Шо прајш море?! Не гледаш како те манипулира ти да се тепаш себе си психички, а тој да има контрола? НЕМА ШО ДА СЕ ГЛЕДАШ СО НЕГО! ИЧ ПОЌЕ! Не си играј играчки, ќе завршиш во некој ендек! И пријави го во полиција магарето. Чувај пораки обавезно и блокирај го секаде. НИКАКОВ КОНТАКТ! Ко мајка ти кажвам
Девојче, ова што ќе го пишам звучи лошо, ама од вакви врски, со вакви психопати, читаме наслови во црна хроника... Немој, каква црна прегратка што те смирувала, тој е болен. Болест е да љубомори за секој твој чекор и да се заканува. Еве како, ако не знаеш, ќе му кажеш како што веќе си му кажала, дека те гуши и дека не можеш да живееш со такво контролирање и закани. И ќе го блокираш секаде. Ако ти прави други проблеми, пријави го и кажи им на твоите дома. Како си издржала 5 години...
@Mxrx повели. Еве случај да видиш колку некој може да изгледа прекрасно, а во душата да е тежок психопат И секогаш кога се мислите дали со такви забеготини да останете, прочитајте го мислењево на Ирелевант. Од све има излез. Ќе си најдеш дечко што ќе те сака и ќе те цени.
Денес ме чекаше пред факс, ај поминав преку тоа се најдобро се понашаше и одеднаш почна дај да видам чат дали сте пишувале, му реков дека немам пишувано амс телефонот нема да го добие оти треба да ми верува, по милион закани ме убеди и му покажав messenger и секако немав пишувано, и почна да ми бара инста и вибер реков нема шанси, дека не можам веќе и тој ми кажа сум заслужувала и полошо, дека не одело и подобро да не сме се мачеле, ми кажа дека може да го барам ако се чуствувам тешко, и понекогаш да сме пиеле кафе.
Ми пишува еден у ЛП дека ја с'скам друг да најде Си мислам да не видел у проверките дека си членка на фемина, па да фатеме сите колективно у полиција да го пријавеме
Нема шанси така лесно да се откаже, тежок манипулатор според се што прочитав. Ќе чека да му се јавиш и да те направи крива за се пак. Да сум на твое место би го блокирала сегде, само чувај пораки кај што се заканувал претходно. Немој да заглавуваш пак со ваков човек, и најди си друштво за ко ќе си одиш од факултет и од работа.
Девојката не се плаши да не ја отепа ако го остави, се плаши он неа да не ја остави,и затоа му оди по газот. Од постовите апла се познава дека сака да го задржи, по секоја цена. Типичен лош пример за мазохист и жртва на насилник. Ќе се врти проблемот во круг се додека е вљубена во него.
Те следи бе, те стокува... чим ти се појавил пред факултет. Не се заебавам, пријави го, оти ќе јадиш ќотек кај да е.
Џабе зборувате, она ќе му се смири, јер успешно ќе изманипулира со неа. Истиов проблем со другарка, ја праи од гомно подолу, манипулира со нејзе, речиси сешто и брани и на крај тоа било од љубов.
Со ваков никогаш не би била макар последен да е на светов. Ако стварно ти раскинал, ти направил услуга. Само не верувам дека ќе остане на ова, но те молам, немој, немој, немој да го бараш. Ако ти се јави и те моли да се видите, блокирај го. Не дозволувај да ти зборува, оти ќе те изманипулира, и нема да му е тешко да те наговори на било што оти манипулаторите знаат да бидат убедливи. Тебе те обвинува за сопствената љубомора, а којзнае колку ти шара зад грб со други девојки. Во врска треба убаво да се чувствуваш, не да се плашиш од партнерот и да имаш чувство на вина за постапки кои не значат ништо.
Не е за џабе бидејќи ако не за неа, тогаш може други што ги читаат темиве, а се жртви на слична тортура, ќе се пронајдат во пораките и ќе им се помогне. На секоја што може да се помогне е успех. Истото важи ако некогаш се сомневаме дека некој е трол. Ако не за нив, тогаш за тие што читаат.
Mxrx и пред две години сме давале исти совети. И тогаш имаше забрани, и тогаш мислеше дека ќе се смени, па ќе раскинувавте. Ете имал шанса, не се променил. Многу ми е жал кога чоек во врска не ги гледа работите како шо можат тие однадвор. А нема како да поможиш ако чоек сам не си поможи. Сме биле повеќето во таква ситуација. Браво за сите шо можат да пресечат. Spoiler Еве еден случај од деновиве. Се надевам не е проблем шо објавувам слика и име. Ако е, бришете. @RainBow