Леле беееее!!!! Детска радост! Убо беше шо бевме 'рает од умо' Сега туку му ја мислиме, туку калкулираме, сенкир ќе лансираме спејс шатл Ете ова. Не знајш каде и како ќе ја запознаеш личноста која е 'за тебе'.
Лелеее ова за во диско коа не се ни гледате, ме потсети на една другарка. Девојчево преубаво а сите дечковци што ги имаше беа кој од кој, абе модели. И само одеднаш ја гледаш со еден пресмешен дечко, да не ме сфатите погрешно дека коментирам физички изглед ама тогаш во мода беа оние фризури Бекам Спојлер: [IMG] Ама дечкото малку се занел и имаше ваква фризура Спојлер: https://www.cdm.me/wp-content/uploads/2018/10/3555710-AC5k6H7-1532164215-728-0b71a46d5f-1533198080.jpg Ама луѓе не сте свесни колку ужасно изгледаше исто како петел. И кога ја прашуваа абе што ти стана каде го најде дечконо, коа рече абе остајте ме темно беше не сум го ни загледала. Леле утрето коа излегов да се видам со него, кога ми се појави шлог ќе ме мавнеше. И не знаеше како да му раскине, па се влечкаа недела две и на крај му раскина. Да, си имало и тоа свои предности и свои недостатоци.Убавото е што одма можеш да видиш дали ќе кликнете или не па не се малтретираш со денови да пишуваш и да се замараш. Плус денес со социјалните мрежи имаш сосема друг впечаток за личноста додека не ја запознаеш. Па мислам дека после повеќето се разочаруваат кога ќе се сретнат во живо, затоа што најверојатно пред тоа си имале некоја идеална слика за таа особа а во живо ништо од замислата. Плус беше тогаш што ако не сакаш да те замара можш да му дадеш погрешен број и си го откачил. Сеа ќе те најде на секоја можна мрежа и ќе те замара. И на повеќето не им смета шо имаш слики со дечко/девојка. Или он си има слики со жена му и детето, ти пишува, ти не му враќаш, па и те напаѓа како си умислен/а што не враќаш Инаку во врска со прашањето - сметам дека се зависи од ситуацијата. Ако е некој што те познава и сте имале од пред тоа муабет неколку дена не се многу за да те викне на кафе. Или па ако си знаела дека од пред да имаш врска дека те свиѓал. Ама ако е некој рандом тип што не те знае во живо мене ми е малку нападно тоа. Ама добро тоа сум ја и не знам дали некогаш би се осмелила да излезам со некој непознат само на основа на допишување. Она ако пред тоа буквално не сум го видела никогаш.
Уф, на какви дејтови имам идено можам да пишувам и пишувам. Не знам дали е до моите критериуми или до тоа како некои мажулиња се однесуваат ама еве ќе издвојам пример. На чет мед и млеко, однесување 10 од 10.. Иде време за дејт, он од друг град, па од работа кај мене. Доволно е максимум 40 минути. Јас чекај саат време, саат ипол у парк, ај имам разбирање, може гужва у сообраќај. И таман си реков ај да си идам дома, почна да студи, само што стигнав дома еве го се јавува со триста изговори а у кај си те чекам на договореното место. Ајде правец назад, почнавме се убаво, типот се опушти, што му се случи не знам ама го извади од гаќи. Јас нервозна од потегот го гледам во очи и почнав да се смеам. Типот се засрами веројатно, го врати назад, и следните десет минути не зборевме. Му реков дека ми искрсна нешто од работа и морам да заминам. Од тогаш помина долг период, ниту порака бар за извинување, ниту ништо. Сега кога пишувам за ова, се смеам.
WHAT? WHAT? WHAT? Можам да ве замислам, ми доаѓа како сцена од некоја комедија како на времето Американска пита, е баш овој дел
Освен ако не си докторка, а тој да имал мака, или ако сте се договориле за да си ги покажите, за пријавување е.
Од нервоза се смеев. Обичен муабет, типов веројатно напален дошол, јас најнормално однесување. Имаше на времето твит: не врескај, кур е, не е нож. Ја немаат сите тие среќа ко мене. Најстрашно е шо е не е единствен ваков, се накотија манијаци, патем работеше во адвокатска фирма, можев ич како ништо да изгубам.
Да е само овај, на коњ сме. Проблемот е што има многумина кои си земаат огромна слобода. Затоа не верувам на ни едно машко, додека не ми докаже дека е вреден за верување. Ко ќе се изгориш на млекото и на мајштенцата ќе дуваш...
Јас им верувам на луѓето што ги запознавам. Не е фер да се пристапи со недоверба еден вид навреда е. НО! Дури и да официјално верувам не преземам акции кои ќе ме стават во позиција да зависам од тој човек. Безбедносна мерка за на почеток. Дури и еднаш да ме извиси ќе се налутам ама нема да престанам со контакт т.е. жолт картон втор пат има црвен е тој е траен и нема бришење. Генерално знам дека луѓето се глупи и не очекувам многу и не се нервирам ако се безобразени и нефер. Само нема да имаат многу шанси за тоа пак. Генерално мене речиси е невозможно нешто многу од друг човек да ме извади од такт. Знам дека има многу идиоти и немам високи очекувања од луѓето. Очекувањата е правопропоционални со разочарувањата така да ако е ОК супер браво имав среќа ако е срање тоа е нормално и очекувано. Битна е перцепцијата повеќе од резултатот за да бидеш среќен.