Ќе ти кажам и што тебе лично ќе ти смени тоа? Поентата е кога се свесни да им се помогне и подаде рака. Пишав и еве пак се повторувам, за да ме разбереш подобро. Мора да работи на себеси личноста, да си ја подобри самодовербата, самостојно или со стручна помош или како неа лично и одговара, тоа е тотално личен избор.
Ама не е личен избор. Колку сакаш повторувај, не е. Перцепцијата за себе и светот околу нив им е толку искривена, што многу често, не ни гледаат излез од ситуацијата. *Лесно е да се кажи од страна.
Зорина, жртвите во таква ситуација не се ни свесни дека им е потребна помош... Тие толку многу се длабоко психички изманипулирани што не се тотално свесни во каква бездна се... И да им укажува и покажуваш, џабе е... Тука ѕвонат зборовите на психопатот не нашите... Вајлд е во право, жртвата најмалку 7-8 пати ќе си оди додека се реши да го остави... Таа е свесна веќе во каква тортура е, и 20 души секој ден истото да го кажуваме пак е џабе... Се додека не се појави особа која би ја воздигнала од таа ситуација и ќе и го покаже поубавиот дел од животот... Значи психички пореметен опсесивно љубоморен манипулатор, така знае да ти влези во психа, што ти без него се чувствуваш како да пропаѓа светот.... Ретки се тие што самостојно се свесни дека им е потребна помош....
Дали е лесно или тешко е твоја субјективна претпоставка, остави да си пишам мое мислење без да му додаваш на тежина со вметнување на твои лични претпоставки, емотивно набиени и преувеличени гледано од страна, ај малку во твој стил да допишам Едно превидуваш во тоа што цело време пишувам
Девојкава како што ја прочитав и сфатив свесна е во што е навлезена, еве и ти си пишала дека е свесна. Олеснително е што тој и раскинал и сега таа е на потег да си тера понатаму со животот, а како сепак тоа е нејзин личен избор.
Не и раскинал тој, ја манипулира...и нема да ја остави раат. А и таа неможе без него, се фака за една прегратка и се заборава... Тоа е тоа што ти го велам, не е личен избор, во нормални услови да гледајќи ладно одстрана... Но ова е веќе во психичко малтретирање, нејзе мозокот и е преокупиран испран со него... Поголем дел од страв што ќе напраи, дел "љубов" , втор поголем дел навика... И така редум....
Тука никоја од нас најточно не знае дали трајно ќе ја остави на раат или не...навистина никоја нема предвидувачки моќи. И ајде да не ја дозаплашуваме со некои лични и субјективни претпоставки, би било фино ако е толку трауматизирана да имаме во предвид да не и долеваме масло на огнот. Спомнувам бидејќи пишала се плаши за безбедноста на машките со кои има познанства и својата, на што и укажаа дека типов или блефира или ако се плаши да предупреди кај личностиве и да пријави во полиција. Не оспорувам дека ова што го пишуваш е точно, ама факт е дека таа или било која во ваква или слична ситуација може да го раскине кругот, од тоа редум. Да не тагнувам членки погоре кои пишаа не е невозможно и пак би додала бидејќи сепак тоа е личен избор. Полесен или потежок за некого сепак на крајот од денот е сопствен и личен, своеволен избор кога си при здрава свест и разум.
Имам разнишана доверба во партнерот веќе 3-4 дена, без потреба така наеднаш. Како да барам нешто, му кажав и разговаравме. Се ми покажа, сите разговори и повици, па и повици од телеком апп кадешто не може да се избришат. Не ми е сеедно не знам зошто, иако знам дека 100% ништо нема и си правам филм во главата, а вака само ќе го оддалечам, бидејќи да е обратно ќе се објаснам 2-3 пати, ама не секој ден.
Може да, јас никаде не спомнав дека неможе да го прекине тој круг ама ќе и треба повеќе време... Само изјаснив ситуација како таа ја доживува оваа ситуација.. Од лично искуство и аспект... И најлесно е да се каже се, кога не е осетено на своја кожа....
Па тебе ти е досадно изгледа во врската па сакаш да си правиш проблеми да ти биде интересно.... Ај одете таму шетајте уживајте поминете време заедно и не си ставај бубачки во главата. КЕ го изгубиш во спротивно....
Не е моја субјективна претпоставка, туку е научно докажан факт. Ти реков да гуглаш за психологија на жртва. Има студии и стидии и студии на темата. Верифицирани факти. Докажани корелации. Во 'понапредниот' свет, сите овие знаења се дел од секојдневното живеење на луѓето таму. Се користат во сите сфери од животот, посебно легислативниот и социјалниот систем.
Еве пак со тоа претпоставките... Ај вака многу ме занима ако е осетено на сопствена кожа, ете си навела имаш искуство, твоево мислење е порелевантно од сите што претпоставуваш дека не осетиле на сопствена кожа? И друго ако многумина има што осетила на сопствена кожа како ќе споредиме која е повеќе во право која помалку кога се е субјективно доживување? Дајте поднамалете малку со тоа претпоставките, еве мене лично ми е сеедно што се претпоставува во врска со мене, ама спомнав еве пак ми падна во очи тоа со претпоставката нема да ја оставел на раат. Не е убаво да го чита тоа во вака осетливи моменти. Да пише за ден, два вака и вака ми се случи и бара совет во ред е, ама однапред правење филмови и претпоставки па и наметнување порелевантно и понерелевантно мислење и додавање на тежина или леснина на нешто сосем субјективно е многу неразумно.
Епа незнам кој цело време пробува да наметнува дека е личен избор вака така... Прочитај си ги коментарите назад... Ти не советуваш ако гледаме од таа страна, туку вметнуваш чувство на вина... А ние ти ја објаснуваме ситуацијата
Ама субјективно е и огромна претпоставка е кога наведувате не си осетила на сопствена кожа, како демек твоето мислење е помалку релевантно, а субјективниот момент е во тежината или леснината, субјективно е. Гулај и ти и ќе сфатиш ако здраворазумски не ти доаѓа дека сепак е субјективно кому што му паѓа полесно или потешко. Остај го понапредниот свет сега дискутираме за светов во кои ги има проблемиве на девојкава, неа тој понапреден свет не и значи и не и менува ништо, поентата е како да и се помогне и подаде рака. Напразно филозофирање, претпоставување или мерење полесно/ потешко неа воопшто нема да и помогне.
battered woman syndrome Читај, па врати се... ќе прајме муабет. Не го измислив ова јас, го научив од попаметни од мене... психолози, психијатри, невролози, социолози... илијадници луѓе работеле на проблематикава и дошле до некакви заклучоци. Попаметни од нас, пообразовани од нас, посебно во сферата во која работат. Значи не велам јас, стручни лица велат, јас само пренесувам. На тебе е дали ќе сакаш да научиш, или не... Со среќа.
Намерата воопшто не ми е некому да наметнам чувство на вина. Јас сфаќам што ми објаснувате ама вие од некоја ваша причина не знам зошто го разбирате ова, кога е свесна и еве и е чист патот, тој и раскинал, како ќе тера понатаму е нејзин личен избор. Многу едноставен факт е, исто како што мој и ваш личен избор е да си пишуваме тука конкретно на темава за овој преблем на девојкава.