Tipichen mavtach, a i ti ne si trebalo da imas bilo sho so nego, kogs otvoreno ti kazuva deka ima i druga. Zarem nemas samopovit malce i da se osekjas glupavo deka mavta toj pojce licnosti ?
Направив нешто, односно донесов една лоша одлука поради лековерност која што ме кошташе малку повеќе пари и испадна да немам пари за уште неколку дена во месецот да ги поминам, и му кажав на дечко ми за тоа, и он наместо да ми биде поддршка ми рече ако ти е, седи гладна ќе ти дојде памет за друг пат.. Не сум трошаџика, ептен сум максимално штедлива, ама ова ме разочара, зарем е можно толку да не ме запознал и на прва грешка ваква за ми рече гладувај за да ти дојде памет..
Не е ок. Секако во најтешко треба партнерите да се најдат еден на друг. Но, сепак ти очекуваше да ти уплати теретана само зошто ти сметаше дека он треба да ослабне, па вистинската причина за неговата постапка може е друга.
Да не сте кратко време заедно, во кратка врска никој не би дал туку така пари? Реално во врска никој не е должен на никого да го издржува, да му плаќа и да му дава пари, се тоа е на добра воља на партнерот...
Неколкупати те имам читано во темава како бараш совет, членките те советуваат добро и ти не ги прифаќаш нивните совети. Што кога јас и уште еден куп други ќе ти речеме раскини му, кога ти нема да нѐ послушаш. Ако ти годи да те понижува така слободно продолжи со него, не е наш проблем тоа. Спојлер: Реалност во облик на виц На жена и десет совети да дадеш таа ќе го послуша 11-тиот, нејзиниот. Не мора пари, сѐ што требаше да ѝ даде е поддршка. Не да ѝ кажува "гладувај си". Мада нормален партнер би помогнал колку може и во финансии, но ајде нека не мора да значи.
Не очекувам да ме издржува, имам за јадење и платено сметки се, само немам пари во мене, и онака му кажав, воопшто не ми беше во план да му барам пари или па да ме издржува ама таков однос, ама седи гладна да ти дојде памет, не очекував да ми рече..
Се уште си стојам на фактот дека ако сака да ослабе треба и на мене да ми плаќа теретана за да одам со него, не го сменив мислењето за тоа, само веќе не инсистирам да ослабне, негова работа..
Па тоа ти викам. Мене таков муабет да ми правиш, да се гребеш за чланарина и јас не би те тангирала после.
Не туку не е океј да викаш дека за да ослабе требало тебе теретана да ти плаќа. Не знам како не си ги гледаш и своите грешки како што ги гледаш и неговите. Двајцата сте токсични, баш секое лонче со своето капаче.
Не треба да ти плаќа чланарина тебе. И не можиш да инсистираш за нечие тело, ти не го поседуваш него. Ако сака арно ако не не. А очигледно не сака, ако не ти одговара типот раскини и најди некој пример што не е дебел. И ако одиме во крајности, можи тој да ти речи да му изработуваш профи планови шо да вежба и на шо да припазува јадење, а ти не си стручна во таа сфера.
А зошто тој да плаќа за тебе? Ако сакаш ти да идеш со него во теретана, многу нормално дека ќе треба ти да платиш за тебе. Може и тој да ти каже: "Ако сакаш да ослабам, ќе идам во теретана, ама ти да плаќаш за мене". Би се согласила?
Во брак сум па никогаш не ми текнало да побарам од маж ми пари за јога, пилатес, фитнес и сл. Може ќе ми дадел, ако сум побарала, не знам. А ми се лути ако правам здрава храна само за мене сака и за него . Му викам џабе здраво ти готвам кога после се дојадуваш со глупости . А за кеш пара колку за во џеб да имаме, стално си делиме и си даваме еден на друг. Никогаш тоа не било проблем, за што и да ни требаат парите. Со оглед на тоа дека во различни денови од месецот земаме плата, само вака и може да функционираме.
Епа можеби добил ист впечаток за тебе како ние овде. Дека се гледаш преку пари. Секој пост околу тоа ти се врти. А и не знаеме на каква глупост си потрошила. Јас и на брат ми знам да му речам ако ти е, може ќе се опаметиш. Не избрзувај, сигурно не мисли да те остави да гладуваш. Впрочем и викаш дека не е дека ќе гладуваш имаш пари за основното, сметки и храна. Не сфаќам што очекуваш?
Се плашам дека не сум го запознала добро и дека не можам да се потпрам на него во иднина кога ќе имам проблем, дека прв ќе ме остави на цедило ако имам проблем..