Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Можда нема кредит. Или можда спиел кога си му ја пратила.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Верувај дека да праи нешто сомнително одма ќе ти врати :lol:
     
    На LivingGlam, najubava2010 и Mistery им се допаѓа ова.
  3. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    е добро де може не ја видел пораката, нема што тука да се крева паника мене колку пати ми се десило да не го слушнам телефонот а некој ке се убие од вртење :D никогаш од прва неможе некој да ме добие :D :D
     
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    а што кога и до утредента не ви вратил порака? :lol:
     
  5. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    е тогаш е време за паника :D настапи во акција под итно барај објаснување :)
     
  6. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Мислам дека непотребни се узбуни на големо за кои поверојатно е дека ќе излезе биле лажни.
    Има милиони причини зошто не ти вратил на пораката. Едноставно не му ја мисли многу и јави му се ти па прашај си го него. Тој најдобро ќе ти каже. ;)
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.912
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене :) Ми се јави дотичниот дечко, всушност вчера и денес цел ден ми ѕвони. Ми се извини, рече дека ќе се обиде да се смени(како и многу пати до сега). Правиме муабет онака нормално. Чека да му кажам што сакам за понатаму во врска со нас двајцата. Не знам што да му одговорам. Некако, наеднаш се скрши нешто во мене. Го сакам, ама не сум воопшто сигурна дали треба да продолжиме. Не само заради неговиот испад, туку онака има нешто што ме двоуми. :?:
     
  8. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Девојки мене ме мачи еден проблем и ај си викам да ве прашам за мислење :wasntme: . Почнав да се гледам со еден дечко, и се океј понекогаш се чувствувам многу заљубено како да ќе полетам, но на моменти е сосема спротивно го чуствувам толку далечен и губам секакви надежи. Не покажува некакви јасни емоции, неможам да го разберам, на фејсбук исто правиме муабет секогаш ми пишува прв, ама некогаш кога јас ќе му пишам или ќе почнеме да збориме не е тоа тоа. Ладно е. Понекогаш мислам дај нека ми каже што сака, планира, нека биде ЈАСЕН, неможам да разберам јас се измачувам вака. Таман ќе изгубам секаква надеж, ете ти го однекаде |( и јас пак се залетувам. Што мислите вие? дали да прекинам контакт (иако ќе ми биде многу тешко), или да продолжам..но како да му кажам да биде малце појасен, што сака? А глупаво ми е малце дирекно да го прашувам, бидејќи сепак меѓу нас нема ништо.. :sweat:
     
  9. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    хммммм...... рече се гледате ( тоа значи дека се слушате и одите на кафе ?? или ) , а за фб ...неможеш да очекуваш секогаш да ти биде посветен само тебе , сигурно има милион пријатели со кои исто така прави муабет , а кога правиш муабет на фб со повеќе од 5 луге се губиш .
    Не ти ја знам конкретната ситуација но еве вака на пример : немој да му бидеш секогаш на располагање , па дури ни на чат , некогаш кога он ке ти пише ти биди поладна или откачи го на ист начин како што ти го доживуваш неговото игнорирање , па следи ја неговата реакција да видиш дали воопшто е заинтересиран за нешто повеке или си во заблуда
     
  10. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Да се слушаме, се гледаме, и јас не се потпирам на фб, но понекогаш чувствувам ладен однос, а некогаш е срце..ќе пробам малце по на дистанца да бидам деновиве јас, за да сфатам што всушност сака. :worried:
     
  11. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Според ова што го опиша сметам дека и самиот дечко сеуште незнае што сака. Се гледате некое време, на моменти се осеќа заљубено па ти го чуствуваш близок, потоа ми текне нешо ај ќе се одалечам. Сум била во вакви ситуации каде што некој си играл топло-ладно , не ми било некое најдобро искуство. Најчесто излева дека дечкото не бил сериозен.

