Си имав еднаш работа со ваков нарцис. Кога и да се чувствував лошо не поврзано со него - тој се чувствуваше полошо од х причини, кога и да имав проблем и сакав време за себе - тој имаше повеќе проблеми како смеев да се жалам?! Страм да мие. Кога го откачив и блокирав од сегде (егото на ваквите им е преголемо, навредуваат итн) нападите на паника и анксиозност престанаа Good luck
Јас ќе му речев дека не е до тоа дека моите не сакаат да ми дадат, туку дека би ми било срам да им земам на овие години. Нека се замисли малце кога веќе си зима за право да се меша кај што не му е место. Ама тоа сум јас, I'm staying toxic
Обично не пишувам ама сум имала потполно иста ситуација. Ќе ти пишам само дека вакви луѓе нема да се сменат никогаш, а ти ќе се осеќаш исцрпена константно и со тек на време ќе почнат караниците секојдневни да бидат. Ти ќе сакаш да се решат проблемите, можеби и ќе кажеш дека вината е твоја само да не се карате, ама најголемиот проблем е тоа што нема ни да престанат. Често самите си го знаеме одговорот длабоко во себе но не секогаш си го признаваме и прифаќаме. Ќе се осеќаш како нова личност без него, не заслужуваш да бидеш покрај човек што само го засегаат неговите проблеми (а реално е многу нарцисоидна и манипулативна личност што пробува да ја префрли вината на тебе и потоа се прави мил и фин што те збунува бидејќи еднаш е добар, еднаш не е). Било дали е пријател или партнер, такви луѓе те исцрпуваат. Ќе се сеќаваш на добрите моменти ама на крај ќе видиш дека ни тоа не вредело
Ти благодарам многу. Јас едно нешто што сакав беше се да се решава на мирен начин ама неможам кога од најмал проблем настанува цела драмска серија.
Неможе на мирен начин со вакви, ете членката погоре културно му објаснила зошто е најдобро да раскинат он почнал да ја навредува ( подобро не знаат од навреди од типот грдосија, нема да најдеш друг како мене yeah that's the point ) ајде батали главата горе еден е животот за да го поминуваш без енергија
Знам... он ќе почне да се лути за најситни работи и ти ќе почнеш да го менуваш начинот на којшто ги правиш и кажуваш работите за он да не се лути. И тоа е ненормално исцрпувачко. И на крај ќе кажува како те сака и се грижи за тебе како е добар, ќе ти пружа внимание и љубов ама едноставно сите тие работи не вредат верувај... Тешко е да се одвоиш од нив бидејќи те фаќаат на емоционални точки. Ќе ти биде многу подобро без него
https://youtube.com/shorts/Ml5kzjZSr24?feature=share Ситуацијава твоја ме потсети многу на клипов Гледај да не бидеш ваква после 6 месеци
Дали би ви претставувало проблем да одите со некој што е од друга,држава или вероисповест... Пример Србин,албанец,турчин,босанец...итд Муслиман,католик итд
Кој и да ти одговори овде, тој одговор ќе се однесува лично за него. Ако тебе ти претставува проблем, ич не почнувај.
Се соочувам со проблем да започнам и да одржам врска со девојка. Тешко ми е оти имав еден тежок период здраствено едно 10 години кој сега зад мене е и се враќам полека во нормала . Ок,ќе започнам муабет,не ми е проблем и да ја поканам за надвор,туку немам искуство со ескалирање во повисоко ниво на врска освен да речеме само на познаници да останене,сакам да преминам и во врска и како да ја одржувам Изгледа глупо можеби,но немав нормален развоток како млад човек кој од 20 до 30 сум претежно повлечен од социјализација. Пробувам со социјалните мрежи,но сам и без пријатели е тешко. Сконцентриран сум работа,факултет и дома и семејството. Се наоѓам како во зачаран круг постојано
Како проаѓа времето се потешко ми станува. Ми фалат неговите пораки, ми фали тој, имам чувство на тага и празнотија. Не сум сакала до сега некого толку многу, најдолга врска ми е оваа што сум ја имала и многу ми станува тешко. Тој инаку не ме ни побара, ме блокна од секаде и очигледно не му било гајле. Нормално ли е да ми е вака сега првите денови?
Скроз е нормално, сум врвела низ истото и многу добро ми е познато тоа чувство. Сега ти преостанува да се фокусираш на други работи. Факултет,работа, пријатели, хоби некое, било што. Ќе ти биди од помош многу. Се’ ќе помини, биди горда на себеси оти си ја донела правилната одлука.
Дај си време колку и да ти треба, не се форсирај, помини низ тој процес. За некој месец ќе ти помине целосно. Фокусирај се на други работи, прави нешто што го сакаш и нешто што ти го исполнува времето за помалку да мислиш на тоа.
И мене ми беше така, но се заљубив пак и сум во нова врска. Почнав да зборам со други машки, да излегувам, да флертувам и некако болката се намалуваше, сфатив дека не е незаменлив.