Што мислите за ситуацијава? За излегување му викам на дечко ми треба да штедам, малку да намалиме со излегувања, сега за патување многу потрошив, а дома да барам не можам, плус јас минимална плата земам, некое време работам, се потрошив плаќајќи нешто дома и нешто за себе што купив. И ми вика што се скржават твоите, двајцата работат, што толку не ти даваат пари, јас студент сум, татко ми не е вработен, така кога има некогаш работа, па пак ми даваат пари. Ме изнервира многу. Не му реков тој да ми плаќа, реков да намалиме малку со излегување зошто многу истрошив. Од каде знае какви трошоци имаме.
Па како е се поскапено секаде, треба да има разбирање, може сакаш да штедиш, твои пари, твој избор. Личи материјалистички ова. Треба да ти е поддршка, а не вака да се однесува. Никогаш не сум се мешала во финансиите на партнерот, не па да водам евиденции неговите колку имале и колку пари му давале. Што е со луѓево, се кроз пари гледаат више. Не ми се допаѓа многу човеков од тоа што те читам, не ти е поддршка и за се ти прави кавги.
Не е у право шо да мислиме.Како твој дечко, а и општо ко чоек треба да има разбирање, и да сфати дека си у тесно. А и ваљда ти ја знае ситуацијата. Седете неколку дена по дома, гледајте си нешто, правете нешто. Ама мора да му напоменеш ова.Кој е тој муабет ,,скржави се твоите”… Лош муабет
Навистина, едно кафе веќе под 120 денари нема, а секогаш и јадеме, многу пари ми одат на излегувања, со плата од 18.000 каде побрзо да стигнам. Не можам да постигнам толку да излегувам, не сум ќерка на политичари или не знам што, па да имаме тон пари. Претера сега, многу ме налути што ми прави математики за платите на моите.
У право си реално, глупо е да пресметува твоите колку плата земале и колку ти давале. Неубаво од негова страна.
Кажи му дека твоите не се должни да ти плаќаат шетање и искачање, и дека се е поскапено и твоите како и повеќето луѓе во државата едвај крај со крај врзуваат.. А дека е претерано, претерано е, кафе, едно бурито со помфрит, салата една, 700 денари е, буквално искачање, сметка за двајца со нормално нешто да нарачаш без да се луксузариш, под 1200 денари не е.
Кој кур фактор е он да кажува за што и за кого треба да даваат пари? Ако у врска е вака кој знае како ќе у брак.
Така некако излегува. Ама тој мене ништо не ми плаќа, не знам од каде му право да ми се меша. И кафе на излегување сама си го плаќам. Да ми плаќаше тој, па да се лутеше нешто, вака нема право.
Епа штом друг му плаќа не знае дека тешко се заработува, а лесно се троши. Нека поработи па ќе сфати. Мислам дека за почеток можиш смирено да објасниш дека греши, дека треба да има разбирање, дека не треба да се меша. Или ќе сфати или не. Во меѓувреме не мора секое излегување да седните некаде, една прошетка доста е колку да се видите.
Зашто секој пат кога ќе укажам на нешто што ме повредува мора да испадне во караница? Имам многу врски и само во оваа ми се дешава вака. На крај секогаш испаѓа дека он е многу тажен и јас сум виновна за тоа што се осеќам така како што се осеќам. Многу е себично. Он го знае тоа ама си продолжува пак со истото. Не можам да ја сфатам таа алчност за повеќе и повеќе емоционални возвишувања за него. Доста ми е..
Ептен. Многу многу ми е лошо. Исцрпена се осеќам константно дека му должам нешто. Стварно е претерано и трауматично
Тоа е обично одлика на нарцисоидни личности. Психички ќе те исцрпи, и ќе ти влијае на самодовербата и сликата за себе. Не ги валидира твоите потреби и чувства, се прави жртва. Размисли си дали навистина сакаш таква особа покрај себе.
Свесна сум дека сето тоа е така, но од една страна знае да е многу affectionate и физички и емоционално ама од друга навистина е страшен кога во секунда мења однесување на многу ладно.
Исто така, моите чувства секогаш се сфатени како напад и навреда кон него, па одма врти на тоа дека не му верувам и не го сакам кога едноставно сакам тој минорен проблем да се реши на мирен начин. Не знам како да се справам за тоа што и во другарски врски и во романтични одма се разрешува проблемот без вакви вртења во кругови.
Не функционираме ние така, ни јас му плаќам него, ни тој мене, секој своето. Ја и не сакам тој да ми плаќа, само сакам да си штедам сега парите. Ми се смачи од излегувања, а тој се расфрла со парите, сака да излегува, така си е навикнат, де со друштво, де со мене. Јас само со него излегувам и пак не можам да стигнам со финансии веќе.
Веројатно станува збор за премногу самоуверен човек со големо его. Таков му е карактерот, нема да му го смениш. Не сака да прифати грешка, мисли дека е секогаш тој во право и дека најправилно прави. Тешко дека сега како возрасен ќе му го смениш тоа понашање. Или ќе го прифатиш така или тоа ќе ви е проблем што секогаш ќе ти пречи. А и на кого не би му, тешко е со луѓе што не сакаат да подобрат нешто и имаат високо мислење за себе до степен да само нивното е најдобро, а ако нешто им преречеш, драматургија настанува.