Мислам дека треба малку да поработиш на себе, да бидиш посигурен, еве кажа дека немаш проблем да викниш некоја да излезете, јас како што те разбрав проблемот ти е да започнеш врска, ти поминале тие години на учење затоа што не си можел поради здравствени причини, малку е тешко од друга страна некој да ти даде совет али треба да ја запознаеш добро личноста да видиш што сака како сака, гестови па пишување пораки, па канење на кино...мислам дека премногу размислуваш, најди некоја што стварно ти се допаѓа, посвети внимание на неа, добро запознајте се и другото само ќе си дојде по природен пат, немој да се форсираш, се се учи во животот. Како што напомена одиш на работа и студираш, гледај да најдиш некој колега со кого би излегувал, малку да се социјализираш
Ќе речам дека за него ни солза не вреди, ама те разбирам. Не е лесно, ќе видиш за некој ден какво олеснување ќе осетиш кога нема да мора да се нервираш и секираш секој ден. Тоа што те советуваа другите + запишувај си ги чувствата во дневник, испукај се на хартија да не си ги држиш за себе.
Како со партнер кој е интровертен, ужасно срамежлив и делимично емоционално затворен? Знам од кај му потекнуваат проблемиве но не знам како да му помогнам. Можам да осетам дека сака да искаже чувства, но како да нема храброст или да не знае на кој начин.
Тебе да ти покаже чувства? Биди ти отворена кон него па ќе се опушти покрај тебе, колку толку, со тек на време.
Тамарче... Хахах дај поштовај се малце поќе.. Опција си и секогаш ке бидиш кај ваков тип. НЕ те сака и ништо не сфатил чим само од инает кон неа ти пишал хахах
Јас мислам тоа повеќе им е изговор. Кога навистина сакаме некого без разлика на срамежливост тоа се гледа, некогаш ни зборови не се потребни. Нема доволно јаки емоции. Бившиот беше најсрамежливиот човек на свет ама како силно ме сакаше и покажуваше дури и без да каже некогаш, тоа се чувствува. Од лично искуство ти кажувам. Љубовта и со дела се приметува, ако не забележуваш љубов тогаш не те сака вистински, се друго е изговор.
Мора да продолжиш напред, заборави на минатото. Не се откажувај ако добиеш неколку корпи, некогаш ќе ти се посреќи. Барај си слична на тебе, види на социјални мрежи дали имаш слична професија со некоја, да читате исти книги, почни некој таков муабет преку стори за нешто. Кој барал, нашол. Сите што ги знам што нејќеа да се сингл преку инста најдоа дечко/девојка. Денес е многу олеснително за разлика од порано.
Потполно си во право и се сложувам со тебе но не сум во таква ситуација. Можеби лошо се изразив. Гледам дека има чувства и осеќам, но еве во споредба со други парови во средината во која сме, тој како да не знае едноставно што и кога да прави. Пресрамежлив е за да направи нешто големо.
So srejka,uzivaj vo rabotata,a toj neka odi vo striptiz bar ccccc gluposti,uzivaj si I ic da ne ti e gajle so zbora,edna kloca k gaz daj mu,ne te zasluzva tebe,kisss
Зависи од двајцата колку им е важно и сакаат да го зачуваат тоа што го имаат. Знам за примери и од едните и од другите.
Зошто да не успее ако и двајцата ја негуваат врската и љубовта. Се е можно секако, но знам за доста кои имале успешна врска.
Колку време после кавга држите лутина? Од вчера не сме збореле ич, се налути ептен господинот. Сабајле само ми пишал добро утро, уште сум лут.
Додека не се реши проблемот. Колку повеќе се одолговлекува, толку полошо. Или пак, ако е другата страна крива, додека не си ја признае вината и се извини. Ако сум јас крив за нешто, тогаш не се лутам, гледам да го решам.
Ако сум виновна, ќе се извинам, ако држи лутина и тера инает а не сака да поработи на проблемот ќе се дистанцирам
Па не сум јас крива. За тоа со парите се скаравме, му реков дека не може тој да ми се меша, кога не ме ни финансира и не работел никогаш до сега, не знае како е за тие 18.000 маста да ти ја извадат. Тој почна да ме вреѓа јас не сум знаела како е да студираш, не било лесно и тоа, кај можел да работи како студент, се мене само тешко ми било, сум претерувала..