Едно прашање до девојчињата. Буквално последните 4 со кој искочив годинава е оваа ситуација: 1. Има врска од 5 години а крие, нема ниедна слика заедно, ми пишува секој ден, се гледаме скоро многу често ама ја дознавам дека има дечко пошто ја фатив, ме дрибла ме шантра и пак продожува лабаво да пишува дека и фалам глупости за мали деца. - Ја блокирав пошо сака и со него и со мене 2. Има врска од 3 години, излегов неколку пати и пишувавме 2 месеци. Наоѓам слика на фб со машко, вика не и е дечко. Става уште една по некое време (Ама никако на инстаграм). Ја блокирав 3. Не е во врска ама излегувам и осеќам дека и пишуваат, ја прашав што е директно ми кажа се гледа и со други, значи остај ја да се глеам со други машки а коа ке ми биде досадно дојди. - Блок 4. Ја запознав во клуб и се гледавме, и ми вика абе ја сум мажена и имам фамилија. - БЛОК! Мајко му стара или таква среќа иам што такви ми се паѓаат или женските ептен станаа калаштури. (со исклучоци секако, има предобри девојчиња) Не дека машките не праат глупости ама ова е дојдено што не ни вреди чоек да планира за брак/врска. И така се лупаат сите кој како стигне без грам морал. Или ја забегувам или живеам у 18 век коа очекуваш грам лојалност.
Да да, сега дефинитивно е обратно. На добар другар што го знам од мал, му кажав дека го вара и му пратив слика сеа не ми збори. 21 век све е сменето
Можеби ти е таков период што привлекуваш личности кои не ти одговараат во животот, знам од искуство кога не бев океј се будала никако салам по мои стандарди е после кога се средив се си дојде на свое место. Мое мислење е дека се иди од нас каква енергија пуштаме, кај тебе можеби е потсвесно, таква добиваме. Си постапил супер што си ги блокирал оние кои не ти одговараат - селекција на луѓе и не не живееш во 18 век само ги немаш сретнато вистинските. Не брзај се ќе биде. Good luck
И во машкиве има од истиве 4 вида, па еве не мислиме дека живееме во 18ти век туку тераме даље. Ајде, го можеш ти тоа! Само напред.
Може треба да го смениш клубот Ако идеш по турбофолк прчвари, не знам што очекуваш да најдеш Рашетај по покултурни места, па пиши доживљај
кој ти ја прати? Колку сте одвратни значи... Немате никаква почит, кон туѓа приватност. После: Зошто се случи Телеграм? Ами се случува еве секаде, не мора да е на Телеграм...
Ова не е ни блиску до ситуацијата со Телеграм. Ако ја сликнале додека била со друго машко и го изневерувала дечко и, тогаш ако и е. Секој шо изневерува треба да биди разоткриен.
Здраво на сите сакам да споделам еден проблем и да побарам совет значи вака веке година ипол бев без врска немав односи имам хроничен циститис и стално сум со болки периодов запознав колега од работа што беше доста помлад од мене 8 години он доста време поминувавме заедно како другари излевавме на кафе и ми имаше кажано дека мусе допагам али јас го одбив заради разлика во години. После некој период јас почуствував чуства и сакав да бидам со него откако муги признав чуства он ми кажа дека се гледал со некоја али нему била сериозна а мене бидејки многу мисе допагаше решив да имаме авантура откако се смувавме јас непрекинато мислев на тоа дури неможев дасе фокусирам на работа кога кего видев , се договоривме да имаме секс ама јас предвреме му казав дека несакам да биде само за краток период туку да трае и кога дојде момент и ден да имаме беше големо разочарување за мене откако имавме однос кој траеше премногу кратко он ми кажа дека неможел да сврши бидејки минатата нок имал секс со женска му мене ми стана премногу тешко и после така седевме пиевме кафе и јас си заминав од таа ден он почна дане ми пишува пораки данесе јавува само кратко пишеше мене ми беше страв даго прашам бидејки предвреме знаев одговор ама собрав храброст и го прашав зошто го нема да пише што се случува и ми кажа дека е најубаво данесе гледаме несакал даме повреди подобро само колеги дасме биле и сеа незнам што да правам претешко мие а добив и болки од циститот и се осекам катастрофа кеве замолам совет
Па кој ти е крив што си се плеткала со зафатен дечко. За да не се осеќаш катастрофа следниот пат најди си слободен дечко.
Што совет сакаш? Ако не те сака, убавина со сила неможе. Има еден куп слободни мажи, за еден ли ќе плачеш.
Тој и рекол дека не е во сериозна врска. Што воопшто имал однос со девојчево, за да после ја откачи? Се поигрува очигледно
Е добро де, сигурно дека сега ќе е и тешко. И тој лошо постапил. Со тек на време, ќе заборави на случкава.