Не знам колку години имаш девојче, но кажи им на твоите да погледнат во календарот, векот каде ќерките ги трампаа како крави за престиж на фамилијата помина. Не ти го знам дечкото, можеби твоите се во право, но тоа треба ти да го видиш. Никако немаат право да ти одбираат партнер, посебно ако вистински се грижат за твојата благосостојба а не за нивниот углед. Запрашај се само дали би биле твоите тука за тебе доколку наместениот брак не се погоди. Дали би им било сеедно ти да си несреќна само за они да бидат горди пред комшиите. Што и да направиле за тебе како родители тоа им било обврска нив, никако не смеат тоа да го користат за да ти го диктираат животот. Ако те родиле и израснале, не значи те поседуваат. Ако можеш дистанцирај се од сите, и дечковци и родители и најди начин да работиш на твојата независност, само тогаш ќе знаеш најубаво што е најдобро за тебе без ничие влијание.
Дали дечко ти е амбициозен, дали работи или чека мајка му и татко му да му даваат пари? Добро размисли дали дечко ти е за тебе, можеби твоите родители се во право. А ти од што се слепо заљубена не можеш да ги видиш убаво некои работи. Од љубов не се живее, ниту би било нормално ти да работиш и цел живот да го издржуваш, а тој да не сака да работи и да напредува во животот.
Можеби се во право. Ама делот каде што они веќе и одбрале некој, е тоа не можам да го сварам. Можеш како родител да кажеш мислење ама не да ми бираш дечковци, како погоре пишано, да ме трампаш ти мене за угледот да ти се задржи. Чиниш пак тие од кралската лоза се.
А ова за образованието, чиста глупост. Мој будучи маж, едвај заврши факултет, не ни работи по струка па од мене образованата дупло повеќе плата зима
Исто , а повеќето образовани шо ги знам може вода да му носат . А едно образование шо нѝ вреди во државава пааа.... Секој шо си мисли дека е престиж да имаш диплома стана магистер, а повеќето не знаат две реченици да сврзат.
Тоа им е побитно од твојата среќа?Па браво искрено немам коментар .Самото образование не е клуч за поуспешна професија или повеќе пари .Нема што да ти одредат тие ,ти сакаш еден и до таму .Да речеме бираш меѓу двајцата ок би било но ова е насилство не попуштај тие да бираат за тебе .Твој живот твоја работа
Ниту мајка ти, ниту татко ти нема да дели кревет и да гради живот со тој што ќе биде со тебе. Така да и да се зезнеш подобро да биде твој избор, а не нечиј друг. Бдв дете си им нема да ти се лутат вечно, ако мислат па дека неможеш без нив, покажи им дека можеш. Ако ти треба инспирација види ја девојката/пеачката на Eye Cue.
Не сум чоек шо мисли дека треба да се бориш за љубов по секоја цена и дека не треба да слушаш никој. Од причина шо некогаш луѓето од надвор можат подобро да забележат и да ти посочат некои работи кога си заслепен (барем оние кои ти мислат добро, а не љубоморни и завидливи). Ама ако само образование и ранг се причината тогаш глупости. Едно е да не сака да мрдни од стол и да работи, друго е да има можда помалку школо ама да е вреден и да работи. Оти чоек шо е вреден, ќе се снајди. Можи да е образован или да ги има парите на тате, а денар дома да не носи. Ако е океј чоекот, ако си сигурна, ќе ги седниш родителите и да им објасниш. Ако имаат друга причина нека кажат, ако не, тогаш не знам зошто би ти стоеле на патот. И не знаеме каде ќе не' однеси животот. Има работи шо можи не се менуваат, ама има и работи шо денес се вака, утре поинаку. Мислев дека во денешно време нема вакви работи. Изгледа секогаш пара на пара се лепи.
Го делам мислењето со тебе... Друго е запознавање во живо, друго е онлине па чат ова она... И на третиот ден ај на кафе... И јас не би.... Може и до нас е проблемот долга врска не изгорела троа(троа повеќе) па сега попретпазливи сме....
