Ако го прочита УБАВО мислењето на членката, ќе сфатеше дека твојот коментар беше погрешен и непотребен.
Денес амс баш на секоја пауза што ми ја знае ми звонеше. И цел ден се понашаше коректно си реков му дошол паметот за да кога му кажав оти утре ќе треба да сменам еден колега ма работа и ќе одам порано истиот полуде и ми рече ќе го оставиш ти факултетот а и работата и ќе седиш дома како што и заслужуваш, а не да бидеш сечиј потрчко ама тебе тоа ти одговара и ми рече ќе пишел на еден од моите претпоставени ма работа и со него ќе зборел, ќе ме посрамоти. Со плачење сум отишла од факултет до автобуска и со огромеееенн страв. Ме замоли да се видиме и кога се видовме пак се понашаше нормално, најнормалн. Му кажав дека е психопат и дека не можам вака на што тој ми кажа дека треба да сум му била благодарна поради тоа што ми давал шанса после тоа што сум му го направила
Не факултетот и работата, туку него ќе го оставиш. А тој ако некаде пишува, сам ќе се избрука, ти ич не се замарај, ќе му го видат паметот што го нема.
Убаво е што си свесна што ти прави, што гледаш дека еднаш е добар друг пат не. Спаси се од човеков на време. Те молам.
Ах бе чупе. Секогаш се трудам да ја гледам ситуацијата од двете страни, да барам оправдување, не сум секогаш за одма да се прекини врска, дали мојата и на блиските, дали на некој тука. Ама кај тебе 100% е најдобро тоа. Еден куп луѓе истото ти го рековме, нема дилема. Вчера ти рековме дека нема да престани со колегата, еве ден потоа на друг се заканува. Од сите ќе те чува? Дома ќе те врзи? Благодарна нему? Те манипулира пак, те омаловажува да осеќаш вина. Вина за шо? Дека имаш факултет и работа, дека имаш колеги? Немој да си го прајш ова, млада, паметна, добра си се гледа, вредна. Треба да си со некој шо ќе го цени ова. Знам како е да ти е тешко да прекиниш врска посебно долга. Овај не те сака, не те заслужува, ќе видиш дека ќе дишиш пак по недела/две. Ама на тебе е одлуката, со среќа.
Знам дека сте во право сите од прва до последна, длабоко во себе знам. Знам дека е најдобро за себе да прекинам со него. Заедно сме 5 години, сме поминале сешто, не бил ваков порано или пак можеби не сум го познавала добро. Не знам хаос ми е во моментов во срцето и главата, скршена сум како никогаш до сега, ме убиваат зборовите кои ми ги упатува и си се мразам самата зошто после дозволувам да ме теши во своја прегратка. Не знам како да соберам сила и да го завршам сето ова, но овс веќе ги измина сите граници на нормала..ми го гледа распоредот, ми звони на секоја пауза, по милион пати ме прашува дали го имам видено колегата, имам две блиски другарки ми рече да сум му праќала screenshot од тоа што го пишуваме, му реков да сонува. Се гушам, се плашам збунета сум
имаш емоции за него и затоа не можеш да видиш што читаме сите ние. дали вреди ради твите емоции да бидеш жртва, за таа прегратка? тој е длабоко несигурен во себе и тоа него не му е лесно.. ама ни тебе.
Еден живот и да го трошиш на тоа да те контролира некој и измачува? Нема шанси, кога се знаеш пресечи. Подобро 5годино отколку уште 50во нервози
Ти подсвесно се плашиш од него да не ти направи нешто лошо тебе или на колегите . Не смееш да си дозволуваш пази во врска сте толку да се меша во твојот живот и да ти го уништува. Не дозволувај зошто сега во врска ти вели дека заслужуваш да седиш дома, да оставиш и факултет и работа, замисли ваков ќе биде во брак. Врската не е само да ти забранува, треба да имаш од него и поддршка и разбирање а ова никаде го нема . Ти се плашиш дека ке те гони откако ке ставиш крај. Мораш да си силна не чекај нешто лошо да се случи па тогаш да го напуштиш, Таков човек не се менува тие едноставно се такви сакаат под контрола да држат жена . Незнам јас ти цело време плачиш и упорно седиш со него . Зарем не гледаш дека те повредува со секоја негова постапка? Ти вели дека ке прави вака и така на колегата, ништо нема да му прави то е само едно ѓубре што се сили на жена.
