Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Нема!

    Уствари не ми е јасен делот дека ја тепал без причина! :?: :?: :?: Како тоа се случило, си седите и си муабетите и наеднаш он станува и вежба мавање боксови на боксерска вреќа??? И не е ни важно како се случило зошто очигледно дека несозреаност,невоспитаност и сцена од филм се во прашање! :yawn: Абе чудни сте вие помалите генерации,ептен сте ми интересни!
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Прво едно прашање имаш 32 години или ?
     
  3. Hannah

    Hannah Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    и јас се согласувам со тоа дека таа врска нема иднина бидејќи според мене насилството не е никакво решение на проблемите...моите досегашни момчиња секогаш беа фини, љубезни и ја покажуваа љубовта си бакнежи а не со тепање за мене тоа е несфатливо :worried:
     
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Браво за тебе и за твоето убаво размислување :yawn:
    Туку овде за проблеми се збори, ти ни раскажа еден проблем па почекај да видиш што имат да кажат за истиот другите девојки! Поздрав!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    54321,според мене со тоа што му звониш,го бараш,пишуваш на фб,прашуваш зошто го нема,зошто те игнорира итн..му правиш притисок,а мажите мразат притисок..со такво понашање можеш да направиш да се олади спрема тебе.едноставно си му лесно достапна..повлечи се малце остави простор,нека се запраша тој зошто те нема,нека му текне на него да дигне слушалка..а вака му се сервираш на тацна,а тој си вика оваа ми е сервирана,чекај да го испробам пазарот,може ке најдам нешо ново поинтересно..вака те држи на кратко јаже,нит те пушта,нит те зима..одалечи се малце,културно дај му до знаење дека и без него имаш исполнет и интересен живот,ако треба и одглуми малце.. :D да осети и тој дека може да те изгуби,па да се замисли малце..ако не сфати ни тогаш што губи значи не бил за тебе..
    впрочем тој е виновникот,тој го има проблемот што може да ви смета за иднината,тој е тој што треба да проба да се промени,сега не е сигурно дали ке може ама треба да проба и да се потруди ако те сака.а дали си ти сигурна дека ке можеш да преминеш преку тој негов проблем.?заради тоа сте раскинале..сега пошто не сте заедно а го сакаш си мислиш се би му простила и преку се преминала,ама кога би се смириле пак проблемот пак би бил тука,а знаеме дека во брак често работите и проблемите стануваат полоши,и маните на партнерот што во врска не сме ги забележувале,во брак почнуваат да не иритираат.додуша не може да се предвиди иднината,може работите да тргнат на подобро и да се реши проблемот,порокот кој го има..како и да е ти стискаме палци..и најбитно дај си одишка на себеси,обиди се да се опуштиш да не мислиш на тоа дали ке се смирите кога ке се смирите зашто не сака да разговарате итн.што треба да биде ке биде.поздравче
     
    На Estelle и 54321 им се допаѓа ова.
  6. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Девојки, јас само да си се пофалам, со дечко ми одлучивме да не се гледаме и слушаме до 1ви.Јас го почнав муабетот, а тој го даде предлогот како од пушка, така што сум 100% сигурна дека и он го мислел истото, само не знаел како да ми каже.
    Од една страна сум среќна, од друга страна ми е страв да не направам некоја беља, бев излезена денес во маало и имаше еден мој бивши мувач и... не знам.
    Си се договоривме, ако некој нешто направи или се олади, одма кога ќе се видиме ќе си кажеме. Сега ми изгледа лесно и едноставно, ама се надевам дека нема да стигне до тоа. Останува да видиме :)
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Не му пишувај ни ти, те извисил 2 пати сега остави на него, не трчај одма кога ќе те викне. И ти немаш право да се лутиш затоа што сепак само еднаш сте се смувале и немате ништо сериозно но сепак не треба да те откачува саат време пред излегување. Сврти му го малце грбот да не биде се кога на него ќе му одговара. Така ти излегувај си нека те гледа насмеана дотерана и опуштена, поздравувај се со него... ќе видиш како ќе почне пак да ти пишува ;)
     