Повеќето мислења онака општо се зема во предвид секогаш твоите родители шо работеле и дали се разведени или не. А повеќето мислења вака што сум слушнал кога правиме муабет или се оговара некоја X личност се вели ами нормално е сите тие богати и така си оди... Јас се земам за предвид и отворено кажувам оти стварно го искусив нештото, и ме нервира фактот што не ми ни дадоа шанса воопшто пошто потекнував од разведени родители и и зборувале демек јас сум бил насилен тип. -_- И пошто имам болен (ментално попречен)брат, ваљда и такви деца би имала. (ова искрено и јас во теков на животов го размислувам и не сакам да го доживеам, сум размислувал и да проверам генетски дали и колку се шансите), и ме докрајчи ко го слушнав ова, ама што е тука е... Никогаш материјалистички не ги гледав работите, ама мајка е еднаш и имаше искоментирано демек ламбава е само 50 долари ( проверила колку пари е, оти и купив онака подарок шо беше ко месечина).. и ме изнервира и и реков, а мајка ти и немаш кажано еве пошто се секира што колку пари е, колку време работев само за таа златната белезица шо ти ја купив за роденденот (кошташе 200евра)? Заеби има милион пример, и најдобар/најдобра да си ако се решени да те оцрнат че те оцрнат..
Ниту е лошо што твоите се разведени ,тоа апсолутно не те прави помалку од другите ,туку ти самиот кој си што си твоите ако се пример странство може ти не сакаш а за болести ма немој требало да им речеш а какви болести имате вие во фамилијата?Тоа само Бог знае зошто како,и недај боже никому .
И кажав јас на начин да сфати убо, пошто за докторка студира, и за нејзините аномалии и шо и се има случено во живото знам и никогаш збор не и реков лош и ја прифатив таква каква што е, ама на крајот ја потсетив. Небитно, само изнесов еден пример што ми се случило до кое дереџе можат да одат луѓето.. Јас за себе знам секогаш дека сум со крената глава и не сум мрзелив и да чекам од некого нешто.
Почнав да се гледам со еден во декември. Некаде март месец се случија некои работи и некако се одалечивме. Потоа, во мај месец тој беше првиот што пак ме побара и ми рече да продолжиме пак, дека сфатил каква личност сум, дека му е тешко без мене. Од тогаш па се до некни, беше одлично. Комунициравме за се и сешто, на секоја тема, се гледавме и беше баш се како што треба. Некни тој беше испаднат со другарите и ми пишува кај си, да дојдам да те земам, дојди со мене. Јас му реков дека сум со другарките и ако сакаат да се дружиме сите после тоа. Веќе беше касно, јас бев дома, тој ми ѕвони и ми вика ќе дојдам да те видам на 5мин. Океј, јас испаднав, правевме муабет, без разлика што беше во пијана состојба. Само што стигнав дома, ми пишува: јас не можам веќе вака, ти многу ме потсеќаш на бившата, не сакам да се гледаме повеќе. Се се сруши во мене буквално. Дали до сега бил со мене само да ја заборави и пак не успеал? Дали ме користел? Значи стварно, не знам што да мислам, како гром од ведро небо.
Се прашувам зошто влегуваат во нешто што претходно не го преболеле и би проектирале работи на некој недолжен....
Овој не е од мочковците. Овој е од помочковците. Да си најдеш друг што ќе те почитува, сака и ќе излегува со тебе, а не , да те собира одкога ќе се испијани со другарите. Не зборувам повеќе, ќе ме банираат
Знам оти ти е мака моментално, ама верувај ќе помине. Дошол, ставил крај, навел причина и тоа е тоа. Не се оптеретувај со анализи зошто како. Ако нешто научив у животот е дека, колку и да е клише, се' се случува со причина и дека стварно кога една врата се затвора, друга се отвара, најчесто за многу поубави работи.