Зарем цел живот ке го бркаш Ако не сака тој со тебе најдобро ке биде да се одалечиш од него и да бркаш дечко кој ќе те сака! Позз
не е само тој единствен, ок си го засакала и можеби потешко ќе ти биде да се одалечиш но најдобро би било тоа да го направиш, а можеби и тогаш ќе му текне дека може да те загуби и дека не е само он за тебе туку дека погледнуваш и др машки па може ќе се освести во секој случај подобро да се тргнеш одколку цело време да се замарш шо ќе биде со него, излегувај со другарки дружи се и гледај со нив да си поминеш убаво труди се да не мислиш кај е и шо праи
Девојки здраво..доколку се сеќавате на мене имав проблеми со момчето со кое излегувам,мислев дека сеуште ја сака бившата...и сеуште така мислам ,на ова му нема крај ! Деновиве бев болна,он тоа го знаеше,му кажав и секој ден ми пишуваше пораки ме прашуваше како сум,дали сум подобра и слично.Значи мноооогу убави пораки ми праќаше.Денес се чуствував подобро па му пишав,го прашав кога ке се видиме...предходно му титнав беше busy..и не ми врати на пораката,ево има 5 саати тој сеуште не ми има вратено...Од друга страна бившаму пред некој ден стави слика со него (од времето дури биле заедно).Следниот ден ја смена,вчера повторно ја стави,а денес повторно ја смена...Некогаш и негде-Владо Јаневски,тој ја имаше објавено а таа него лајк!! Уффф знам дека се банални работи но ме ИРИТИРААТ,МЕ НЕРВИРААТ ! Зошто сеуште му стега лајкови,става слика ? Но колку што знам тој нејзе ништо на фб...Се плашам дека повторно се плеткаат заедно...Можно е девојки нели ..?! Уфф ..Некој совет ......?
Се е можно. Ние неможеме да ти кажеме ДА идат или НЕ ти си измислуваш. Најдобро тоа ќе ти го каже дечко ти ако разговараш со него. Ова што ни го кажа нас кажи му го на него и види што ќе то одговори. Ние не сме во негова кожа. А лајковите не кажуваат ништо, е сега сликата... Може, но и не мора да кажува нешто, и мене би ми било чудно но јас би разговарала со него затоа што тоа ние ама баш ништо неможеме друго да ти кажеме. А за тоа што не ти вратил на порака кажи му, јас на пример многу му се лутам кога не ми враќа на пораки, збеснувам и затоа го научив на ред па сеа и кога нема кредит се гребе од негде за да ми врати Заборувај со него, само он може да ти каже.. И кажи му дека навистина е чудно таа да става слика со него, и дека тоа ти пречи ( таквото однесување). Ако нема ништо тој ќе и каже и ќе прекине тоа, а ако навистина има тогаш нема многу да му биде гајле. Истражи ги сите страни, има многу аспекти, можеби па таа намерно става слика и такви работи за да ве скара.. не е можно пак ќе кажам.
girl23 навистина ме фати криза, ама почнав да ја контролирам Околу остроумноста – сите (па и јас) сме паметни кога се однесува за друг и ги гледаме јасно работите, ама кога сме во некоја ситуација и некој ни значи, разумот не е баш на високо ниво chupe знам дека со сила убавина не бидува, а јас упорно форсирам, ќе запрам тука, па како ќе биде – така.Омраза кон него не можам никогаш да чувствувам, ако ништо друго сигурна сум дека ќе останеме во пријателски односи. Εј julie77 , да, ти го знаеш случајот целосно и благодарам за твоето мислење, ќе му препуштам се на универзумот
cvetce93,пред нецел час ми врати на пораката,а во нејзе во еден дел пишуваше дека ке ПРОБА да се видиме оваа недела,заради што имал нешто работа...несакав да го прашам што работа има за да не бидам многу нападна но океј.Иначе не ми е дечко,само се гледаме..значи не сме "официјално" во врска така да неможам да му го кажам сето ова но.....МИ СМЕТА бе ! и тоа многу ...полудувам од самата помисла дека таа е блиску до него а јас не...таа е во негова населба додека јас сум малку подалеку..и да не заборавам она не живее во Македонија туку во странство незнам каде а и не ме интересира хахах ..така да овдека е само на одмор..и пак ке си замине....ноооо уфф главата ми е помешана едвај чекам да се видиме па барем малку да дознаам нешто..само што незнам како би дознала......:\
за жал ништо неможеш да дознаеш ......највероватно девојката е тука на одмор и сака да си се забавува ...а машки како машки потпаѓаат веднаш, ако можеш да го оладиш би ти било најдобро , затоа што очигледно не те заслужува , ако свати додека е она тука , значи дека му значиш , а ако чека она да си отиде па да ти пријде тогаш дефинитивно не ти треба , затоа што истото ке се случива секогаш кога ке се појави она .
