Од рандом небитни ликови не се разочарувам воопшто, што и да направат или кажат нивно си е, лошо е кога ќе се разочараш од некој што ти значи.
Емотивно инвестирање е слично како инвестирање во акции треба да се анализира личноста и да се одбере правиот момент за тебе и неа.
Ама ти си инвестирал кога акциите биле високи и во тој момент си проценил дека е во ред да инвестираш. Сите ние се менуваме и растеме, со тоа вредноста опаѓа или расте, а јас во тоа не калкулирав. На крај ги изгубив сите акции. И веројатно сама сум си крива, ама знам дека дадов се од себе.
Отсекогаш ми било селектирано, ама човек секогаш поаѓа сам од себе и не можеш ни да се посомневаш дека некој е способен да ти напраи такви ствари позади грб. Некои луѓе мн добро знаат да глумат и манипулираат, и на крајот ти ќе испаднеш виновен.
Никогаш не сум можела да сфатам што добиваат со глумење и манипулации? Среќа сигурно не, можеби егото ама ќе провалиш колку може да глуми, месец до два, тешко е ако се заљубиш во личноста која се претставува дека е.
Здраво имам едно прашање.Бев на прв дејт,ок беше муабет дечково културен фин,некако мн ме прашња ми постави во стил,Што работиш?,Со кого живееш,Што работат твоите,и мн др работи, дали е ова норамлно
Мене двајца ме имаат прашано на прв состанок што работат моите. Ништо лошо нема во прашањето. Се интересирал за тебе и за твоето семејство, можеби одеднаш поставил многу прашања ама јас не гледам нешто ненормално во тоа, некој друг може поинаку да мисли.
Па немаше молк убаво идеше разговорот, меѓутоа мн прашања такви па искрено и јас помислив така го интересира мојата финансиска состојба или можеби грешам
Теоретски може се' да е во позадина, ама да не тргнуваме веднаш со претпоставки, излези уште еднаш и види како ќе се однесува, дали ќе има и други 'сомнителни однесувања'.
Да идел у таа насока муабетот, па да се спомне кој што работи, ајде некако да разберам. Ама директни прашања што работат твоите, па уште и на прв дејт, мислам не е во ред.
Да и остана за сестра ми као у стил и она ли работи со тебе викам не не работи со мене работи таму и таму. Значи од страна сакал и тоа да го знае
Види, за човек како мене што последен дејт и било пред 100 години, не знам баш како идат работите хаха Ама сметам дека на прв дејт, треба нешто полабав муабет, да створиш некој општ впечаток за тоа каква е личноста спроти тебе, дали е пријатна, дали е позитивна.. Да разговарате за некои општи интереси, па дали имате заеднички па што ти ја знам. Ама што ми работи цела фамилија ,па може да се остави за понатаму. И мене ми личи дека проценувал дали на добро наидел
Како да го интересирала финансиската состојба. За мене не е културно да се поставуваат вакви прашања, особено не на прв дејт. Да те праша за тебе во ред е, ама да те испраша за сите твои што работат не ми е океј.