А зошто не ти значи да се запознаеш со нешто, да се едуцираш? Секоја индивидуа реагира различно во таква врска, зависно од претходната ментална состојба, емоционална зрелост, носење со предизвици, детство.... Останување во токсична врска има многу повеќе со тие работи отколку со некаков сопствен избор. Да додаме на тоа и дека да сакаш некого - вистински и длабоко - уште толку ти отежнува да донесеш одлука. Секако дека секој човек треба да пресече и да стане свесен и да ги преземе работите во свои раце. Ама ништо не правиш со тоа што ќе ѝ речеш на жртва дека е нејзин избор и измеѓу редови дека сама си е крива. Апсолутно ништо, нема охрабрување во тоа, само обвинување и додавање чувство на непотребна вина. Ти ги прочитав мислењата и ти ја сфаќам поентата, само не мислам дека се изразуваш соодветно.
На двајцата им треба стручна помош, ама тука не се обратил дечкото, таа е свесна за проблемите и еве зошто и треба Сум чула, да и видела, посведочила на такви, ама тука ниедна со сигурност не знае дали ќе биде така и со него. Еве и да ја бара ќе го избрише и блокира, ќе предупреди луѓе за кои и се заканувал дека ќе стори нешто и во краен случај и полиција ќе реагира. Од премолчување ништо не се добива. Од работа на себеси да, и точно е светлата страна е што е свесна и пишав многу пати погоре треба да и се дадат добри совети и подаде рака. За другото да ти се објаснувам излишно е кога по долгата дискусија вчера не сфати ти и другиве што сакав да кажам, ама ајде ќе се правиме глуви и слепи и ќе вртиме во круг а совет за членкава никаде. Секаде што би било кога би било, тој вака, таа така, а гледате дека е преплашена па дополнително потресувајте ја со тоа дека тој немал да и се откачи.
Па не е стресување, реалност е. Ако ја следи и е опседнат со неа, треба да биде спремна на тоа, а не да и кажеме иди сеа на психолог и типов магично ќе го снема. Да, работа до стручно лице секогаш е потребна, без разлика за каква ситуација се работи и дали е вооппшто ситуација или работа на личен развој. Ама некогаш има поприоритетни постапки, а тоа што алудираш на тоа дека она сама се нашла во ваква ситуација ради недостаток на самодоверба и слични срања, се баш тоа, срања. Ако нежаш нешто паметно да кажеш, поќути си, а и не си несфатена на сите теми, туку ти не разбираш дека во твоите ставови и мислења е проблемот.
Не и треба стручна помош и треба членка да и каже дека е МНОГУ ХРАБРА. Не и требаат такви ко тебе што не бираат зборови да и кажат дека е НЕСТАБИЛНА. Жалосно.
Точно не се изразив соодветно и баш ми е криво, затоа што ете се доживува како напад од типот сама си е крива, а воопшто не сакав така да делува. Ама ете не сме сите надарени за мотивациски говорници Со твоево апсолутно се согласувам. Се согласувам и со @New live што напиша, никаде јас не го оспорив тоа, ама треба да се погледне и од друга страна и да се сфати поентата што ете ти си ја сфатила, ама пред се да и се помогне и подаде рака на членкава. Читајте и ги постовите буквално бара поддршка, совет и каде да се насочи, затоа јас и така ја посоветував каде да се обрати бидејќи се што си напишала ти на почетокот тие стручни лица поточно и подетално од сите нас тука ќе проценат и ќе ја насочат што да прави во сопствениот живот, од таму тоа дека е нејзин личен избор.
Не можам а да не се изнасмеам. Членката не знае веќе глава кај и е од стресови и нервози таа и вика работа на себе чиниш се работи за обична кавга. Се гледа дека не била жртва на насилство, затоа не знае како им е на другите што поминуваат низ истото. Ама добро, од страна секогаш е лесно да се соли памет.
Проблемот е што не сфаќате сите како @Angie1432 паметна таа. Друго ако сум јас тема на муабет ајде почнете со ферманите, на што алудирам, како итн. а воопшто намерите не ми се такви. Се друго, за коешто и јас исто пишувам, сумирано е во една твоја реченица и тоа е тоа Е сега работата е како да ја насочиме и пред се каде за да и таа целосно го сфати тоа, ете моите мислења дека несфатливи па ќе ви препуштам на вас посфатените да ја советувате и насочите.
Нели ставот на @Zorina е да жртвата собери сили и поработи на себе за да излези од насилна и манипулативна врска? Зошто толку ја напаѓате, или па пропуштам нешто? Никој не го оправдува психопатот, за него нема спас ич. Но, неговата жртва и то како треба да се тргни од него, ама најчесто се наоѓа во позиција да зависи од насилникот и не го напушта. Е сега, џабе некој ќе и зборува да се тргни од него. Моја блиска другарка порано стално налетуваше на вакви пациенти и џабе беше се’ шо сме и кажале за да се тргни од нив, одеше со глава во зид. Значи, жртвата треба самата да пронајди ефективен начин, дали психолог, дали запишување на некаков курс, хоби, нешто шо ќе ја натера да почни да се става на прво место и да го батали ѓубрето пред да стани полошо.
Пропушташ, пропушташ еве што да пукнеш од пишување секакви претпоставки, тоа пропушташ. Не мора да е мој ставот, бидејќи и реално не го смислив јас, тој е став на стручните лица и многу мои колеги и соработници низ мојава работна кариера, ама ако ви е поинтересно да се фокусирате и смеете на ставот дека треба да започне да работи на себеси слободно продолжете си во тој стил. Само не заборавајте да ја посоветувате и насочите девојкава. Нејзините проблеми независно што вие мислите или правите во врска со мојот став пак ќе се тие истите ако не се поттикне и мотивира каде да се обрати.
Па нели претпостави дека не сум била, сега ти текна културно да прашаш пред да претпоставиш било што? И дали сум била или не како е тоа поврзано со темава и проблемиве на членкава? Ете и вчера прашав дали ако си минала низ тоа советите што ги даваш се порелевантни од некоја личност што не поминала а можеби има големо професионално искуство и познавање од темата? Ова некако му доаѓа како немаш дечко/ маж/ дете... немаш право на сопствено мислење по тие теми. Дајте да дискутраме разумно и пред се да се посоветува членката, се друго е помалце битно.
Ете јас ти постирав линк да читаш знаење од професионалци, ама ти неќиш да читаш 'сувопарни текстови'
@Zorina имам другарка која втор пат е жртва на насилство, психичко. Дечко и брани се, речиси се. Она почна да оди на психолог, пие антидепресиви, од првиот маж веќе бивш уште трпи последици, сестра му ја тепаше, тој и го украде детето, триста скандали и направи, пријавуваше, се тргна од него едвај, уште се по судови, значи таа сепак се тргна од него тој уште ја прогонува, што правиме со тоа м? Вториот партнер, не ја тепа ама ја навредува, ја следи секаде, љубомори, не и дава да работи, таа го остави, тој ја малтретира од други броеви, ја чека пред градинка кога си го зема детето, и иако има подршка и посетува психолог, тој наоѓа начин да дојде до неа, значи повторувам, превземени се сите мерки и се залудни, шо праиме сега? Она избра да го остави, тој пак со неговите потези, и?
Шо е тогаш? Не слуша совети од блиски луѓе, не сака психолог, не сака ништо и продолжува со насилната врска? Како да се поможи?