Зашто се однесуваш како да си најдена на улица пред контејнер само кажи ми? Па и тие имаат поголема почит кон себе бре..
Типично примитивно и селско понашање, биди јака независна жена бе а не нечија марионета, тој е некој социопат..
Инаку мој заклучок е дека ова го прават луѓе што немат самодоверба. Не е случај на недоверба во партнер.
Тоа го прават мажи кои изневеруваат и прават што сакаат а вината ја пренесуваат на жртвата за да се скрие нивното дело. Ти му го проверуваш ли телефонот, го контролираш ли или неговото его не ти го дозволува тоа? Или љубоморен е и се плаше да има покрај себе факултетски образована личност со работа и пријатели оти тој тоа како што гледам не може д го постигне.
Еднаш ако му дозволиш, ќе ја отвориш Пандорината и крај ќе нема. Ќе помини со овај колега, ќе биди друг, па трет...следно ќе му смета зошто си погледнала некој на улица или касиерот чудно те гледал. Да му се извиниш на колегата за однесувањето на бандитов, а со него да раскиниш. Тешко е да, ама сега или никогаш е шансата. Ако се заканува, полиција.
Ова е само основата и преблаго кажано за типот. Си страда и од други пострашни форми на психичко растројство. За членката е битно да види тука, а ако може и од другарки што се во добри врски, дека вакво нешто не треба да има во една врска и дека каква и да љубов чувствува спрема него ќе и помине штом раскине и однадвор си ја види врската.
Сите жени што ги читаме во црна хроника секој ден во неделата, секој месец, секоја година се жртви на вакви насилници. Што мислите од старт вака се понашаат? Не. Ама кога тогаш прават вакви работи и тоа ОДМА треба да ви е знак да бегате. Човек што се лути оти сте збореле со спротивен пол утре ќе ве акне од земја ако ви зборне некој. Не си ставајте трн во здрава нога, утре ќе бидете само еден чланок во црна хроника во весник. И ќе си шета слободно, пошто кај нас како жени од институции сте 0, со зборови НУЛА заштитени.
Го пишав ова од аспект да не се окривува и преиспитува самата себе дали таа направила нешто погрешно. Не е она проблемот. Тој е! Ова што го доживува членката е форма на насилство. Не смееш да дозволиш никој да ти ја ускратува слободата, ниту пак ти на некој. Искрено се надевам дека ќе го остави.
Бегај од таков, колку сакаш години биди во врска, дечко ти е психички доста лабилен. Верувај за година дена, кога и ти ќе созрееш ќе ти се гади од него. Како можеш да сакаш некој кој ти забранува да дишеш. Во ред ајде сега си заљубена ама замисли кога ќе имате деца, тогаш на триста други проблеми ти ќе се мислиш дали на лево или десно да погледнеш. Врска е да се има доверба и почит мегу себе не такво болно однесување. Млада си, учи, дружи се, и најди со некој кој ќе те разбира дека сакаш да шеташ и со други да се дружиш. И не си ти крива воопшто, што треба реферати да му кажуваш со секој од факултет што имаш зборувано? Еден ден ќе се освестиш само немој касно да ти биде, затоа бегај од таков побргу.
Run girl run... Така мислеш дека неможеш без него, можеш и тоа како можеш... И јас избегав од таков се препороди.. Немаш претстава колку значи да немора да се правдаш никому за такви банални работи... Ако продолжиш во таква врска ќе се заебеш верувај ми... Бегај со време...
@Mxrx без секој се може, само сме учени да кукаме, полесно ни е да кукаме и трпиме наместо да засукаме ракави и да мислиме разумно што е ок а што не. Тоа што твојот дечко е таков не е нормална работа. Сега е вака, утре во брак ќе биде бетер, а ти ќе бидеш потчинета и ќе трпиш пошто го сакаш. Размисли дали сакаш таква иднина, тој не ти е господар а ти не си му робинка. Тоа не е љубов од негова страна, тоа е болест а ти мораш да се спасиш. Батали љубов каде што нема да има убава иднина. Во врската треба да си опуштен и да уживаш а не да имаш стресови секој ден. Размисли.
Jas sum od selo. Vaka ne se odnesuvame. Valjda mislese seLJachko? Selsko is not equal to seLJachko. Just for the record. Pozdrav
Што кога партнерот сака да замине настрана поради работа, на период од неколку години без враќање, а вие не сте во можност да заминете?
Ова е проблем. Треба со разговор да му најдете решение. Ние не можеме да знаеме што ќе се случува во период од неколку години. Можете да раскинете или пак да пробате да одржувате врска на далечина. Имам близок пример каде што со години функционираа на далечина. Патуваа заедно, се посетуваа. Имам пример кај што дечково замина и се ожени со друга додека оваа чекаше да се врати. Индивидуално е.
Тешка ситуација... Мора да седнете да разговарате подлабоко на оваа тема, особено ако врската ви е по озбилна... Неколку години се долг период за да незнаеш на што си... Нас врската ни се разнишуваше од неколку месеци, а не пак години... Сепак далечината си го прави своето...
еве сум јас после година дена ама со друг профил тој стариот го заборавив и меилот дури кој беше.. НАРАВОУЧЕНИЕ ЗА СИТЕ Испадна дека дечково си се допишува позади грб со жени, телефонот полн полни органи женски и дека после се, сите пари и времето поминато е незадоволен... ситуацијата во која е , е иста, нормално. бидете себични, немојте да бидете сожаливи како мене, па да трпите од манипулатор. тој знаеше да биде пренежен, предобар да ме направ да се чувствувам како на 7мо небо, ама за парички било се. си се мразам сега за мојата добрина, изгубив и време и пари и на крај глупа искочив зашто он си роварел позади грб..