Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Не го променувај не стварај од негоо друга личност.. можда нема финансии за да искача или едноставно сака така да праи да седи у маало и да глеа фудбал..тоа си е негов избор.. кажа дека долго време сте заедно чим до сеа си го прифатила таков каков што е нема потреба да го мењаш само затоа што тебе не ти се допага тоа што он не искача и слично ако не ти одговара чао пријатно ке му кажеш и живот иде даље... мада си кажа дека не ти забранува.. па тоа е супер бе девојко .. иди со другарките забавувај се журкај се до сабајле .. нема поубаво нешто од слобода во врската.. можда самиот со тек на време ке свати дека и он треба да излезе у град со тебе или со неговото друштво.. но чим ти ја дал таа слобода.. искористи ја се дур не ти станала врската уште повеке монотонична.. :)
     
  2. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62


    Идете 10 месеци мислам дека за тие 10 месеци една врска помеги двајца има доволно доверба изградено.. зашто сумљаш у него? Он ако сака да те извара.. тоа ке го направи било каде .. може и сега да те вара.. ти кажал ете на пример спие или слично од кај знаеш дека не е со некоја друга.. 10 месеци не се малце за да го процениш некого каков е .. и да стекнеш доверба во него се надевам дека вие си имате мегусебна доверба.. но не му забранувај .. вака или онака порано или подоцна се се дознава .. ти нема да идеш на одмор од кај да знае па он што ке правиш ти .. исто можеш да се журкаш сабавуваш до сабајле.. така да уживај ако нешто треба да се деси ке се деси било каде :)
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Нати кога веќе сте блиски, претпоставувам дека може да разговарате за било кој тема, па така сследен пат кога ќе се видите започнете разговор за излегување, шетање и сл. Пробај да се најдете на средина, направете компромис, да не биде дека ти него го тераш нешто што тој несака, или дека ти трпиш нешто што несакаш.
    Јас зборувам од искуство, и Петко мој не е многу по излегувањата но јас му кажав дека сакам да шетам, а тој вели дека несакал гужви, турканици и сл. Се најдовме на средина како што кажав и излегуваме на некои места каде нема многу луѓе или ете некогаш ако ми е толку мерак ќе му кажам дека јас сакам да одам во дискотека со него а не со другарки. Досадно ми е дома да седам по цел ден и сл. и ете се “промени“ на некој начин, почесто излегуваме, поретко по дискотеки и слични бучни места но пак излегуваме.
    Кажи му на твојот дека имаш само 17 години, претпоставувам дека и тој има толку и дека сега е времето кога треба да излегувате да се забавувате ако не повеќе еднаш неделно. Кажи му дека едноставно ти сакаш да бидеш со него, но таквото функционирање те гуши, и едноставно ти не се пронаоѓаш во една толку мирна и на некој начин сериозна врска на само 17 години.

    Далитил17 нема потреба да паничиш ако тој оди со другари, кога неможе со тебе зошто да не го искористи летото и да истера одмор. Твоја грешка е што 100% си му се посветила нему, што си ги одбила сите понуди, па имаш само 17 години, во ред е да бидеш во врска, но во полабилна, каде ти ќе си го живееш својот живот и паралелно ќе бидете во врска.
    Доколку се сакате, и си верувате не верувам дека тој би те изневерил, ако има таква намера може тоа и во Скопје да го направи немора да оди на страна. Не е ништо страшно тоа, јас сфаќам дека ти е тешко и со недоврба гледаш на работите но според мене треба да си дадете повеќе слобода и да си го изживеете ова време.

    И двете имате време за врски, толку сериозни, она што нема да можете да го вратите се овие години, а врските, дечковците и затварањето дома во тесен круг на луѓе кога тогаш само по себе ќе си дојде.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    нее не ми е само за варање, секако се сакаме и имаме доверба еден во друг.. но нешто ми вика дека не треба да иде.. не дека јас сум се запуштила и од кога сум со него не сум искочила сама со свое друштво или тој со неготово.. но сепак.. незнам.. фала на советите ќе рамислам поубавоо..
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.912
    Пол:
    Женски
    Морав да се самоцитирам. Откако му реков да не брзаме со одлуки, тој се налути, демек не му се чекало многу време, сакал да знае на што сме. И вчера вечерта,доцна беше, пак ми се јави, првин онака бош муабет, и требаше да зборуваме за ситуацијата, што и како да биде. Наеднаш ми вика, ми се спие, не сум расположен за таков муабет сега, а цело време пред тоа инсистираше. Добро му викам, утре ќе збориме. Сега се уклучив на фб, и ми кажува дека ќе оди на пивофестот, го прашувам со кој, вели со екипи и се смее. Ништо не спомна за разговор, не спомнав ни јас. Ако му дошло до забава,слободно нека се фура. Само не знам кој му е филмот сега, дали чека јас да почнам муабет или сака да ме нервира со неговото ладно однесување? Совет?
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нека не те нервира,не почнувај муабет за тоа што се случило,чекај на него а биди сигурна колку и да се прави дека му е сеедно не му е да не почнете да се карате па да те обвинува тебе.Ако отишол да се забавува оди да се забавуваш и ти,мислам заслужуваш отколку да седиш овде и да се нервираш.
     