    Прашај го ти него директно да ти каже што осеќа и што има во план. Па да одиш на сигурно и да си знаеш на што си. ;)
     
  12. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    ^^ да и јас сакам да го прашам, ама малце глупо е..ништо нема меѓу нас, а и можеби он не чувствува ништо за мене...уфф леле од толку машки, јас баш вакви наоѓам! :@ Ќе се залетам, ќе се залетам и на крај се удирам од ѕид :fubar:
     
  13. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакала да признаам или не, мојава врска се повеќе ме гуши. Почна со тоа што јас потајно си фантазирав за други рандом(или не баш) дечки, и си викав, ај нормално е, ќе ми помине. Од ден на ден гледам дека зајакот сепак лежи во мојата навидум совршена врска. Го сакам, ме сака. Постојано сме заедно, релацијата на движење летово ми е дома-кај него-дома. Тука е за мене кога и да ми притреба, ме трпи и ме слуша, никогаш не ме навредил или повредил.
    Работата е што во последно време не можам да си ги скротам оние, како да ги кажам, тинејџерски потреби. Се сеќавам на старите излегувања и пиенки со другарки, дотерувања, флертувања, мувања, и неверојатно многу ми фалат. Понекогаш кога ќе ме обземат таквите мисли, ми доаѓа да му се јавам, да го отерам кај што не заслужува, да се дотерам и да излезам било каде, со било кој. Се осеќам како пензионерка, дремам дома по цели денови, немам излезено од 22 јануари, освен неколку кафиња (со него, секако), и тоа е тоа.Не дека тој ми забранил било што од ова да правам, ама некако несвесно стигнав до ова типично размислување на тинејџерка во сериозна врска.
    Иако се силам дека ќе му раскинам ради досада, знам дека нема, сепак го сакам.
    Само не сакам некои работи за него. Не го сакам тоа што никогаш не бил диско/кафич/журка дечко. Порадо би дремел во маало и би гледал фудбал отколку да излезе. Слуша строго рап, така и се облака, и како да го земам со мене на транс?! Или во Колосеум?! Или на Суперхикс?!
    Секогаш сме јас и он, кај него или кај мене дома. А мене душата ми бара да си ги облечам новите штикли, да се налакирам, нашминкам и средам. Преку глава ми е од тренерки и фатена коса.
    Кој стигнал до тука, фала му, сега иде главното прашање. Како да го променам?Имам ли вооошто право да го правам тоа?! Ќе успеам ли некогаш? И не да го променам само него, туку на целава врска сакам да и направам рестарт.
    Можеби и немаше да бидам со него, воопшто не е мој тип. Ама тоа е што е, нешто мора да се промени или осеќам дека нема да можам да го издржам овој притисок.
    Жени, мажи, секој совет е добредојден.
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Него тешко да го промениш, но можеш да ја промениш вашата врска. Ако имаш со кого да излегуваш, тој дури гледа фудбал, седи во маало ти излези си со другарките. Дотерај се, нашминкај се, флертувај. Се дур не се муваш со други океј е. Млада си, ако сега не го поминеш овој период ќе сакаш на 20, 22, 24 години. Па и не е лошо да поминувате време одвоени со други луѓе, а не постојано да сте заедно. Тоа гуши.
     
  15. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    браво штом си издржала толку долго да правиш работи кои не ги сакаш и ти се досадни . Не е фер да го промениш , а не дека неможеш . Подобро би било да го натераш сам да се промени , а тоа ке го постигнеш со тоа што нема да си го загорчуваш животот и да ги пропушташ најубавите години од него , туку ке си го правиш она што го сакаш ( нормално , не заборавај само дека имаш дечко ) , а за да излегуваш , да се журкаш , па дури и да флертуваш не е страшно ( во граници на нормалата секако ).
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Naty имаш САМО 17 а се понашаш како да имаш 26 т.е околностите те тераат на тоа а ова не е на арно :x .Буѕквално го испушташ најлудиот период од животот а зошто ? Зошто на него не му се сака ? ! Зошто тој е поинаков од тебе ? ! Па зошто не проба тој да се прилагоди на тебе ? :^) Или вака му е поубаво , ти трпиш тој си ужива ...
    Знам тешко ти е но СЕКОГАШ постојат и мнооооогу други фактори освен љубов !
    Хипотетички еве остануваш со него . А иднината бе нат ? ! Зарем планираш цел живот да го поминеш вака :^) Убаво не ти е ! Не ти е забавно , досадно ти е , не си среќна ! Ај сеа преброј се и види кои се предностите и слабостите на оваа врска . Вредат ли ? Вие сте како вода и оган . Ме интересира дали дечко ти ако толку те сака би пробал да направи КОМПРОМИС да даде надчовечки напори да истрпи излегување во град :wasntme: , како што ти трпиш дома , дома и дома ?

