Јас обично прашувам што сака. Многу мислење ми е да погодувам. А и обично грешам. Знам најчесто поклони изненадувања не ми се допаѓале. Така да сакам да ме прашаат и јас прашувам. Најдобро е така.
И јас сум иста. Ретко купувам веќе за изненадување, од практични причини прашувам. Ниту да трошам пари на нешто што нема да го погодам можеби, ниту другата страна да биде разочарана.
Јас дури и одложувам купувања на некои лични работи зошто може да ги добијам за поклон. Сум добила тон непотребни работи досега како поклони. Уште една не ми треба.
Зошто машко ретко пишува прво... Стварно, ретко ми пишува... Ама кога јас ќе ми пишам иста секунда враќа и ми кажува дека за мене не е проблем никогаш, кога и да било може да излеземе, кога јас ќе речам пошто он е без работа моментално. Досега два пати бевме излезени
Здраво, барам мислење, се допишував со еден дечко, меѓутоа дознав дека има девојка и се повлеков, поминаа некои 6 месеци не знам точно, јас излегов со друг дечко ама не бидна ништо само кафе, не ми се свиѓаше, сега овој првиот дечко со кој се допишував ми пиша пак, почна повеќе да ми пишува не како првиот пат, кратко и јасно ми одговараше и незаинтересирано, а сега секој ден пишуваме стално и он прв пишува му кажав дека имал девојка а со такви не сакам да излегувам, ми рече дека раскинал, бидејќи го изневерила, сега сака да почне нешто доколку му се свиѓам и тој на мене, не знам дали да излезам со дечково, дали да му дадам шанса, ме мачи тоа што додека имал девојка пишувал со мене, сега раскинал и ми пишува ме бара, вака е се ок фин, културен ми делува, ама би излегле ли со некој така? Малце глупаво звучи, ама дали би го сметале тоа за неверство ако се допишувсте со некој а има некоја и после вас ве бара?
Прашај го дали го изневерила девојката како начин да му врати што тој се пишувал со други додека бил во врска со неа. Не би излегувала.
Не, затоа што тој наводно од после почнал да пишува со други кога видел дека ќе раскинат ама сепак пак се гледале
Да бе, предвидел дека ќе раскинеле, ама уште се гледале, значи уште биле во врска, значи ја изневерувал со тоа што пробувал нешто со други. Ако ти си ОК со тоа дечко ти да се пишува со други додека е во врска со тебе, излезете. Јас лично не би, ќе мислам цело време дека ќе ми го направи истото и мене.
Јас не би излегла, секогаш одам на ставот дур си во врска не смејш да си дозволиш да си пишуваш со други, раскини па прави што сакаш. Ако се допишувал со тебе дур бил во врска, можи да си пишува со други дур е со тебе во врска, секако ако одлучите да сте заедно. Не знам јас не би имала мир ако знам дека си пишел со мене дур е во врска, секогаш ќе има сомнеж дека можеби ако е со мене пак така ќе прави. Сепак тоа е мој став
Не би излегла. И на неговото допишување гледам како на изневерување, односно не бил верен кон бившата. Зошто да мислам дека ќе ми биде верен мене?
Дали во врската се правите со договор или имате и спонтани моменти? На пример да купите карти за утакмица и да го изненадите, тој да купи карти за кино, да ве изненади без повод макар со ружа? Кај нас нема ништо такво, се е со договор и ми станува досадно вака. Ако не му потврдам некој план не сака да правиме ништо. Еднаш не направил ништо спонтано. Не знам дали ова е во ред...? И дали понекогаш плаќате вие цела сметка? Не знам, не сум била до сега во врска, првпат сум. Другарки викаат машко не требало да прифати се да плаќа женско, а кај мене кога плаќам јас се мојов не се буни воопшто. Понекогаш делиме сметка, некогаш плаќа се тој, некогаш се јас. Во ред ли е така?
Во врска се делат финансии, нема зошто некој да не финансира. Тие што чекаат машкото да плати, во ред нека чекаат, ама да не се бунат кога машкото ќе побара жената да чисти и да готви и од дома да не излегува. Тоа се традиционалните улоги. Кај не толчи општеството, не даваат еднакви плати на жени како на мажи, уште сами фали да се правиме неспособни. Добро си правиш, некогаш ќе поделите по пола, некогаш тој ќе плати целосно, некогаш ти ќе платиш целосно.
Да, но живеам со еден родител само и немам толку финансии како него. Затоа демек не бил џентлмен воопшто, како прифаќал се јас да плаќам.. Една другарка денес ми направи таков муабет и ме стави во мисла. Средно сме, не работиме ни двајцата, но тој е поимотен од мене.
Не гледам јас овде проблем, за во љубовни проблеми. Зошто да не плати женското цела сметка ? Нормално е да плати и ти да платиш цела сметка, а не само тој. Некогаш ќе плати тој, некогаш ти, некогаш ќе си делите. Тука нема ншто чудно. Не е во ред само тој да плаќа. Другарките твои многу грешно те советува.
Ti fali romantika malce vo vrskata... osven ako ne go gledas materijalisticki i ocekuvas da te finansira...
Секако дека не го гледам така, не ни гледам така на врските и љубовта. Најдобри другари бевме со години пред да сме во врска.