@нина122 Зошто не се прашаш сама која е причината што кажал така? Ајде да те потсетам. Како што кажа ептен малку сте биле заедно летото кога ти си сакала да одиш на одмор, ама тој требало да ја чува баба му со склероза па ти као бунтовна леле сама ќе треба да идам на одмор и како твојот љубовен живот бил за никаде. Потоа бил дебел, работел многу, требало да јаде малку и да оди во теретана, но да ти плаќа и тебе. Значи ти си едно големо црвено знаменце во движење. Немаш никаква почит и разбирање кон него. Поважен ти беше одморот отколку баба му со склероза која немало кој да ја чува. Поважна ти е неговата тежина колкава е отколку фактот што човекот секојдневно работел по 12 саата и му треба мир, а не некој на глава да му се качува. Можам да замислам каква тортура му вршиш со притисок за тежина, храна, слабеење и општи вака за фамилијарни односи како со баба му, сигурно му е преку глава од тебе. Што очекуваше? Кога тој имал тежок период со баба му тебе ти бил важен одморот. Зошто сега тој да се замара за твојот проблем?
Или и тој е ист таков токсичен што ми е поверојатно дека е или некои луѓе се трпат само за сами да не бидат.
За него не може да се каже ништо затоа што он не е на форумов. Не го кажал проблемот од негово гледиште ниту па знаеме како размислува и какви принципи има. А за членката на основа на сите до сега напишани постови може. Затоа што ја имам читано и по други теми не само во оваа. @нина122 ова што го пишуваш треба да ти е огромен проблем ако планираш во иднина живот со него, брак и деца. Седни и поразговарај со него со отворени карти па ако не наидете на решение прекинете. Затоа што според пишувањето твое на темава, имате доста често проблеми кои не ги решавате. Или па се тоа проблеми за тебе а за него не.
Нема да ја оправдам членката но нема ниту да ја нападнам. Имам другарка која се соочува со сличен проблем. Кога ќе снема пари а остана без работа ниту дечко и не и позајмува а има убава плата. Ова општо зборувам но што ако не можеш да сметаш на партнерот ако не дај боже останеш со празен џеб или во друга тешка ситуација? Дека @нина122 знае да претера со однесувањето, знае...ама и да не беше ваква зошто да не смета на него?
Да знаеше да цени,почитува ќе добиеше екстра одговор- не се секирај ја сум тука,гладна нема да си. Итн. Но,таа рипа зошто она не му е приоритет број еден покрај баба му што е болна од склероза. Ко да е крај на светот што немала да оди на одмор со дечко. И такви разно-разни глупи работи. Секој пат кога ја читам смешна ми е и секој пат е увреџена од моето мислење кон неа. Не бе,сестро златна до тебе е проблемот и те боли кога ќе те удрат тебе,а не боли кога удираш друг. Не е крива она,лошо ја воспитале.
Јасно ми е, ама еве ќе зборам општо, знам примери кај што партнерите ги оставале на цедило колку и другата страна да се однесуваат фер и коректно. Членката воопшто не се однесува ок кон него, тоа да. И двајцата се токсични.
Овој проблем со финансии е многу често застапен како што читам тука. Не знам кој ги учи луѓево да чекаат пари од партнерот. Да си во брак или верени да сте нормално ќе делиш финансии, но кога ти е некој дечко или девојка и не живеете заедно, нема што да чекаш од него. Тука ти се родителите, брат, сестра, семејството е тука за тоа. Потоа во брак мажот ти е семејство ама во врска е друго. Никој не е должен на никого ништо да му плаќа, да го финансира и да го части, да го шета, да му дава пари да го истера месецот. Колку побрзо сите тоа го сфатат, толку подобро. Од пусто турско останало сфаќање за мажот да финансира и плаќа, заборавете го тоа, немајте такви очекувања од ниеден партнер и многу посреќни ќе сте ако не се базирате на туѓи финансии. Ова општо на темава за тоа со частење, плаќање, чекање пари и финансиска поддршка што често се провлекува. За членкава мислам дека имаат нефункционална врска со големи проблеми, ја тераат колку да не се сами, преовладува некоја лична корист и интереси, не љубов, а кога интересите не се задоволени се плаче и кука, дали е тоа финансиска поддршка, шетање, патување, тело како на манекен итн. Никаква љубов, поддршка и разбирање од ниедна страна не се чувствува.
Истото мислење го делам. Не разбирам зошто кога двајца се во врска се очекува едниот ако остане без пари, другиот да го кредитира. Не се ни верени, ни во брак.
Јас раскинав врска зошто не сум имал доволно пари да ја частам ручеци, да ја носам на викенди и одмори, не сум ја возел со кола, смачено и било од сиромаштијата со мене. Другарките нејзини сите биле частени и шетани, другариве исто гледам во врски што се, се тие частат и плаќаат. Такви стандарди во последно време се поставени, скапи поклони се чекаат, одмори да им плаќаш, ручеци, вечери, не знам што време е дојдено. Одлучив додека не си го средам животот, да завршам факултет, да најдам стабилна работа, да си најдам тогаш исто девојка како мене, вработена и финансиски стабилна, двајцата зрели да сме, до тогаш да не започнувам ништо сериозно во животот. Да имаше и она свои финансии, работа, а не пари од нејзините, па да ми префрлаше мене, ќе ја сфатев. Таа невработена, живее од парите на нејзините и мене ми префрла дека не ја частам и шетам. Не сите, но 80% од луѓево во последно време само пари ги интересира и живот на туѓ грб. Не дека не би сакал да почастам девојка, да и купам по нешто некогаш КОГА ЈАС САКАМ. Но премногу е некој да очекува да му платиш цел одмор, па и присилно уште со правење споредби како на другарките им плаќале, а ти си бил неспособен да и овозможиш се. Не сакам да е некоја со мене зошто чека да и бидам движечки банкомат.
Мислам дека сме генерација, без разлика што имаме различен лајфстајл, како да те имам така прочитано дека си ми генерација, затоа добро сфаќам што сакаш да кажеш. Истава појава ја забележувам од другарки на наши години, само се гледа кој колку пари имал, што работел, која фамилија бил, кај ќе ја прошетал, што ќе и купел, каква кола возел, дечко се фаќа за тоа. Реткост е искрената љубов, секој што ја нашол во денешно време треба да ја цени. Да не ти е криво, ќе си дојде и твоето, не ти треба некоја таква.
Се согласувам. Членкава пиша дека останала без пари за до крајот на месецот(значи стварно краток период), не напиша дека бара да ѝ плати одмор. Скроз е човечки да му помогнеш на партнерот во таков случај. И да не ѝ помогнел финансиски тоа што ѝ го рекол е многу непотребно.
Да. Цело време меѓу редови ми префрлаше, во последната кавга ми го кажа тоа, раскинавме и толку беше. 1 година врска од кои последните 6 месеци ни беа секој втор ден кавги за пари и пари.
Ама членката кажа дека сметките и биле платени, имала и за јадење, ама останала без џепарац, епа не знам што сака, не е должен тој да и дава џепарац.
Неќам да ми дава џепарац, само се разочарав, не очекував така да ми рече, мислев дека ми е безусловна поддршка секогаш.. Нема врска, земав денес плата, што значи еден ден бев без пари, ама ќе си знам за друг пат дека не можам да се потпрам на него..