Барбиче што не сте ништо официјално во врска немаш право да бараш ништо од него. Ако сакаш да го задржиш типот ќе треба да си ја проголташ таа љубомора и во никој случај да не ја покажуваш пред него.
Фала ви девојки за советите...Многу љубоморна личност сум и заради тоа на моменти избувнувам но како што рековте ако сакам да го задржам ке мора да ја проголтам љубомората....друго не преостанува...немам сила да правам нешто.....смачено ми е.Со секое момче истата приказна е.Така да си го знам крајот и со овој,не иде долго...Уморена сум ...Што ке биде нека биде..
^ Barbice отстрани ја таа љубомора додека не е доцна.Ова ти го кажувам од лично искуство највеке бидејки јас вака ја изгубив личноста која не ми беше дечко туку пријател ама имав чуства за него,секогаш ги преувеличував работите за на крај сватам дека сум била грешка.Тоа што ставала слики е нејзино право а ти штом не си му девојка не се буни да не те откачи.Како и да е,прашај го зошто сево ова од нејзина страна.Не заслужуваш да се влечкаш со него а на крај ништо да не испадне.
Значи конечно му текна да звони на тел. Поминаа 5 дена и му текна да ме побара, но ја сум малер бе телефонот звонеше, а јас никако не можев да кренам бидејќи дугмето ми е расипано, се снаоѓам други пати, но овој пат никако не можев да кренам бе Ај си реков нема врска ќе му титнам по 2 саати. Му титнав сеа и тој ми титна. Само што не сфатив кој беше проблемот што не ми пишуваше ? Како и да е ништо не го прашувам... Нема врска...
епа чекај ке видиш што е работава.. се во свое време вака не можеш да погодуваш што се случува едностано остај ги работите да течат а верувам дека се се случува со причина
значи она не вршеше никаков притисок над него...беше целосно слободенн....и јас неа истото му го реков дека само рачка бара тојј....ама таа е премногу затрескана во него...опсесија му е... мора во секој муабет да го спомне.....се обидов со секакви муабети и зборови али џабее.... ке помине 1 недела нема он да му пишува на фб и ке го подзаборави малку и после ете го пакк...ИДИОТТ...!!! значи стварно незнам појќе што да правам и што да и зборамм....а неможам да ја гледам таквааа......не го заслужва таа оваа....
Значи баш убаво од твоја страна што сакаш да и помогнеш на твојата другарка.Ама ти се направи,сега е на нејзе дали ке продолжи по свое или не,повеке ништо не можеш.Мислам дека треба да ја оставиш да размиси сама дали вреди?Незнам колку години има ама треба да е свесна дека фраерот си игра со нејзе а таа заљубена душа нема што да праи и му простува.A да зборуваш ти со него?
19-20.2011. се неколкуте часа што ми оставија печат за цел живот...тешко да се наканам да искочам со дечко или некој толку да ми се засвиѓа...можда и господ ми донел болен начин за да запознам некој мој роднина..Уште пред 1 месец , уште на првиот поглед кога го видов знаев дека ке остварам контакт по било кој услов со дечкото..одма го адднав на фб..зборевме он имаше женска 7 месеци...раскина .. желбата ми се оствари...и по секојдневен муабет решивме да искочиме баш вчера..еднаш ми имаше спомнато дека неговите братучедки ми се роднини, знаејќи го брат ми..искочивме...и баш кога адреналинот ми се качи на 50-ка...кога се разбуди чувството пред да се муваш со дечко...ме пресече со муабетот...Изгледа сме роднини, татко ти го имаше купено моторот од нас..му се јавив во истиот момент на татко ми и ми рече дека ми е трет братучед..ни од далеку неможете да замислите како ми беше..во моментот ми поминаа 300 филма...и 1000 прашања...зошто сум толку несреќна, дали Куманово градот е премногу мал..или пак јас сум најголемиот пророк? Се гушкавме и бакнувавме 3-4 часа. се возевме на мотор...муабетот и моментот од предмувачки се сврте во братски..ме гушкаше и двајцата се запрашувавме зошто мораше вака да биде..иако дечкото е женкар, и покрај се, не му беше сеедно...нозете ми беа како пресечени...цел ден кога се спремав се тресев-имав предчувство некакво..и ете...колку се трудев, колку патев за бившите 2ца, и зошто пак Господ ми праќа вакви паѓања и рушења на моите сништа кога со цело срце ги очекувам...цел ноќ и цел ден го поминав прашувајќи ги моите околу него, дедо ми, татко ми, ми поминуваат секакви прашања и одговори низ глава, му вртев-не ми креваше , можеби сака да застане на спротивна страна, или можеби му е сеедно? Во моментот ми дојде да се обесам кога си отидов дома, дали да побарам помош од психијатар , немам сила да продолжам понатаму, секогаш бев цврста и се борев , зошто барем еднаш не ми возврати Бог со добронамерство? Зошто секогаш живеам во надеж кој згаснува ? Зошто, Зошто , Зошто.. Мил мој братучед , мила моја љубов, дали Бог те испрати да ги сретнеме нашите души во неповрат или само ме казнува безмилосно ?
