Не знам зошто уште се вложувате да објаснувате кога очигледно е дека не сака да прифати ништо од тоа што и го пишувате. На толку испишани страни и совети, дрво да беше ќе разбереше колку е токсично и нездраво сето тоа што и се случува и ќе ги применеше советите.
Најтежок е моментот кога жртвата е свесна, но сѐ уште не е спремна да го остави. Потребна и е поддршка, а не осудување. Додека самата не сфати, џабе е се. Процес е, треба време. Но тоа не ни дава за право да ја осудуваме. Жртва е! Можеби не знаете како е да си од таа страна и подобро. Рационално од страна сите знаеме како треба да постапи. Знае и таа само не собрала сила сѐ уште. Се надевам дека девојката има другарки или родители со кои може да разговара за случајот, без да биде осудувана. Во моментов и треба некој да е на нејзина страна, а не против неа. Те цитирав тебе затоа што твоето мислење беше последно. Се однесува на сите мислења погоре.
Не знам како процени дека ја осудуваме. Сите овде сме на нејзина страна, и ја разбираме маката, и сме и најголема поддршка да го остави.
Јас дигнав раце од пишување по вакви теми. 90% не ни ги слушаат советите и продолжуваат по свое, остануваат во токсични врски/бракови иако трошиме време и живци да се објасниме зошто не се во право. Секоја чест за оние 10 кои ќе превземат нешто.
Во смисол да се воздржиме од коментари од типот на туп човек, дрво и на нив сличните. Како би имала жртвата доверба да го каже проблемот ако добива таков третман? Не гледам поддршка во такви зборови иако сум сигурна дека позадината не е со лоша намера.
Се согласувам дека нема потреба од навреди. Ако ја следиш дискусијата од почеток, ќе ти стане јасно од каде почнуваат малку посуровите коментари. Извртевме муабет од 30 страни, милион приказни споделени, членки кои биле во иста ситуација, жртви на насилство итн итн, поддршка од секаков тип доби девојката, за на крај таа да пише дека она од психопатот кој ја тера да го батали факултетот и работата, викендот добила љубов како никогаш до сега. Епа молим лепо
Никој никаде не ја осуди членката, баш напротив и дадоа мислења, совети и поддршка и никој не го негираше фактот дека е жртва. Уште пред некоја година почнала да пишува на темава и нема ни едно нормално мислење за него и нивната врска. Типов со години константно ја малтретира, понижува, си лечи трауми и комплекси. Па после се ова треба сериозно да застане и да се запраша што прави и да ги примени советите од тука, ама наместо тоа таа доаѓа со ново мислење дека сепак се чувствува сакано и дека тој ќе се смени. Бајки.
Да разбијам сивило во темава со убав проблем Што би подариле за роденден на дечко? Ова е прв роденден на било кој откако сме заедно и сакам да му дадам посебно внимание. Дента нема да можеме да сме заедно, но секако подоцна ќе прославиме. Инаку е многу скромен и нема некои огромни желби. Не чита па книгата отпаѓа. Не сакам парфем да не е basic но стварно немам идеја. Хоби му е музика, коли, шах. И да не е премногу скапи јер студентски живот, но ете ако знам дека многу ќе му се допадне ќе дадам и малце екстра.
Мене нема да ми се потроши тастатурата ако напишам 3 коментари и разбирам дека треба време. Само ниту глупа е да промени, ниту не може да промени не се empowering пораки. Не е битно кога ќе разбере, битно е да разбере. Секако дека може да промени, само треба време.
Јас после се` овде што изнапишавме, добив впечаток дека она само сака него да го промени, ништо друго. Како и да е, мојот став барем стои непроменет. Дечкото е психопат, манипулатор и се` од најлошите епитети што постојат и ако остане со него животот пекол ќе и биде, натаму, како си одлучи таа, така.
За оправдувања од типот - имал трауми ко дете, затоа е таков, можам само да кажам: Сите сериски убијци биле малтретирани како деца, или имале тешко детство воопшто. Дали тоа го оправдува фактот што се сериски убијци? А што со оние кои имале трауматично детство, а се добри луѓе? Јас знам еден куп такви. Значи тешкото детство не е воопшто изговор за да малтретираш луѓе... точка!
Има еден куп добри дешавки и концерти периодов. Има jam sessions, има андерграунд музички настани и еден куп јаки бендови. Јас би зела карти за на некој таков настан. Од Скопје сте?
@penelope10 види го ова шо ќе ти го цитирам, плус можиш уште нешто ситно пример шал во Ваикики имаш за 250-300. Дека спомна сака музика. Ова од Академска Книга е, ако не се лажам сега е 400-500 денари. Ако не, кола од оние колекционерските во Џамбо, часовник или нешто од облека џемпер зимски, кошула.
Јас после се сваќам дека типката се ложе да контрола, секоја здрава женска индивидуа еманципирани би шутнала таков шутрак.