Некој е способен да глуми и со години. Да те обвинува тебе за се. Среќата за мене можда е да имам се со една личност, ама за некои особи среќа е да имаат секоја што ќе посакаат. Според мене таа особа не е среќна, цело време живее во лаги, ама си има некоја жртва покрај себе што ја лаже и манипулира, и таа особа му е достапна и сигурна секогаш, а на страна си праи што си сака. Само не се свесни дека све се дознава. И дека жената секогаш осеќа, можда нема докази што е конкретно проблемот, ама енергијата и незаинтересираноста се осеќаат.
Љубовта не треба да е страв туку потпора, поработи малце на себе, толку си изманипулирана што ти ка спуштил самодовербата и се храни манијкот од твојот страв. Кој век сме алоо дозволуваш да те носе на факултет и зима за да те контролира, а на кафе после факс смееш ли да одеш со другарките..
Затоа што и нема поента, тоа колку ќе си кажувате и споделувате е ваша лична работа и договор, ама и да имате договор се детално да си раскажувате и споделувате тоа е залудно губење време во денот наместо да си посветите време на вас кога ќе се видите. Во се што си пишала има многу црвени знаменца, особено оној дел со кој си спиела за да ја добиеш таа работа, зарем не те навреди тоа што воопшто го помислил, а не па да ти го каже? За другово што да ти пишам, пишале веќе многу членки сега е колегата од факултет, утре некој друг. Или ќе му објасниш до каде ти се границите и што можеш да толерираш, ако гледаш дека се кае и работи на себеси да се промени и гледаш навистина се подобрил па да вреди да продолжите во обратен случај знаеш што треба да направиш. Само совет до тебе, работи на себеси и да си ја зголемиш самодовербата. Кога ќе вложуваш во ова и го средиш овој дел нема ни да се запрашуваш дали воопшто си згрешила и во што, бидејќи неговите или било кои други зборови на ваков манипулатор нема да те допираат на никаков можен начин, а најмалку да те повредуваат и да те тераат да се чувствуваш исплашено.
Девојко спаси се... Бегај... Биди сигурна дека нема да му направи ништо на колегата, те манипулира тебе, сака да те влее страв... Не пагај на тоа... Не му покажувај дека ти е страв, кажи му едноставно шо сакаш прај... Леле ко себе да се прочитав буквално... Бегај девојко спаси се..
Ма немаш ти никаква грешка туку има прости луге што не разбираат, дека жените и во врска и во брак можат да имат пријател или другар... Ама повеќето мислат дека одма ке се е... ако застанете на две мин муабет или ако размените некоја порака макар и професионално да е... Уживај си за тоа и недозволувај да ти наметнат вина... Ти не си погрешила ништо
Бегајте бе со вакви размислувања, во која ера живеете? Ако пишиме со колега професионално или колегијлно сме отишле на кафе, зарем тоа треба да е проблем во една врска? Цццц
Има и такви ликови кои се страшно посесивни и ја ограничуваат личноста со која се во врска. Колку и да си го засакала, ова не треба да го прифатиш, не е во ред такво однесување да трпиш. Жртва си на неговата недоверба и очигледно несигурност, комплекси. Позади болната љубомора стои нешто. Му отишол на колегата Јас да имав таков дечко, тоа ќе му беше последното нешто за нас направено, толку. Не ти треба врска со таков, баш ништо не губиш без него.
Кои се 4-те фази на манипулација? - Ласкање. Првата фаза е кога личноста која манипулира ја става фасадата на љубезност, грижа и помош. ... - Изолација. Ова е моментот кога личноста која манипулира може да почне да ве изолира од вашите пријатели и семејството. ... - Обезвреднување и префрлање на вина - Страв или насилство.
Типов еден ден ако го нема во портал дека си ја претепал жената, да ме плукнете сите овде по еднаш. Е сеа дали девојкава ќе не послуша тука и ќе се спаси не знам, ама за горенаведеноно сум милијарда посто сигурна.
Не знам уште колку коментари исти треба да ти пишеме тука за да ставиш прст на чело. Таа прегратка, те гуши, стега и кај и да е ќе престанеш да дишеш. Да те смирува, сигурно не! Ти си со него од страв, да не те повреди, да не го повреди колегата ?! Која љубов тука ја збориме ?! Ако останеш со тој насилник, најубавиот дел од животот ќе ти помине у страдање без никој да се пожалиш, зашто верувај ми, не тој, туку ти сама сите ќе си ги отргнеш полека и на крај ќе немаш никаква потпора у живот. А тој дечко ти, ќе биде тој шо ќе те тепа секој ден оти нема сол у манџата. Да не те читаме по некоја година како јадеш ќотек секој ден а нема кај да идеш.
После сите мислења што ги доби овде, се надевам ти е кристално јасно со каков човек си имаш работа во спротивно залудно се труделе да ти појаснат членките. А се мислам дека е второто после ова поставено прашање: А дека дечко ти си пати од комплекс на нижа вредност си пати од болна љубомора, од тоа дека ти имаш поголема СРЕЌА од животот во него, од таков немаш ништо убаво во животот туку празни муабети, психопатски погледи и демнеења. Ако работите излезат од контрола сврти 192.
Абе ајде! Што се допишувала?! За задачите математика?! Епа ајде што идам јас по неколку денови, на секакви дешавки од работа, со колеги и колешки, да ме тепа?! Да ме врзе дома?! У пеколот ќе горам?! Или пак ако си пишувам со колегата на вибер за работа у текот на денот, на дечко ми извештај да дадам? Да испечатам разговори у текот на денот?! Извештај од состаноци да направам и прво на дечко ми да пратам?! ПОБОГУ
Не се правдајте никому. Секој ќе си сфати како му одговара. Ве сакаат ок, не ве сакаат пак ок, ќе најдете некој/а друг/а. Како што вели Харви(Suits): покажи дека ти значат и ќе те прегазат.
Не ми е јасно што измислуваш работи што не сум ги напишала? Реков само дека е доволно да знае, никаде не спомнав за давање извештај или врзување дома.
А бе нема грешка. На мочково ли му се потресуваш? Остај го нека збори шо сака и нека се лигави. Нема. Зошто би се сменил? Која би била причината, кога ти се трпиш? Не е грешка. У такси ако влезеш и размениш 2 реченици со таксистот да не ќе мора во иднина да му кажуваш? Јас мислам нема ни да ти даде да влезеш сама у такси. Дај опрај се со време. Кажи му нека се гони, блокни го од секаде. Кажи им на твоите ако нешто те замара. И да, спомни му на колегата со шо дебил може евентуално да си има работа, да не е шокиран.
Членката што има мака, од сите коментари овде, она го бара тој едниот, твојот, за да го оправда понашањето од дечкото и да се окриви самата себе, демек неговата реакција е на место, зашто она ете не кажала. И не, НЕМА што да се знае! Она се допишува за факултет, не за дејт! Многу небитна информација да се сподели со партнер.
Обрати се до полиција? Не дека ќе сторат нешто многу, ама бар ќе му влеат страв да не се осмели физички да се пресметува. После ваков потег нема враќање и време е за раскинување.