Не знам, јас да имам партнер и така да ми каже стварно многу ќе ме погоди. Живееме во инфлација, млади сме и уште учиме за финансии, и да ми го плесне некој дреми гладна сега место да ми помогне тоа би ме погодило ептен. Да имам партнер прво никад нема да го оставам гладен, второ ако гледам дека згрешил ќе зборнеме да не ја повтори веќе таа грешка, а ако гледам дека има проблем со финансии ќе седнам и ќе гледам конструктивно да го решиме проблемот. Гладен некој "за памет" нема никогаш да го оставам. Особено па не човек што го сакам, нема да можам мирно да спијам ако знам дека седи гладен или глава го убива пошто не знае како леб да си купи. Без разлика што не оправдувам претходно што правеле, не е во право дечкото. Не се понашаш така, не е убаво.
Реално и тоа не знаеме. Не знам од кај сите донесоа заклучоци дека она била лоша со него. За коментарот дека требало да ѝ плаќа теретана, можеби е глупо тоа од нејзина страна, ама не доволно за тука толку да ја распнуваат.
Која е потребата да се коментира и така непознатиот карактер на нејзиниот дечко кој не го ни знаете? Ваков бил, таков бил, ист како неа бил. Имате случка и толку. Бог знае на што ги потрошила таа парите и колку од вистината ја кажува.
Мислам дека е важно и како се однесуваш со финансиите. И тоа е една особина шо се бара од партнер. Да имате слични навики. Ако знам дека имам уште 500 денари нема да ги трошам на ливче во кладилница, фустан, кафиња, не знам шо, а да знам дека нареден ден ќе немам. Ама секој можи да згреши, се сложвам со Кате, не би се обратила со таков тон, туку ќе кажам дека е грешна постапката и ќе помогнам без размислување. Е после веќе ако се повторува, ќе размислам дали ми одговара таквото однесување. Не сфатив ама, дали рекол дека ако треба да поможи, нема? Дали никогаш досега за ништо не се нашол, не само материјално?
Пари се нема ама затоа е мноооогу важно летото да се иде на одмор и дечкото да ја остави бабата со склероза сама дека Нинче сака да се шлапка во вода. Не ја правдајте дека е во право и дека тој е виновен што не ја поддржал. Ставете се вие на нејзино место ваша баба (крв ваша) да е болна и партнерот да ти се луте зошто мора да ја чуваш а не на одмор да идеш + цело време да ти кажува дека си дебел/а и редно е малку да идеш во теретана ама успат и него/неа да уплатиш и дека ти пораснале цициња од нездрава храна. Кој и да беше до сега ќе пукнеше и ќе ја шутнеше.
Се прашувам дали брат или близок другар би советувале да и даде пари после се на ваква девојка со толку токсично однесување и да остане со неа. Малку не реално што читам дека некој ја брани и дечкото крив излезе што не давал пари да имала џепарлак.
Вистинска мистерија е како не раскинале до сега. Од постовиве делува дека не се ни поднесуваат еден со друг.
Тоа не беше баш така, испревртено е кажано погоре, ние планиравме одмор, и вујко му отиде на одмор во периодот кога ние имавме планирано одмор без да каже предходно да не планираме, и он отиде да ја чува баба му за вујко му да оди на одмор, а мене тој период ми беше единствен период кога можев да одам на одмор, и кога се врати вујко му од одмор ептен ради реда отидовме и се вративме одма затоа што немав веќе од одморот..
Јас можам да се заколнам дека раскинаа, ама оп одеднаш повторно со нејзините уникатни љубовни проблеми.
Сфаќам шо мислиш ама сметам дека и на двајцата ви фали почит спрема другиот. Ми личи како и двајцата да сакате да е по ваше, без разбирање.
Што па има вујко му тебе да ти кажува што планира? Што ти е он па тебе? Никој и ништо, ништо не ве врзува. И сама си крива што е ради реда, оти кефот не ти се направил.
Како би сфатиле некој ако Ви напише... Кога би можел да дадам нешто, тоа би било да се видиш себе во моите очи?
Ај јас пак, ми тргна ко да немам проблеми во мојата врска. Јас го толкувам ко ти да немаш самодоверба, си се потценуваш, а тој гледа колку вредиш. Или чита нешто налик Семе Синапово.
Отсекогаш сметам споделувањето храна со саканиот најмногу ме исполнува. Море луѓе на улица да најдиш некој да пита за храна, значи да го однесиш да му купиш нешто, сметам дека повеќето би го сториле тоа... па камоли за партнер или партнерка. Не да ви набивам рогови, ама ако при вакви ситуации ви се сити или тогаш ве дотолчува, ами што останува за посериозни работи..
Мене некој да ми каже дека сум дебела, но доколку сакам да ослабнам и него мора да му плаќам членарина за теретана... Ќе му се изнасмеам во лице и ќе одам во теретаната најблиску до него, сама. Пресмешно ми е како двајцата си дозволувате на самите себе да зборувате така еден на друг. Пак и гладна да си седела да научиш лекција? Радо би сама гладна ќе седам ама без паразит до мене. Пари се заработуваат ама воспитање не.
Тоа беше рандом момент што ми текна, а членката ја имам читано со многу испади кон дечково. Од негова покуќнина, до одмори, финансии, свадби. Многу ситничарење и негативност. Не сме од вчера на форумов, сме се читале доста. Токсична е. И он е токсичен или станал таков со неа. Погодно непогоден пар
Мене некоја да ми рече "седи гладен" место да ми помогне ќе ја оставам и никогаш во животот нема да ѝ се обратам. Кога се двајца партнери заедно треба да си помагаат еден со друг, а не да се оставаат на цедило. Исто и за теретанава, ако ме сака некоја ќе ке прифати каков што сум, ако не нека си бара друг што нема да има маани.