    Не е се во љубовта зар не ? Цени си ги годините немој да се разбудиш предоцна !!! :!:
     
  17. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Венди, лошо си ме разбрала. Тој воопшто не ми забранува да излезам, и самиот си има кажано, "јас седам во маало до сабајле зошто ти да не излезеш?". Ама ете, времето направи да бидам многу позатворена кон тие работи, да ги посакувам а да не преземам ништо. Иако сега сум решена, од утре ќе пробам да се променам прво самата, па како ќе биде понатаму ќе видиме. Кога веќе не можам да излегувам со него, можам сама :) Фала ви девојки на советите, дај Боже да ми мрдне од место животчево :)
     
  18. La.n.a

    La.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Во твојот пост се пронајдов себеси, истово ми се случуваше пред некои си 8 месеци.
    Монотонијата не уби, дефинитивно, а ова истово што ти го чувствуваш го чувствував и јас точно 6 месеци. На излегувања со другарките скоро и да заборавив, нашиот свет го чиневме само ние двајца. Епа не иде така.
    Јас сум една година помала од тебе, но тој џумбус не можев да го издржам. 6 месеци го чувствував истото, а кога и да му спомнев за тоа ми викаше не ти е забрането излегувањето со другарки, слободно оди, не ти забранувам јас никогаш нема да се побунам и слични ствари, но мене совеста не ми даваше. И он е маалски човек, а неговите другари имаат доста лошо влијание на него поради тоа што се строго против излегувањата во кафичи/дискотеки и не знам ти што. Сум ги прашала зошто, но одговор не сум добила, никогаш.
    Е сега, мој совет ти е да пробаш да го убедиш некако да излезете надвор. Нека ги викне тој неговите другари, ти твоите другарки и пробајте живнете ја малце врскава. Би биле поголемо друштво, а така секогаш поубаво се поминува. Доколку пак, и тие се некои „дифтари“ (со извинење) како него, тогаш облечи штиклите, дотерај се и ајт низ врата, иди у провод сама со френдиците. Ако не го направиш ова сега, верувај ми ќе раскинете.
    Да успееш да го промениш лично не верувам, еве и да излезе со тебе некогаш на некое такво место можно е да се скамени во едно место и да превртува очи цела вечер поставувајќи си го прашањето „Што мајка барам јас овде?!„
    Ние раскинавме поради истава причина. И јас сакав да го променам, но не успеав, а некогаш љубовта едноставно не е доволна. Ги гледав сите како излегуваа и се журкаа, а јас како осудена на доживотен притвор со него.
    Не знам што друго да ти кажам, стварно. Се надевам дека ќе успееш да внесеш некоја „свежина„ во врската и дека нема да мораш да го направиш истото како и јас.
    Гуд лак. :)
     
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Te сваќам Нат ама , колку поинаку би било да излегувате во град . Тебе ќе ти биде многу поубаво едноставно индиректно влијае на тебе те менува . Ама сепак ти си знаеш најдобро и искрено се надевам ќе биде како што си замислила и нема да ти појават дополнителни проблеми од ова....

    Ајт со среќа ;) :)
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    да почнам од почеток ..
    имам дечко со кој идам веќе 10 месеци .. пред да започне ова лето се спремавме да идеме на одмор тој уште тогаш зборуваше како не му се иде и како он не е по тие работи, јас убедена дека ќе одам го намолив за да идеме.. сега после 5-6 месеци моите не ме пуштаат да одам на одмор со него.. но тој прави договори да иде со друштво.. неможам да го пуштам несакам има нешто што ми вика да не правам така.. едноставно неможам да го дозволам тоа.. тие журки, пијанчења, искачања до сабјле, не се на арно.. многу пати сум одбивала и братучеди и братучедки и не сум заминала никаде надвор од Мк. само заради него..