Смири му се. Шубо ќе ти биди. Ќе те вреѓа, нема да те пушта на работа, ти ќе се нервираш и 'сите среќно ќе си живеете' Од шо мака па да се враќаш на то?? Само-деструктивна си? Не се сакаш? То мажи врие, јас ќе му се враќам на некое копито шо ми го напрајл живото пекол. Ој таму бркај дечковци, смени тро, види како се' можи да биди.
Џабе совети, ќе му се смири откако ќе ја изманипулира, ја знам таа приказна оти истата грешка ја имам направено. Тие приказни колку те сака и не може без тебе се стандард за манипулатор. Таквите не се менуваат.
Колку си далеку од реалноста во случајов... Нема да се смири, затоа што сака подобар живот за себе. Така @Kalince1996 ?
Зошто секогаш паѓаме на она добропознатото “згрешив, извини, нема да се повтори, не сум таков, не знам што ми беше” ? Знаеме дека ќе се покаеме за брзо, ама пак се враќаме назад. Љубов ли е, навика, приврзаност, страв од осаменост или пак страв од нешто ново?
Штом се двоуми, значи ем сака ем не сака. Едно извини ништо не менува, не ги враќа назад кажаните навреди. Се надевам дека грешам.
Абе вие смеете да терате сарказам,јас не смеам? Бог да чува и да брани. Сами треба да имате претстава дека не сум толку будала после сѐ, да и дадам подршка.
Јас имам едно прашање, не е проблем и по можност сакам и одговор од машки особи. Шо значи кога некоја ја каните на кафе/пијачка после кратко време пишување, еве да речиме неколку дена? Толку ви оди муабетот со неа па сакате да ја запознаете во живо, ви изгледа на "лесна девојка" или? Моја теорија е дека кога ќе достигниме одредена возраст, еве пример +22/3 години, немаме ниту време, ниту па нерви да се влечеме со долги разговори кога сето тоа може да се продолжи во живо, па да си оформиш целосна слика за другиот и да увидиш дали вреди да продолжиш со него. Меѓутоа, 3/4/5 денови се некако маалце. Откако раскинав долга врска, неколку пати сум дошла во ваква ситуација и малце сум скептична. Разговорот си тера супер, општи теми, работа, образование, хоби и наеднаш од нигде никаде добивам понуда за кафе. Најчесто сум одбивала или сум гледала да одолговлекувам, меѓутоа ова се почесто се случува. Баш ме интересира шо мислите за ова.
Ne si sigurna ti zatoa ne odis na kafe, vo sebe Inace 2-3 nedeli ili 1 mesec e taman chat muabet pa posle kafe, po moe.
Како тоа не сум сигурна во себе? Во себе сум, ама не сум сигурна во намерите на другата страна, не сум го запознала доволно за да излезам во живо.
Немам трпение како порано да водам долгиии муабети и да се запознаваме виртуелно со месеци па и година, како порано. АКо стварно кликнам со девојката сакам што поскоро да знам дали и јас че и се бендсиам или че ми дај корпа.
Ако не ти се брза, не излегувај толку рано. Се сеќавам, со мојов нешто повеќе од 2 недели пишувавме пред да излеземе, тој и порано ми велеше ама одложував. Ако ви "оди" разговорот, зошто да не си дадете шанса да видите во живо како ќе биде.
Шознам, мислам се познава кој е со намера навистина да те запознае, а кој секоја која ќе му врати ја вика на кафе. Ако сметаш дека ви оди муабетот, едно кафе не е ништо страшно, тогаш ќе сфатиш и ти шо намери има и дали ти одговара. Душман ми е таа фаза на запознавање. Дали немам искуство, заборајв како е после 100 години врска или па стареам, не знам. Ми нема нешто интересно, различно, исти прашања, ист редослед на работите, исти проблеми на почеток, објаснувања... Забегав со темата ама си размислувам гласно.
Јас да си прашам за мислење. После бившиот, ништо не ми е интересно, ниту едно машко не ми вродува интерес, ниту пак можам да имам доверба во некој, а и немам баш некој активен социјален живот периодов зошто сето друштво ми е зафатено па не можам секогаш да бидам иницијатор за излегување, не сакам да бидам здодевна. Живеам во мал град кај што можностите за комуникација ми се премали или скоро никакви. Инаку, комуницирам со неколку личности онлајн чисто од култура но секогаш се вртат истите муабети, кај си што правиш бла бла бла. Се чувсвувам анксиозно, вината ја барам во мене. Знам дека треба време за нешто ново но се чувствувам осамено. Сум имала понуди од машки веднаш прв или втор разговор за кафе ама не можам, имам изградено бариера околу себе а и не ги поседуваат тие карактеристики кои ги барам кај некое машко: скромност, смисла за хумор, шарм, шо знам. Јас сакам да се заинтересирам за тој некој, без напнување, без притисок. Кај бившиот тоа ми се допадна на старт иако на крај се случи шо се случи. Се запустив скроз, немам ни желба да се средам, да се дотерам... Што ми се случува не знам.
Мене ми е брзо толку кратко време. Многу ме нервираше кога одма по 4-5 дена ќе ме викни на кафе некој. Секако едно кафе не е ништо, но мене ми делува општо како брзање од спротивната страна. ЈАс секогаш сум оставала подолго време да пишувам, сепак и така ја запознаваш личноста.
Тоа е само еден посебен стејџ на преболување. Ќе ти помине. Понекогаш преболувањето може да потрае со месеци/години. Сега мислам најбитно е да не размислуваш што и како се случува, затоа што си го нашла најглавното, тоа зошто. Остави нека тече се по себе, и јас имам поминувано сто и пеесет пати низ тоа што го опишуваш. Прави што ти душа сака, угодувај си на себе и биди на иста фрекфенција со твоите мисли и чувства, како сакаш така да правиш. Лп ми е отворено во секое време за разговор .
Не да ми е душман, хорор ми е. Истите муабети, ко по шаблон. Ми се смачи. Наместо да ми е интересно да запознавам нови луѓе после тригодишна врска, мене поинтересно ми беше со бившиот. Дел од оваа одбивност ја препишувам на мене, цело време правам споредби меѓу дотичната особа и бившиот дечко. Факт е. го немам преболено и после толку време, ама па морам да почнам од некаде. А се осеќам дека тапкам в место. Се пронаоѓам во голем дел од напишаното, скроз те разбирам. Никој не ми е интересен, не ми задржува внимание. Излегувам кажи речи ради реда, колку ајде да си ја пробам среќата, да чкртнам уште еден неуспешен дејт во тефтерот. Се осеќам како да се наоѓам во безизлезна ситуација, упм.