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    еве сега пак ме изнервира.. значи јас сум на пиво фест и вчера касно вечерта му се јавив да се чуеме и он тогаш околу 3 саатот ми кажува дека во 12 саатот ке бил прилеп .... јас значи кај се вратив касно и секој саат се будам да го гледам саатот со грижа да не стигне да го пречекам око не склопив со душа чекав да го видам.. помина 12 и нешто и решив да видам до кај е. ми пишува дека покасно ке дошол! ок послем ми се јавува ми вика околу 4 ке тргнел и јас му викам епа ај дојди порано те молам и он ми вика епа не можам порано.. и уз муабет ми вика и дрштвото ми е таму вика па послем се враќам со нив.. и јас одма му реков добро де ти доаѓаш за нив а не за мене.. и он се изнервира и ми вика те молам сеа не напињај не е така само ти кажав со што ке се враќам!!

    и нормално дека мислам дека заради нив иде затоа што јас планирав денес сабајле да се враќам а останав затоа што ми рече дека ке доаѓал.. и да не му се јавев јас кога ке ми кажеше он дека доаѓа?

    многу се нервирам затоа што ич не се труди се на него најважни му се пријателите, домашните.. сум била многу рационална до сега но ова е премногу :(
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    На 17 год. да ми забрани дечко или некој да не идам на одмор луд ќе го направам. Па тогаш ако не се забавувате кога? Ај олабави се малку, тебе ако не те пуштаат да одиш како смееш да го ограничуваш него? Да сум на негово место ќе ти раскинам искрено, несмееш да го ограничуваш... а ти зошто не си одела, тој ти забранувал? Ако ти забранувал си требала да раскинеш, не сте ми јасни на 17 год. со забраниве, ај повеќе живот помалку замарање.


    Хепигрл и сама кажа дека не се чувствуваш исто, ете додека тој не почне да прави муабет забавувај се и ти, остај да видиш како ќе ти биде малку без него, ти со твое друштво тој со свое. Не го барај одалечи се малку за да ти се разјаснат чувствата на тебе. Ако сфатиш дека сепак го сакаш разговарајте и направете некој компромис, нека го смени понашањето со тие испади и дерења. Во спротивно ќе си најдеш некој што ќе те почитува доволно како што заслужуваш ;)
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    А кој те прашува тебе за дозвола ? ! :^) Мислиш го поседуваш ор ват ??? Ако сака да оди ќе оди , ако сака да те извара ќе те извара , ако сака да те откачи .... Такоџе
    Биди среќна што си е таков искулиран и и не ти прави драми ако ти посакаш да одиш па девојче не можеш да го врзеш до тебе . Не ти е тој домашно милениче :!:
    Не го замaрај и напнувај со вакви љубоморни испади , зашто единствен ефект кој можеш да го добиеш е НАпорна си ! КРАЈ ! Освен тебе тој си има и ЖИВОТ а и ти би требало да си го створиш ... :!: :?:
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Леле ама ја осудивте, па добро човек е, нормално дека ќе има доза на љубомора јас потполно ја разбирам и јас би постапила така во нејзината ситуација, а и ретко кој би му рекол со драга воља `оди, не ти забранувам`. За 17 години 10 месеци врска е многу, нормално е дека се плаши да не го изгуби.
    Незнам што совет да ти дадам, да ти речам не се замарај џабе ќе биде, да ти речам пушти го нека оди не сум јас таа што треба тоа да го направи. Единствено е да ги замолиш твоите да те пуштат на одмор. Ако не бива, ќе мораш да подголтнеш, јбг, мене дечко ми ме пушти да одам во војска ехе и тоа рачунаше дека 3 месеци ќе бидам таму меѓу мажи :) Земи го како пример, дека немора да значи оти нешто ќе направи таму.
     