Љубомора. Ова е едно клопче кое е толку убаво замотано, што кога ќе почне да се одмотува ќе ви ги предизвика најголемите главоболки за кои апсолутно не сте виновни и не сте ги заслужиле. Најчесто почнува минимално и ако остане во таа доза не е страшно. Нема човек на планетава кој не е бар малку љубоморен. Но, доколку таа љубомора прерасне во нешто поголемо - бегајте. Бегајте колку што ве држат нозете. Посесивноста е филм кој е снимен 1000 пати и секојпат има иста содржина. Треба да одговарате на прашања кои ви се пријателите, од каде се знаете со нив, дали сте се гледале со некој, па замерки за облеката, дека е премногу кратка, премногу тесна, премногу разголена, премногу "предизвикувачка", дека ќе паѓате во очи затоа што сте убави, отровни стрели кои сум ги чула толку многу пати и во толку различни пакувања што страв ми е да помислам. Ќе морате да се откажете од социјализација, ќе смеете да комуницирате само со него и нема да смеете да имате пријатели и познаници затоа што најчесто се "лошо влијание". Додека се освестите ќе немате никој друг околу себе, освен него. Посесивноста е нешто што ќе ве гуши како стега околу врат, како да сте во соба од која полека го извлекуваат воздухот. Најголем број од девојките кои пишуваат во темите за љубовни проблеми и совети го имаат овој проблем. Доколку се направи колекција на љубоморни испади со кои биле малтретирани девојки може да се отпечати цела книга. Од сета таа плејада на девојки кои се пожалиле дека имаат проблеми со крајно посесивни и напорни дечковци ниту една не се вратила да каже дека тој се сменил или дека намалил со љубомората. Напротив, се враќаат за да кажат дека само се влошило, дека веќе немаат никаква автономија над сопствениот живот и дека преживуваат пекол на дневно ниво. Ова нека ти трепка во глава. За тебе 5години не се малку,за него очигледно не се ништо. Тој 100000% те има изварано или има друга затоа ти го прави ова. Вампир!
Ако мора да погаѓам, би рекла второто. Најчесто се игнорираат ситници со секакви изговори за на крај вака да дојде до целосни испади како што зема сила. Ама не е ни толку битно ова. Има добри манипулатори, никогаш не можеш да знаеш. Затоа што се фокусираш на тоа што било и тоа што сакаш да биде во иднина. Не се плашиш ти од него, колку што не сакаш да раскинеш нешто што мислиш дека има потенцијал да се поправи. Тој намерно ти дава такви моменти кога се е сјајно, точно за да те изманипулира и премисли. Место да се фокусираш на ова, фокусирај се на тоа колку те гуши моментално. Фокусирај се на тоа колку сака да те контролира, колку те навредува и колку нема ни грам почит за тебе. Тоа ти е иднината со него. Таква ќе биде, а и бетер. Затоа што секој пат кога му попушташ, простуваш и газиш преку себе му даваш се повеќе и повеќе сила да те малтретира. Знаеме веќе што те гуши, ама што конкретно те плаши и збунува?
И решението на тоа е да останеш со таков тип??? Тогаш ќе го блокираш од секаде, ама баш секаде и ќе имаш 0 интеракција со него. Ако те прогонува ќе им кажеш на твоите и ќе го пријавите во полиција. На крај краева, направи го славен по социјалните мрежи за да знае секоја друга девојка со морков да не го допре, па нека види кој повеќе штета може да направи. Шо им се плашите бе на вакви мочковци? Нема да им прави проблеми на другите машки, пошто нема да се ко тебе и да го трпат вака. Одма ќе му покажат кај му е местото.
Млада си и јас еднаш се затрескав мислев дека со тој ке се омажам и дека не можам без него а токсични беме и јас и он, сега после 3 години откако е откачен ми е смешно и жалосно за кој сум губела време и живци, мене ми се закануваше дека ке се самоубие, јас последно му пишав ако си решил со среќа, со подебела јамка и од тогаш кога не покажав слабост ни ми е пишал, никаква комуникација.