  8. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    450
    vendii има една изрека- ако немаш што да кажиш, подобро молчи. Моите години што беа напишани на профилот не беа точни, така сум оставила податок кога сум се регистрирала, сега е избришано. Јас побарав мислење за проблемот,на некој можеби му изгледа смешен,но мене не.
    tanja6 благодарам за мислењето, свесна сум дека постапував спротивно од тоа што требаше, иако знам дека треба да го оставам тој да реагира, а ако не да продолжам понатаму, во моменти на слабост праќав пораки, но секогаш само да прашам што прави, или за некоја конкретна ситуација, никаква интимност, баш пријателски, но сега ќе престанам и со тоа.поздрав
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    па зошто тогаш бараш совет и разбирање кога оставаш лажни податоци на форумот?и тоа нас не ни е сватливо колку за информација воздраста на човекот кажува многу па затоа девојките ги гледаат годините се регистрирате на форумот со лажни податоци потоа ако не ви се допаднат коментарите лажни се избришани се ова она па како сакаш ти да добиеш искрени одговори?
    а и од твојот пост неможе да се свати кој е твојот проблем велиш се разделивте со дечкоти немате заедничко гледиште кон иднината?сега наеднаш пак сакаш да сте заедно вие седнавте разговаравте за вашите несогласувања?НЕ значи кој е мотивот за понатаму со него?која е причината?не кажуваш конкретно никаков проблем а и работите така не одат сега сакам да сме заедно послем несакам па сваќам неможам да бидам без дечкоми пак сакам :x незнам колку години имаш ама стварно незрело
    и уште една работа кога ќе пишиш на форумот и бараш совет биди спремна на секакви коментари и добро изјаснисе пишуваш овде јавно и секој има право да коментира нормално неможи да коментираат само во твоја полза за да ти е тебе полесно секој има право на мислење...
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.393
    54321 само да ти кажам ако сметаш дека тој или ти немате иднина еден со друг тогаш едноставно е крај со таа врска. За да оформиш правилна врска нешто што ќе те држи и поврзува еден со друг се е попратно и бакнежи и секс и милувања и галења и цуци- буци она што останува цел живот и не се менува е разговорот, разбирањето, подржката и планирањето што понатака во секој поминат ден....
    ако немате иднина тогаш немате ништо
     
  11. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Да точно и тоа го правам. Ниту пак јас не му имам пишано ништо, од ист град сме и нормално дека ме гледа секој ден и зјапа како будала. Но никако нема да му напишам прва ако не напише тој :)
    Сепак тој губи :D
     
  12. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    450
    mime87 бидејќи на интернет има секаков народ немам обичај кога некаде ќе се зачленам да оставам точни податоци и тоа е единствената причина што едноставно сум кликнала на некоја година без никаква друга намера.Во однос на мислењата – знам дека ќе слушнам различни и затоа напишав овде, сакав мислење на некој кој е надвор од сето ова, кој нема лажно да ме теши дека јас сум за се во право и многу ги ценам острите коментари кажани онака како што некој размислува кога го прочитал напишаното, но воопшто не сакам иронија или гледање од високо... Во врска со неговиот проблем не сакам да објаснувам многу,еднаш имам напишано во друга тема, но сега гледам поинаку на тоа отколку пред 8 месеци. Се согласувам со твоето размислување за моето незрело однесување, но тоа беше така и не можам да го сменам она што го направив. Затоа сакам сега да разговарам со него, веќе помина подолг период да можам сама да размслам за се и сега со сите карти на маса да расчистиме, па како ќе биде – така, ама се нервирам зошто тој избегнува разговор и како што рече tanja6 ме држи на кратко јаже, ни ваму, ни таму....
    karak имавме се од ова што го кажа подршка од него и тој од мене,разбирање од двете страни, разговори на различни теми до бескрај, само.... планирањето што понатаму беше малку зафркнато поради тој негов проблем и тој избегнувше разговор околу тоа,а кога јас инсистирав да разговараме се повлече и остави многу работи недокажани.Сега сакам да разговараме околу тоа, но немам шанса...
    Поздрав до двете :)
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    54321
    Нема да добиеш совет кој би ти помогнал околу твојот проблем со овие оскудни информации што ги даваш...Велиш имал тој проблем што според тебе морал да го надмини, а сега гледаш дека тој проблем и не е толку битен...И сега ние треба да претпоставуваме дека е ова или она? Што ако е дрогираш или алкохоличар на пример и јас ти велам-во право си не треба да му ствараш притисок? Јави му се, извини се, бори се??? Ги криеш годините, мислиш е небитно дали се 17 или 27? Никој не бара матичен број од тебе, но вака тешко дека би ти помогнале...
    ЕДИТ Гледам си пишувала во анксиозност, ако е тоа проблемот еднаш веќе си го изнесила, зошто да не сакаш и тука да го напишеш?
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    срцка, и самата велиш дека имате различни погледи на иднината. Тогаш што воопшто бараш назад со него??? Сте раскинале, поминало време, ама еве те фаќа некоја криза за него и верувај ми ќе ти помине.
    По пишаново делуваш многу остроумна, паметна, ама малку љубовта те занела, а кого не?? :D
    За него, ми делува како да оладил, но истовремено се наоѓа во едно двоумење дали да е пак со тебе или не.
    Браво на искреноста и отвореноста од тебе спрема него, и се надевам ќе најдиш некој кој ќе ти возврати на тоа, а овој тип не личи на таков, мислам дека не те заслужува. :^)

