Имам излезено на дејт со особи што воопшто не сум ги познавала во живо, сме се запознале на социјалните мрежи и секој пат било тотален феил, без разлика колку време сме си пишувале. Кога пишуваш со некој си формираш некоја идеална слика за таа оособа, особено ако ви тргнал муабетот, а во живо сум се разочарувала. Затоа во последно време не ни враќав на некој што воопшто не го познавам. Дечко ми го познавав, но се немавме запознаено лично. Кога ми пиша на социјалните мрежи, одма ме покани на кафе и бев ваква , многу брз дечково, но не размислував многу затоа што реално сакав да излеземе, ми се допаѓаше и му одложив за една недела, да не биде одма . Зошто ме покани одма да излеземе, дали и со други така се однесувал искрено воопшто не се преоптеретував и не ме интересира.
Wtf?! Да запознавам некој од ИНТЕРНЕТ после само 4 дена допишување!? Не, не ни е мерак животот да го ставаме во ризик, а и огромни се шансите за џабе да сме трошеле време за дејтот и да испадне едно големо разочарување.
Шансите да не е тоа тоа се секогаш исти. Без разлика дали со некој збориш 3/4 дена или цел месец. Едно е човек на социјална мрежа, сосема друго е во живо. Во живо се осеќа хемија, се следат погледи, се гледа како се однесува човек со вработени во кафич, со тебе, какви манири има, дали ти е атрактивен и во живо, итн, итн... Мене ако некој ми збори само на инстаграм и ми праќа лајкчиња многу е веројатно дека ич, ама ич нема да ми пробуди интерес. Ако збориме само на инстаграм и нема иницијатива да се видиме, најверојатно ќе баталам. Ми помина врмето коа сакав да си четувам, сеа сакам да искочам и да видам реакција во живо. Иначе за @christinnn и @bicycle нормално е така да се осеќате. И јас не можам да се оправам после раскин, идам со други колку ради реда, ништо ми нема шмек, ништо ми нема вкус, све ми е онака. Ама знам дека еден ден ќе запознаам некој што ќе отскокне од тој шаблон, ќе се заљубам пак и ќе почнам повторно да живеам. Си треба time to heal. Најнормално е така да се осеќате, без грижи, ќе пројде. Едит, со @Srckata28 сме иста особа
Искрено, ми беше смачено од запознавање по кафичи и дискотеки. Гужва, не мојш два реда муабет да напрајш, па шеми, па пуфкарлоци... па манијаци!! Леле манијаци!!! Сакав да имам шанса, прво да напраам муабет со некој, пред воопшто да излезам. Таква шанса ми даде интернетот. Секакви сретнав и таму... Ама барем првиот филтер (интересен муабет), ми функционираше беспрекорно. Беше 'наопаку', за тоа време... прво да збораш, после да го видиш во живо. Слика ќе ти прати една од пред деценија... Прашања милион пред секој прв дејт Кога отидов да видам шо слика ми испратил маж по прв пат, отидов со братучетка ми. Значи не беше ко сеа, шкрапаш со смарт фоно и во риал тајм добиваш фид-бек. Треба да скенира фотографија, а скенер имаше само по интернет кафеа, па да ја испрати на меил... Ах... неандерталци Толку многу ми се допаѓаше за муабет, ми беше страв да не не' ми фати око за на фаца ... мех... Ај шо. Ќе му дам шанса да се видиме во живо... - си помислив... And the rest is history
Се сложувам донекаде со тебе, ама шансите не се исти. Секако, не треба со месеци да биде, но да се најде некој баланс. Ако избрзаш, поголема е веројатноста дека нема ништо да биде од тоа. Имам другар кој секогаш избрзува и после неколку дена муабет ги кани на кафе. Ај што повеќето го откачуваат затоа што им е брзо, туку и тие што го прифаќаат, дејтот излегува фејл. Еве само последниов месец излезе со 3 девојки, и со сите 3 беше ужас. Со последната беше дури на 4 дејта затоа што и требало време да се запознаат повеќе, за на крај да му каже дека сака да се "само пријатели". Разговорите да ги прочиташ им се толку генерички и сувопарни како чет ботови да ги пишувале. А и за тие неколку дена не ни може некој поголем муабет да направат. Да си даде малку повеќе време ќе може да го избегне сето ова, и наместо да оди на несигурни дејтови, да троши време, пари, гориво и да биде одбиван, ќе се фокусира на оние што му одговараат стварно и има поголеми шанси дејтот да биде успешен. Јас да бев на негово место после толку одбивања во депресија ќе паднев, самодовербата во минус ќе ми отидеше, ама тој и понатаму продолжува со истото без да сфати каде греши. Може па не му ни пречи, којзнае. Мене би ми пречело. Во цел живот не ми се случило да одам на дејт и да сум одбиен, и ако се случи знам дека на срце би си го земал тоа затоа што не одам ради реда. Сите се различни.
Нема ништо 'ужасно' во ова бе... На кој му се погодило од прва? Мене па ми е интересно да запознавам нови луѓе. Шо знам...
Нови правила сега гледам за дејтање ние па со мажот ми кога се запознавме на нет, одма се договоривме да се видиме, и не беше чудно
Со маж ми 'касно' се видовме. Дури после 3 недели. Дека тро подалечку беше... Ако е од ист град, или на 50тина км, ден-два, ако тера муабетот и одевме на кафе. Шо ќе се 'мачиме' на невидено? колку поарно ќе дознам дали ќе 'кликнеме', толку поарно.
Така е... сега испадна "лесни" биле по една недела пишење ако излезеле.... ами ние по паркој и низ корзо шо си наоѓавме дечковци на времето? хаха
Ah zlatno Korzo!!! Izlegvas, lugje TOP! ama ako ne si go vidis simpatijata ke recis: Dosadno! Ziv coek nemase! Prazno Korzoto, ama ako si go vidis simpatijata ke recis: Leleee preubo si pominavme! Polno bese!
Муабетот.. еј брачед ми, не го знајш, ама убо дете е... те видел вчера со другарките, многу те бендисува. Сакаш да ти го местам? Тоа беше олдскул тиндер на времето, хахаха.
Леле па ако излезете после 3-4 дена ко да се очекува од вас да се земете одма. Истите муабети само во живо ќе ги терате, не морате којзнае што плус, а така и трема ќе надминете кај посрамежливите (ко мене). А ова викате Еј не знам, може е манијак може ова она. Па и колегата на факултет што го меркате во живо може е манијак, што ако сурат му знаете. Секако треба претпазливост, сеедно од кај се знаете
Ех,колку беше тешко тоа време за машките да си најдат девојче.Па поздрави по другари,праќање пијачка,суптилно доближување,па тоа удварање посебна умешност. Абе ова со социјални мрежи денес е рај за интроверти. Многу момчиња од срамежливост тешко добиваа шанса,да покажат колку вредат ,за сметка на разни шарлатани кој знаеја да остават многу девојчиња во солзи.
Не е до времето до личноста е. Ми се случило со некој да си пишуваме 2,3 недели, а во живо да не биднало ништо, и тоа дадов шанса повеќе дејта, кога не оди муабетот во живо тоа е, не можиш да смениш колку и да сакаш. Сум пишувала и неколку дена па ме канеле на кафе и одма сме кликнувале. Така да нема некое правило баш...