Девојчиња бегајте од државава, кај што има малку поголема правда и заштита за жена, не знам што друго да кажам кога ќе видам ваков случај. Девојката во коментари има пишано дека бил пријавуван, ама секаде заштитуван зошто плаќал пари. Страшно...
I jas znam eden skolski moj ja samarase devojkata na sred carsija i ova pak so nego, stvarno ne ja sfakjav nea, a ovoj urup neviden.
Затоа што ваквите мажи се манипулатори и на почеток обично не покажуваат вакви знаци, додека девојката не се заљуби и не стане зависна од него, особено што постепено ја оттргнува од пријатели и семејство. Тешко е, но не и невозможно да се излезе од ваква врска.
Каква правда...во коментари мора да се докажува дека не е виновна. Никој не сфаќа дека тешки манипулатори се, ќе симнува ѕвезди, ќе те натера да се заљубиш, да се скараш со сите да немаш кој да ти поможи, да не можиш без него. И обавезно ќе најдат нешто да ти речат ти си крива, да се осеќаш виновна. Без исклучок иста прогресија имат. И криво ми е.
Ноември е месец за подигнување на свеста за насилството против жени и сите ќе стават на профилна, поготово тие што први во коментари ќе поплукаат жртва кога отворено ќе си пише и признае. Ќе помине ноември и никому ништо. Членкава која беше, еве и јас исто како Агли што пишала последно би рекла од одма прекини општо при љубовни проблеми и совети. Спомнав ако се кае и гледа дека сака да се смени на подобро да му покаже до каде и се границите па да пробаат да се усогласат. Ама прочитав за со другарките што ја терал, другово не, читнав во коментари и дошол таму и по сето ова ми личи тој си тера по негово и ме зачудува зарем во 5 години да не примети дека е таков, ајде нема врска тоа до толку, туку дека нема простор за нешто стабилно понатаму. Советот е да работи девојкава на себе да не и се повтори исто или слично сценарио и на први знаци на сомнеж дека можно да е ваков некој во иднина да бега исто како и од овој. Ќе му се плашам бе, има тој мене да ми се плаши да ми пристапи, манипулатор. Каква прегратка што смирува и плаши, не е тоа прво правилна прегратка, а ниту љубов.
На другарка ми на работа и одеше со цел да ја посрамотува за да и дадат отказ за и тие пари што ги има да ги изгуби. Но пак по темите скоро секојдневно се пишува дека немаат децата гајле од малку плескање по газе, по раце. Машките деца ќе мавнат, скубнат за коса, ќе турнат женско и оправдани се со "машки деца што да се прави". Растат во насилници, жени ќутат зошто нормализирано е тепањето ако се пожалиш ќе те праша дали го нервираш и така.
Кога ги плескаат и ти велат "Немаш деца, ќути си" или "Моја работа е како ќе го воспитам" заборваат дека утре тоа дете ќе е нечиј соученик, колега, газда, другар, партнер... Мислам ако го пушташ надвор од прагот, и те како не е само твоја работа како го воспитуваш.
"Машките деца така покажуваат симпатија" и "ама ти си девојче, не треба да се тепаш, кој ќе те сака утре таква" беше актиелно во нашите училишта. Второво ми беше кажано мене лично, кога удрив една гнаса што ме удри по задник. Од мали нозе учени да им се прогледува низ прсти, а девојчињата да ќутат. Уф, ми се гади
Далеку е ова од љубов, ова е тортура, вистинска и ако не се свести жртвата на време, ќе западне во поголема невоља. Денес е забрана за колеги и муабет со нив, утре ќе и забрани до мајка и да пди ако се во брак. Не викам дека не си во право но членката бара начин да го оправда.
Сега си го враќам филмот, колку наставници ова го гледаа и не превземаа ништо. Се жалевме и ништо. Имаше и погнасни работи и ништо.
Tочно не се криви, ама имаат одговорност спрема себеси, кога се свесни ете како членката да почнат да работат на себе, сами или со стручна помош, нивно си е тоа. Сега дочитав, на крајот уште овој ја допонижил со тоа што ја направил виновна, како демек заради тоа што таа не му давала пристап до нејзините профили не им оди и и раскинува. Какво бедно уценување. И уште и дава простор за кафе- мафе бе, допониж поголем, амин. Ауууу се нанервирав, аман девојко бегај од овој и никогаш, ама буквално никогаш да не му се јавиш, а и да го видиш на улица само одмини го. Во моето основно кога постојано вербално подоцна и физички ја задеваа машките една од ученичките ги пријави и престанаа. Какви се тие училишта и наставници каде на вакви пријави и реагирања се молчи? Се пријавила ли некаде непрофесионалната работа на таквите просветни лица кои имаат и покрај образовната и воспитна улога? Што нема да прочитам, страшно, да се плашиш кој ќе ти ги учи и воспитува децата на училиште и што конкретно ќе ги учи.
Луѓето кои се жртви на семјно насилство/насилство од партнер, во просек 7 пати заминуваат и се враќаат, пред да си заминат заекогаш... if ever... Проблемот е во психичката тортура и девалвацијата на жртвата како личност. Едно е некој што те плеснал еднаш по задник, друго е ден-за ден да живееш со она што им се случува на жртвите на насилство. Не прашувајте 'Зошто не си оди?', не им помага. Дополнително ги виктимизира.
Каде јас го прашав ова? Еве олеснителна околност е што тој и раскинал, ако е се така како што навела, што ја става во ситуација или сама да работи на себеси или со стручно лице, како што наведов што да прави понатаму со нејзиниот живот. И посакувам секое добро на неа и на сите други што си ги набројала во позиции исти или слични на нејзината што трпат секакви форми на насилства од партнер, изневерувања итн. да не редам да се охрабрат и работат пред се на себеси. Каква виктимизација гледаш во ова? На крајот од нештата ако некоја личност сама не сака да си помогне залудно е се и пишано или непишано, така што се е личен избор во животот.
Се во животот е личен избор. Баш сега те читам во една друга тема каде што велиш ние возрасните треба да преземеме одговорност или ќе бидеме вакво никакво општество епа исто е за секој од нас индивидуално, не само општествено. Бидејќи општеството знаеме од кого е сочинето. Сепак можеби не се согласуваме и различно гледаме двете на оваа тема па подобро е да остане на тоа. Читањето не е супституција за она што некои го стекнуваме преку едукацијата и работењето, ете ти подразмисли на оваа тема малку пред да препорачуваш кој што да прави.