    На thelittle17, plavusaaa, mysterious и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски


    Во ред де !! :doh: Нека биде така како што сака тој!! Ти сигурно таму имаш друштво, па немој да ги откачиш нив заради него!! :fubar: Нека си оди кога сака и со што сака! Како сака он, така нека биде...а ти биди си кул онака како да не ти е гајле! ;) Кога ќе ти рече си одам, ти аха ок важи. Не реагирај бурно, само опуштено, па нека се замисли малце зошто тебе не ти е гајле, зошто не реагираш така како што си изреагирала на телефон!! ;) Којзнае која идеја му шета сега низ глава па демек ти си таму сите овие денови, еве и јас ќе дојдам ама па не идам заради тебе - идам заради друштвото, што нема врска според мене...Колку што сака да биде со друштвото, толку сака да биде и со тебе!!
    А, ти кажуваш дека ти смета тоа што се друго му е поважно од тебе?! - Па дај му го тоа до знаење!! Кажиму, разговарајте. Ако не се смени ништо е тогаш почни "своја политика" и ти смени го своето мислење, па обрнувај им повеќе внимание на другарките, на твоите... :*
     
  12. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Пак јас :( Значи да не се повторувам ме сака го сакам идеме 2 год но имавме бурен период и многу проблеми ..
    Сега овој е најновиот : Дознав нешто за него и му го кажав (што ми требаше) и ми вика не е точно кажи ми кој ти кажа и јас нормално не сакам да испаднам тужибаба и му викам не ти кажувам не е важно и ми вика додека не одлучиш да ми кажеш не ми се јавувај му викам никогаш нема да ти кажам и вика епа никогаш не ми се јавувај :o и сега .. Што понатаму ? (ако му кажам кој ми кажа ке оди ке го праша ке се скарат и ке му кажат нешто за мене што уште толку ке ја влоши ситуацијата, а ако не му кажам нашата врска ке отиде во Аут..) имате некој совет за тоа ? :(
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    После тој бурен период, валда ви се намалила довербата еден кон друг. Ако сакаш да биди искрен со тебе, и ти мора да си искрена со него до крај.
    Така, пак процени, ако нема да имаш големи последици, тогаш кажи му кој ти кажал, под услов дека нема да се кара со тој што ти кажал.
    Од друга страна, ако нештото не било вистина, немало тој толку да избувни и да ја направи големата. Со мирен тон разговарајте, да ти објасни дали `трачот` е вистина или не.
    А, ако за една таква работа и стварно не сака да го бараш (додека не му кажеш кој бил), навистина човеков претерува малку. наместо после бурниот период да биди малку посмирен, потолерантен, продолжува некако по старото...
    Тука запрашај се дали некогаш и вистински работите ќе можат да се средат меѓу вас, и дали вреди да бидете заедно.
    со среќа :)
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Подобар совет од тоа-да му кажеш нема да добиеш,каде некоја неизживеана будала му полни глава со глупости и тебе и него ти ке си кутиш и ке дозволиш да ви отиде во пропаст зошто не сакаш да бидеш тужибаба.Тохгаш ке трпеш и ке го чекаш да ти се јави.Или му кажи или се збогувај со него.Друго нема што да ти кажам,ти дадол шанса сега ти не ја користиш.Епа искористи ја бе чедо,не им прави мерак на другите да ве гледаат разделени ;)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WinterCranberry

    WinterCranberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    [mod-reklama:3fnkt67a][/mod-reklama:3fnkt67a]
     