    Само едно те молам, немој како многу девојки, еме невини, ем недолжни, а им паѓаат на колена, се понижуваат и молат пред дечко им да им прости (А, тој, ем виновен, ем мангуп се прави)
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Можам да ја разберам твојата ситуација, но мене ме учеа дека со сила убавина не бидува. Поентата ми е, доколку сте имале убав период кој завршил, остави така, немој со сила да правиш обновување на нешто што завршило. Подобро е да го паметиш тој период на убави нешта, отколку да се појави чувството на омраза кон човекот кој си го љубела. Доколку љубовта била навистина силна, мое мислење е дека немало да поминат 8 месеци и тој да се однесува на начин на кој велиш дека се однесува. КОнечно, мојот совет е , почитувај се себеси и нека спонтаноста биде дел од твоето секојдневие (во конкретниот случај). За крај уште едно потсетување, со сила убавина не бидува.
    Поздрав и се надевам на решение на твојот проблем
     
    На 54321, mime87 и LyckliG им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Бидејќи ти го знам случајот ... гледам дека се уште не е се на свое место, а и дотичниот уште повеќе се дистанцира јас би те советувала, остави го. Остави го во смисол не го барај, не му врши притисок ... оддалечи се и ти од него малку да видиш дали тоа ќе му даде мотив да те побара сам и да покаже волја за да ја решите ситуацијата. Кај него проблемот е таков што нема да го напушти уште долго време, ама ќе мора да се научи да живее со тоа и да се бори да го намали за да може нели да функционира понормално. Уплашен е тоа е причината. Меѓутоа ако ти му даваш поддршка и не му вршиш никаков притисок тогаш може и да биде се во ред. Да оставиш спонтано да се движат работите. Мислам дека најдобро е сега остави се да си тече по својот природен тек ... Ако треба да сте заедно универзумот ќе ви помогне во тоа. :)
     
    На 54321 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    женскии вака.. :
    значи мојата другарка одеа со дечкому 1год и 4 месеци.... од незнам какви причини се разделијаа...т.е тој како причина го наведе тоа дека таа го нервирала дека го притискала и незнам друго штоо...(што според мене не е баш некоја причина за разделба) окау тоа бидна што биднаа....се договаараа долго да се видат да прават муабет..и секогаш тој наоѓаше некоја рачка дека не можел на тренинг бил незнам ти што,по 2 месеци се видоаа конечноо.....алии незнам што му беше на детето се понашал како ништо да не е....почнал да му зборува за минатото за тоа како му било убаво заедно и такви некој раб....и од таа средба другарками повторно си доби надеж дека можеби ке се смират..а јас гледам дека тој нема таква намера...туку само си игра со неаа.... :@ што многу ме нервирааа.....таја премногу го сака ... значи опсесија му е...се приклучва на фб само за да види дали е тој укл... по цел ден е кај него на профилл....и некој такви работии....таа е премногу затворена личност...ама јас ја познавам многу доброо...и без да ми каже знам дека и се случува нештоо.....барам од вас помош како да ја убедам да стави крај на ова....да му рече него дека не сака ништо појкее......како да и помогнам да го надмине сетоо оваа..... :(
     
  18. VeRyCa

    VeRyCa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    уф... Твое е амо да ја посоветуваш, да се потрудиш да и го свртиш вниманието на нешто друго, но во никој случај да не ја осудуваш.. остави таа сама да ја согледа вистината! поздрав :)
     
  19. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Значи притисок упатен од едната страна кон другата и те како доволна причина за разделба. Никој несака да биде во врска каде што некој би извршувал притисок врз него. Всушност има и такви, и сведоци сме по приказните кои ги читаме на форумот но тоа веќе е вонреден случај. :x

    Сега не сум сигурна колку тоа е точно дека другарка ти му вршела притисок, бидејќи како што ја опиша таа е мирна,затворена девојка која многу го сака дечко си. Па сметам дека таквиот тип на девојки напротив не се способни да вршат притисок туку си се мирни и во врската и прават се да го задржат оној кој го сакаат без да хистеришат и да прават скандали.

    Ако ти како што тврдиш дека дечкото ја навел оваа причина како главно раскинување можеби само си тера изговор. Другарка ти треба да биде доволно паметна и да увиди дека дефинитивно нешто е сменето и неможе да биде по старо. Дури и кога раскинале ако дечкото сеуште сакал нешто со неа брзо по разделбата ќе ја побарал, наместо на секоја нејзина покана да излезат да прават муабет тој постојано да ја одбива као демек е зафатен. Кога се сака, време секогаш може да се најде !
    Пробај тоа да и го објасниш ова на другарка ти и да и кажеш дека се друго е само надеж, која на крај може да излезе лажна без сите тие очекувања кои другарка ти моментално ги има.
     
  20. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Ајде девојки, ве молам за помош :)
    се мувам со едно дете една и пол година, го засакав како никој досега. Тој знае се, знае дека го сакам, но проблемот е тој што не го чувствува истото.
    Мене ми се здосади да чекам да направи нешто, па затоа сакам да побарам од вас совет... што на правам?? не можам повеќе вака ... ;(