Квалитетот на живот е денес подобар на милион нивоа, во однос на било кое време претходно. Самата статистика за масовното зголемување на глобалната популација сведочи за тоа. Пред нецели 2 века, животниот век бил околу 40 години, денес е 70+
Неоспорно е сето ова што си го пишала и се си има влијание и тежина од напишаново а исто така и влијае врз моделите на запознавање и реализација на една од примарните нагони на одење на повисок степен од запознавање, продолжување на видот. Можностите, подобрениот квалитет на живот, сознанијата ако правилно се употребуваат доведуваат до промени и во овој сегмент и покрај другиве.
Две опции имаме: Или ќе ги 'преживееме' промените, како сите генерации пред нас Или ќе станеме една од 99% животински врсти кои некогаш постоеле на планетава, а сега се истребени. Да се надеваме дека првото ќе биде резултатот
Времето ќе ни поточно ќе им покаже на идните поколенија. Додај ја и роботизацијата и можностите за хибридни облици и некако веројатноста за истребување ми се севдува до минимум, ако не не мавне некој астероид пуштен од специфичните положби на планетине и небесниот свод над нас... Филмови правење, Холивуд не ни е рамен, а се започна со Американската пита. Шалата настрана убаво е пишано погоре, да им се чудиш на умот и што ги тригира за такво девијантно однесување.
Футурама...многу футуристично делува ама ете нека лебди во воздухот како можна и отворена опција од иднината.
Кога почнав да се смеам, ме праша зошто се смеам и го врати назад. Ќе го пријавев, ама не сакав да се занимавам со полиции и такви срања а типов у адвокатска фирма стажираше ќе изгубев ич како ништо, ги знае законите, дупките, се и сешто така да...да беше некој друг, мал проблем ќе беше пријавата. Ми беше криво, дечково ги имаше сите критериуми што барав од некој, ама со тој потег се пропадна у вода. Мажињава денес се...
Мислам ( не осудувам да потенцирам) дека 80 % од личностите кои ги има по темите, брачни совети. свекрви снаи золви и сл. се на ваков начин запознаени. Он лајн. Чатувале 6 месеци, се виделе 6 пати оп помина година. Важно биле во врска 1 год. Мн е тешко кога ќе му го увидиш правото лице по долго време.
За смеењето често се случува при непријатни ситуации. Јас пак првично би се здрвила, а потоа кога ќе си дојдам на себеси можеби би го оттурнала, би му се развикала, не знам најточно што ама многу би ме разбеснила ваква навреда. Друго ме потсети уште како тинејџерки другарки си се предупредувавме ако низ парк шета некој ваков сексуален манијак кој ти се соблекува гол за да те исплаши и кога ќе ти ја види таа застрашувачка реакција се восхитува на тоа. Тогаш слушав дека ако му подвикаш на таков се заплашува и бега. Неговово што го опиша ме потсети на ова, а колку ги има вакви сексуални перзерзњаци помеѓу маживе страшна работа. Друго што ми е алармантно жена што вака би направила одма има етикета нимфоманка, ваква таква, а за маживе позатскриено е тоа. Некако како жени како да премолчуваме, избегнуваме да пријавиме, а треба да се има регистри од вакви потенцијални сексуални предатори.
Ехее... сега е милион пати поарно... Кога имав 8-9 години, комшијата се соблече пред мене. Возрасен човек, со внуци, на пола од мојата возраст. И' кажав на мајка ми, а и баба ми беше присутна, ми одговорија: “Кој? ******? А, тој таков си е. Игнорирај го“ Well fuck me! Ако тоа не беше 'легализирана педофилија', јас не знам кое е?!
Тоа ти велам подобрен е квалитетот на живот и подигната е свеста за вакви девијантни појави. Порано колку преминувале и во повеќе од соблекување гол, ама ќе се преќути, заташка... Изминативе години нели имаше случај со Бејби и девојчето, веднаш алармира, се преземаа мерки. Страшна работа е ова, ама никако премолчување за вакви нешта. Потполно си во право дека е подобро од порано, не ти лајкнувам зошто многу гнасно ми паѓа и многу револт ме фаќа кога читам за ова.
Девојки итно ми треба совет немам со кого да разговарам се чувствувам изгубено.. Моите не се согласуваат за дечкото со кој го сакам и ме сака,не бил тој за мене во никој случај...а јас реално не можам поинаку, тој со кој тие би сакале да бидам и е супер детето со добра работа успешен..немам со него хемија и такви ствари..за повеќе од пријател ми оди тешко да го гледам.. Ни ваму ни таму сум..не можам ништо да решам затоа што родителите ги сакам поќе од се и не би можела да ги гледам срушени несреќни бидејќи посебни се и на прво место во мојот живот и душата ќе ме боли ако ги видам тажни и разочарани од мене после се што направиле за мене.. А јас низ иста тешка ситуација поминувам, многу ми е лошо , ми се повраќа имам мачнина бидејќи не е ништо решено а и не гледам реално решение.. Молам за совет..
Ваљда че се одлучиш да ги слушаш родителите, по извесно време, можеби се во право или не. Но едно че ти кажам... веројатно ти че делиш куќа, вагани, чорапи, воздух во куќа шо ќе живееш со сопругот, а не твоите, така да покажи став дека си самостојна и знаеш што сакаш во животот. Ова ти го зборувам оти јас бев на страната кај шо не ми дадоа воопшто шанса нејзините родители.
Бракот, освен што е формирање на емотивна заедница е и формирање на финансиска заедница, мој совет ти е послушај си ги родителите, љубовта ја снемува кога ќе немаш за јадење и сметки да си платиш, не се живее од љубов, после некое време се е навика, а и секогаш можеш да си најдеш швалер за љубов.
Различен ранг,образование во семејствата да речеме.. тие сакаат на мое ниво високо образован што сето тоа е океј АМА..
А што мислиш дека ако вие овде и речете биди со тој што го сакаш, остави ги родителите и тоа што мислат настрана, дека ќе ве послуша? Само и го кажав тоа што и го кажале и нејзините освен тоа дека може во секое време да си најде швалер, тоа е од мене
Секој родител ваљда мисли најдобро за своето дете. Ама имај на ум дека родителите еден ден ќе ги нема, а ти со избраниот партнер треба цел живот (у најдобар случај ) да минеш. Љубов секако не е доволно. Треба да работи, заработува, да биде амбициозен за да може да крпи фамилија еден ден. Не мора да биде од којзнае каков ранг, или којзнае како образован за да биде успешен. Ако тоа е условот за добар партнер. Не знам твојот дечко каков профил на човек е, ти најдобро знаеш. Ама дури и ич да не го бива, не се родителите тие што треба да ти бират партнер по нивна мерка. У никој случај.