  16. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    450
    После врска од една и пол година се разделивме бидејќи во нашите разговори за иднината имавме различни гледишта. После неколку тешки разговори (и за двајцата) нашиот однос стана недефиниран, јас чекав некаков одговор,му дадов на знаење дека тоа ми е многу важно и му направив притисок, по што тој почна да избегнува да комуницира со мене. Од тогаш поминаа скоро 8 месеци,не се раделивме со некоја кавга, едноставно почнавме да не се гледаме, а потоа комуникацијата ја продолживме другарски. Ама после љубов другарство не е можно, посебно ако има уште чувства и немало никаков конфликт, само некои работи останале да висат во воздух. Последниов период кај мене чувствата се многу посилни од кога и да било и се обидував да се сретниме и да разговараме. Кога прв пат му пишав таква порака се погоди за 2-3 дена да заминува во странство и ми пиша дека ќе се видиме кога ќе се врати. Тоа траеше малку подолго отколку што мислев и тој уште не беше вратен, а јас заминав на одмор кој претходно ми беше планиран. Во тој период си пишувавме пораки. Кога се вратив одма му кажав и очекував да ми речи да се видиме, ама ништо, па пак јас го прашав кога можи и не добив одговор.... неколку дена го снема, го начекав случајно на ФБ и го прашав зошто не ми одговори на пораката, но добив одговор да се смирам малку и наеднаш да не правам од ништо – нешто. Многу ме изнервира бидејќи и друг пат знае така да го снема, но се воздржав, пишав добро не е важно, убаво помини си го денов и чао. Имам чувство дека не е рамнодушен, ама избегнува да разговара со мене. Неколку пати му имам речено да ми кажи ако му смета моето јавување или пораките одма ќе престанам, но тогаш ми вели дека сум луда ако мислам дека е така, но од друга страна иако знае дека јас сакам да сум со него ме држи на дистанца, а јас навистина полудувам од вакавата ситуација. Сега сум решена да не му се јавам или да му пишам додека не пиши тој, ама неизвесноста ме убива, посакувам да се сретниме, јасно да ми кажи на што сме и каков и да е исходот ќе се помирам, а вака можеби залудно си се надевам... Што би правеле во оваа ситуација? Мислам не ми останува многу освен да се стрпам и да го чекам неговиот потег, ама верувајте и во моментов ми иди да му се јавам или да пишам.... па наместо него решив да пишам овде :)
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Не кажуваш кое било твоето барање, за што си му извршила притисок?
     
  18. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    450
    Барањето се однесуваше на заедничката иднина, не би навлегувала многу околу тоа, но еве вака воопштено, тој има проблеми за кои мисли дека ќе бидат пречка за иднината, а јас мислам дека тоа можи да се надмини, но тогаш бев малку „идиот“ и настапив со зборови дека тој мора тоа да го надмини и мене тоа многу ми значи. Сега сум свесна дека и самиот тој се бори да ја надмини таа ситуација, а по овај поминат период гледам дека мене и нема тоа толку да ми смета,ама тогаш како што кажав се испонашав или – или...
     
  19. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Покрај проблемот со бившиот, што не е и баш толку битен проблем, имам друг проблем.
    Се запознав со еден дечко, мислам го познавав од истиот град но немавме муабет, од одамна ме имаше додадено на фејсбук и така си стоеше неколку месеци, но се реши да ми напише и ме покани на кафе, се запознавме добро и се беше ок. Вториот пат кога излеговме се смував со него симпатичен ми беше. Но не знам што бидна со чоеков почна чудно да се понаша. Ме викна да се видеме уште еднаш, ок му пишав ќе се видеме, се договоривме каде и кога, но еден сат пред да се видиме ми пиша дека не може да дојде имал нешто работа, ок нема проблем му пишав ќе се видиме друг пат. Ете го другиот ден, ми вика сакам да се видеме во 6 и нешто часот, ок му пишам ако можам ќе ти кажам. И му кажувам јас оти имам само пола сат време да се видеме и ми вика, не излагам сега покасно ќе излезам. Покасно му викам јас не можам, да не те чекам значи? Не чекај ме ми пиша.
    Ми дојде нешто сумливо, си реков овај со мене се игра. Па му пишам „ти се играш со мене ?“ ми пиша „Зошто мислиш така?“ па му објаснив зошто и еве има веќе два дена кај што не ми пишал ништо ниту пак јас него. А ме виде вчера во град и зјапаше како луд. Не знам што се случува со чоеков ? Што е проблемот ? До толку веќе да згрешив и ништо да не ми пишува ? А навикнат беше секој ден да штампа смс :)
     
  20. Hannah

    Hannah Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Јас имам една другарка таа е вљубена во едно момче кое досега си немало девојка...замислете има 20 год.Незнам како се случило тоа да се заљуби во него бидејки живеат преку една улица..но момчето на изглед е фино и потекнува од богато семејство но таа постојано му се додворуваше и тој само кога се сами и велел дека многу ја сака а кога се во јавност не ја ни познава...пред неколку часа седевме со паркот и тој почна да ја тепа без причина и тоа со силни удари..да не бевме ние и неговите другари којзнае што би можело да се случи..таа беше лута и плачеше но не знаеше како да каже на свотите родители....јас ја посоветував да каже на родителите и во моментов незнам дали го направила тоа..што мислите вие дали оваа врска има некаква иднина ???