Мамичка ги галела и фалела само и мислат дека и ние девојките истото ќе го правиме. Не знаат грешка да си прифатат.
Жал ми е што само проблеми имаш со типов, неколку пати те читав во темава. Човек што те сака нема да те остава ден, два, ма ни саат време без збор кажан ако му значиш, ако не те зел здраво за готово. Млада си, не си губи години на луѓе што очигледно не знаат да те ценат. Не ја прави таа грешка, еден ден ќе ти дојде да си влепиш една воспитна од каење на што си потрошила време.
Ами ќе наидат некогаш во животот на некоја како тамара од минатите постој или родителите ќе им надментат такви ставови : ова тешка е, она е лесна е, она има 5 брака, ова е за сериозна врска и така ќе си оговараат со се девојка и на крај сите други луди сме и треба да им се клањаме за егото да им е full. Овај не само што треба да и се извини туку и да размисли, да разговара и на крај да и се извини што испаднал таков себичен сељак. Па уште добро утро пишал лут сум леле..
Со бившиот дел од караниците беа за тоа, на крајот пукна тиквата. Нема што да му се правдаш. Многу студенти работат, нема што да глуми жртва. Убаво си му кажала. Ако сега ти зборува за финансии кој знае како би било во брак.
Луѓето што се емоционално затворени ( јас) не знаат да искажуваат љубов директно со зборови туку најмногу со дела. Или индиректни зборови т.е мн добро знаат да се сослушат кога имаш проблем, се грижат за тебе, секогаш се тука за тебе. Ако ти каже пиши ми кога ќе стигнеш дома - навистина го мислат тоа. Тие или да кажам поточно ние љубовта ја искажуваме преку ситници кои повеќето не се ни свесни за тоа. анализирај му начин на однесување и ќе го запознаеш мн подобро т.е ќе почнеш да го читаш. Дали е среќен, дали е тажен, дали има и он некој проблем. Најчесто чуствата кај емоционално затворените луѓе им се познава по фаца. Али затоа да го приметиш треба да го познаваш доволно долго. Не го форсирај само да биде тоа што не е, тоа ти е мој совет. Доколку е свесен за проблемот ќе поработи на тоа, а да работиш на себе е нешто најтешко на свет. Немој да го пресекуваш и да му викаш нема топлина у тебе, не ме сакаш итн. Полека сам ќе се опуши до некој степен, али пак ќе кажам за тоа е потребно време.
Како личност која не искажува чувства ќе ти дадам совет дека со тек на време ќе го научиш, не знам колку долго сте заедно, али остави го му треба време за некои работи, биди тука за него, можиш да разговараш отворено со него што го мачи....не сме сите од ист калап правени, и немаме исти карактери, многу е тешко да се навикниш на некој што е различен од тебе
Смири му се, па продолжи секој втор ден да ни бараш совети што да му простиш пак и да се нервираш со него. Извини ако звучи дрско ама искрена сум и како на некоја најблиска ти кажувам отворено како што би и кажала. Што ќе ти е таков човек, што давате сто шанси на идиоти што не ве ценат, ве вреѓаат, омаловажуваат, ви забрануваат работи и се токсични. Некој ќе те вреѓа за изгледот, ќе ти вика дека работиш курвинска работа и ти ќе прашуваш дали пак да се смириш со него. Се надевам дека барем пола од овие случаи се зафркаваат со нас дека им е досадно и дека се цените повеќе во животот. Исплашена сум за ќерка ми во иднина да не налета на некој ваков, само за ужасни ситуации тука читам, згрозена сум и исплашена што е станато со луѓево.
Ако му се смириш то ти е исто како првио пат те годел со камен и те промаршил и сега му го враќаш назад за пак да те годи.