дека не е вистина ама овој ја блокирал и баталил.
Сакав да почекам неколку дена ама раскинавме прееска. Со плачење дома си дојдов. Прво негираше, после тоа почна да ми се дере на сред улица. Што сум се замислувала, каква сум била грда и никаква, кој ќе бил друг со мене, требало да сум среќна што дечко сум имала, не да сум очекувала премногу. Не сум му била привлечна, не јас да му раскинам, тој ќе ми раскинел и ќе се спасел од ваква грдотија. Луѓе слушаа, многу се посрамотив. На крај јас будала испаднав.
Не е проблем што имал друга, и дали бил со 1 или 100, ама тоа: "знаеш каква е лесна" тоа повеќе кажува за него. Таа каква е таква е, нејзин живот како сака така, бтв ете да речеме си му девојка и раскинете што ќе каже за тебе?
Бриши од секаде и немој да си го губиш здравјето за таков лик. И не си будала, неговото однесување зборува за него, не за тебе.
"You can't fire me, I quit" енергија. Не вреди да плачеш за такво несигурно, простичко манипулаторче. Си ја донела вистинската одлука и по некое време ќе си бидеш благодарна на себе што си имала храброст да напуштиш некој кој не те заслужува. Главата горе!
Фала луѓе, многу ми значи поддршката, се чувствувам како да не сум сама. Се надевам не ви здосадив со жалопојкиве, морав некаде да се искажам. Ќе се соберам и ќе бидам добро, морам.
Ај куренце на мамаааа. Си му го повредила егото што си го откачила. Значи си се спасила од будала. И да знаеш дека од инат го кажува тоа, сам си знае дека си прекрасна криво му е што си го шутнала. Без нервози
Типично однесување на човек што не знае како да се извади од ситуацијата, а знае дека згрешил. Па префрлање вина. Од искуство ќе ти кажам, немој да дозволиш навредиве да ти влијаат во иднина и да ти ја намалат самодовербата, не вреди.