Здраво Вечерва имавме ужасна караница со дечко ми почна од ништо заврши лошо. Се почна така што јас му реков дека на нашата свадба не ја сакам девојката која е една од најдобрите другарки на неговата бивша, едноставно не сакам да ја гледам на тој ден, денот кој треба да ми биде најубав и највесел во животот не сакам да го поминам во нервози, знаејќи дека особа што не ми е потребна е присутна на мојата свадба, и знаејќи дека после тоа ќе си оговара со другарка си. Иначе девојката е девојка на еден негов роднина не кој знае колку близок. Ме повредија многу неговите зборови, за прв пат после толку време тој ми се развика, кажа дека тоа се женски глупости, гласот му беше како полн со омраза дури и ми кажа дека во моментов не ме сака Ми вели јас си стојам на тоа и никогаш нема да го променам тоа мислење ни сега ни за 10 години, и тие ќе бидат на нашата свадба присутни исто и ние ќе бидеме на нивната, јас му еков дека само со ќотек може да ме натера да отидам на нивната свадба и да ја гледам таа Она што највише ме повреди беше тоа што рече дека ако јас не попуштам не попушта ни тој, и дека нашето може и да заврши, се она што сме граделе, сета наша љубов да пропадне само заради една негова си роднина која кога ќе си створи семејство нема ни да го ферма значи би ме испуштил мене само заради тоа, не ми е јасно како можеше тоа да го каже , особата за која тврди дека ја сака највеќе на свет, нашите планови за заеднички живот, за бебе, да отидат во неповрат само заради тоа што сакам на денот на мојата свадба да сум најсреќна на свет, и го рече исто така и ова.. Тој нема да биде присутен на твојата свадба, само ако во твојата свадба јас не сум младоженецот Многу ми е тешко , не знам што да правам , плачам цело време, човекот кој го сакам , и кој ми значи се, на кој му се предадов со душа и тело ме става на второ место
Ве фатила вас свадбена нервоза Дечко ти сигурно не го мисли навистина се тоа што го кажал, како па и ти така брзо сериозно сфати Кажано е во нервоза, спремања, подготовки, ќе се жени човекот, плус караницата ви била поврзана со бившата негова и може сфатил како да му наредуваш нешто. Инаку, јас не се согласувам со тоа дека таа не треба да биде таму, на тој ден нема ни да приметиш дека е присутна.На свадба се знае дека се носи придружба, не се оди сам, плус му е роднина, како да го викне сам? Не се нервирајте и карајте за глупости пред свадба, место да уживате, не ја спомнувај караницава, исто како ништо да не било и остави го да викне кого сака.
не воопшто те нема ставено на второ место. Понекогаш колку и некого да сакаме треба да сватиме дека не е наша сопственост. Не сме тие кој ќе им ги бира другарите, роднините или било кој. Стави се на место да ти каже дека твојата најдобра другарка нема да дојде на свадба само затоа што тој така сака. Дали ќе ти биде се исто? Сметам дека не си во првао, премногу се оптеретуваш со чисти глупости. Па на денот на вашата свадба ти ќе бидеш главна нема да ги гледаш ни твојте родители а камо ли некој си икс роднини. Премногу си себична и си гледаш сама за себе. Сврти се малку околу размисли и види дали си во право. Искрено сум била на твое место и знам колку боли но едноставно навреме ги отворив очите и сватив дека не сум во право затоа ти го давам истиот совет кој што ми го дадоа мене и ми помогнаа да спасам се што градев толку време. Од тогаш сватив дека можеш да му дадеш на некој совет но не и да го уценуваш или ограничуваш
Не се баш свадбени нервози свадбата ни е догодина во пролет ова ме мачи уште откако бевме дечко и девојка, ама денес пукна и морав да му го кажам , сериозен беше , го познавам, збореше како да не е тој, и неколку пати го повтори истото , јас кого сакам ќе канам, ти мораш да го прифатиш тоа и упорно повторуваше дека се тоа женски глупости И беше баш јасен , ако јас не попуштам ни он не попушта и дека се може да заврши и секако дека јас ќе сум кривецот за тоа Не сакам да ми биде таа присутна на свадбата која ја сонувам цел живот, ако она е присутна исто како таа да е присутна, а одвратна ми е таа особа, не затоа што му е бивша на некој начин , туку затоа што го прогонувала цело време, му се пикала, и сите го убедувале да почне нешто со неа ( највече овој негов роднина), и го фатила пијан и така почнало се.( а девојката е ужасно грда) Не знам зашто се однесувам може како тинејџерка ама ја мразам И мислам дека ако не го промени неговото мислење ќе нема свадба, или ќе правиме свадба само у матично со најблиските или свадба без ТОЈ и ТАА или никаква .