Мое мислење е дека секогаш ви паѓаат во око некои егоцентрични мангупчина и си мислите тие на некој начин че ве водат во животот, демек маж прв ова она. А најчесто излегуваат насилници. Зборувам општо не за случајов, секогаш се водам како појдовна точка на познаникот мој, односно пријател, кој воопшто не го оправдувам што прави, но ете врти симаптични девојки, а карактерно колку имаат акл стварно немам проценето, ама да бидиш со такви садисти треба стварно да си мазохист.
Значи некогаш и психолог и полиција не е доволно да се спаси жртвата. Џабе сета подршка кога некој нема два грама мозок. @Stark на никој не пишува каков е на чело, на почеток ќе те придобие, додека се свестиш е предоцна.
Да бидиш тука за нејзе, да и помагаш да си ја подигне самодовербата, да ја слушаш кога сака да зборува, да ја земеш кај тебе, кога не сака да остане кај него... Ако стасаат до тоа да размислуваат да побараат помош, веќе пола работа им е завшрена, пошто се веќе свесни за проблемот, ти да разговараш со професионално лице и да побараш помош, како да и' пристапиш на жртвата.... Се' додека ги правдаат постапките на насилникот, сеуште им е дистортирана реалноста.
Нема врска со 'алфа' и 'бета' мажи. Во сите има насилници. Мисогинија е во прашање. Најстрашни се инцелите. Обратно се од 'мангупчињата'
И вака не и знам точни детали и се, ама од ова што си пишала можам да посоветувам да се обрати во полиција, пријава, записник па тие да излезат на терен.
Пријавено е, се е пријавено. Не се замараат. Единствен излез е да иде кај нејзините родители у странство ама повеќе од три месеци не може. Го направи и тоа, поминаа три месеци, мораше да се врати, и пак јово на ново. Иста песна на нов глас.
А што друго пишав јас, да работи на себеси и си ја подигне самодовербата првично, ама смешно е Истово го пишуваме неколку личности, ама секоја на свој начин, ете тоа е тоа, убаво пиша се.
Ова алфа бета сум сигурен дека не ни знаеш кои се карактеристиките, јас ти кажувам какви личности првин паѓаат во око на жените, не на сите ама барем повеќето. Многу ми е жал што се во такви ситуации, никогаш не оправдувам психичко насилство, а уште помалку удирање на жена.
Не може да не се замараат, ќе пријави во нивната внатрешна контрола, е од ова непријавување или незамарање стаса до случајот свекорот зетот да го застрела... Страшно. Не велам дека не затајува системот, ама биди тука за неа ете погоре е објаснето што ти како пријателка можеш да сториш за неа.
Не бе, не знам јас... вие го измисливте лани И не им кажувај на жени на какви луѓе се жртви . Менсплејнинг на друго место, со мене не! Не беше ни мангупче, ни курац, најобичен чоек беше.. дури и ме прашуваа 'Зошто се скарав со толку фино дете'
Значи кај нас установи, полиција, социјални служби ништо не функционира... За жал кој поминал низ тој пат знае како стојат работите...
Прво никаде не пишав сами одлучиле туку личен избор, од аспект се во животот што правиме е личен избор. Ете и сега како вчера вечер пак одлучуваме лично избрано од нас самите и денес да дискутираме на темава. И јас и други членки заклучивме дека е свесна и лично и пишав да побара стручна помош, особено сега кога тој и раскинал и не се заедно, значи ослободена е од неговото присуство во нејзиниот живот и личен избор е што ќе прави со нејзиниот живот. Толку едноставно е за разбирање, а толку да се комплицирало.
Јас сум била тука за таквите, сум ги ислушувала, сум им нудела да останат кај мене и знаеш што? Ќе си се смиреле со љубениот и јас сум била крива што сум сакала да им помогнам.
Не е толку едноставно, ако сфатиш дека жртвите често чувствуваат/мислат дека немаат излез. Не им си во главата, а и не сакаш да научиш како им е нив во главата. Нема потреба повеќе да се објаснуваме. Кој го интересира, ќе изгугла, ќе прочита. 2 реченици се доволно.
Ако. Подобро ќе ризикувам да бидам 'крива', отколку така да ја оставам. *Се разбира, не мора да мислиш исто ко мене.