Катастрофа сме 80% легално неписмени.... мислам... Премногу се апстрактни некои работи, за луѓе кои немаат основни познавања. Ни фали едукација. Очајно... *Се противат за ССО. А во тој предмет ќе се учи и за ова...
Со среќа и секое добро пишав на кои. Сувопарно споделување четива и линкови мене не ми значат, ти пишав што ми значи и од каде црпам сознанија и искуства и соодветно на тоа и посочив совети на девојкава. Имаме различно мислење и тоа е сосем во ред.
Многу погрешно ме разбираш тогаш, поточно моите зборови. Имаме различно мислење за темава и нема потреба од понатамошни напади со грешни толкувања и нерелавенатни претпоставки!
Друго е различно мислење, друго е да не прифаќаш факти... Дај те молам олабави веќе со тоа ПРЕТПОСТАВКИТЕ.....
Ако не ти е убаво со партнерот и сакаш да му раскинеш не мора да си бараш причина преку барање докази со вакви негови проверки. Мора да увидиш од каде доаѓа таа несигурност кај тебе за да го прашаш и тој да ти се објаснува и докажува.
Научи културно да дискутираш и не се ДЕРИ разбирам, за разлика од тебе. За претпоставките се однесува вие се знаете кој што и како осетил на сопствена кожа... Совет и дадовте за разлика од мене, не? Фокусирајте се на тоа, за спамирање и замарање се чита ви лежи, некако тоа лесно ви паѓа.
Јас невидов некаде дека некултурно се однесував, тоа што тебе ти смета мислење и се нервираш е твој проблем. Да не кршкаме веке од темата ДОБРА НОЌ
Болдот - страшно. Остатокот од мислењето нема потреба да го читам, се ѐ кажано во болдот. Со една реченица се кажуваш,а после се правдаш. Секогаш е истото,жртвата е виновна и мора да работи на себе - WRONG! Истото пак - WRONG! Жртвата не е виновна и не треба да работи на себе ниту да посетува психолог. Един на кој му треба стручна помош е насилникот. Не мора да ти болдирам така. Nope, тој не и раскинал тој емоционално ја цица. Си чула за емоционален вампир. Е ко овој само уште пострашен. Светлата страна е што е свесна, а темната страна е што е кревка и исплашена, затоа тој и ги знае слабите точки и со тоа ја манипулира. Тоа се вика женска интиуција, кога има нешто има. Телефонски не мора да е, посматрај го однесувањето негово но немој да влезеш во некој филм ептен. Тивка биди ко ништо да не било.
Не е во ред, посесивно е и нападно ова однесување, исто е како што и машкото што љубомори на девојчето, само твоето без закани и физичко насилство. Ти рековме дека не е добро 24/7 и се околу партнерот да ти се врти, еве до што води, опсесивност, монотонија и досада во животот и врската.
Ми се сере од тоа : Поработи на самодовербата бла бла булшитови, дај смислете нешто друго освен ова клише старо години. Од кај знаете вие кому каква му е самодовербата и слично? Може постои причини за сомнежи и слично. Како си давате за право да нарекувате некој опседнат, сама си го барала и слично?
Не знам дали е интуиција. Живееме во мало место, се се дознава за 1 час ако се случи нешто. Повеќето време сме заедно, секој ден, најчесто излегуваме заедно. Мислам дека ми се јавува сомнеж поради тоа што читам овде што им прават дечковците на девојките и јас во главата си велам а што ако тој го прави тоа. Секогаш ми кажува каде е и со лого, и пишуваме, се слушаме, имам лозинка од неговиот тел и никогаш не го крие телефонот, напротив цело време јас го управувам со телефонот што и како. Мислам дека непотребно се оптертувам.
Кога немале социјални мрежи посреќни биле. Ако лошо ти влијае, не читај, помалку интернет, повеќе среќа во реален живот. Некогаш интернетот знае да е многу токсичен. Не си прави проблеми кај што нема.
И јас така мислам. До сега никогаш не сум се сомневала. Но случајно читав овде како дечко и имал друга, ја изневерувал, пишувал со други и мислам дека потсвеста работи во тој правец "што ако мене ми се случува тоа?". Сепак ќе те послушам, што помалку интернет - толку повеќе среќа и непотребни мисли.
Се согласувам за делот со интернет на членката што го напишала. Само би додала дека немате потреба од толкава контрола со пасворди и слично, може да доведе до гушење во врската од толкава контрола. Некогаш и да го врзеш човекот, џабе е, ако сака да изневерува, ќе изневери. Уживај си во врската, не ти требаат ни пасворди, ни контролирање, ни споредби со други врски од интернет. Секој пар си е за себе и своја приказна. Не се изневеруваат сите, колку што читаме случаи за врски со проблеми, исто толку има и врски што се среќни, без изневерување и слично.
Преголема контрола, човек ќе се угуши. Не ви е малце незгодно да буричкате по интимата на партнерот, да чешлате разговори на соц мрежи па ете и со негова дозвола да е?
Јас искрено не би му буричкала ама би барала друг начин да ги потврдам или негирам сомнежите посебно ако некој ми дал причина за да не му верувам. Не е опседнатост туку не сакам некој да ме прави будала и да ми го троши времето.