Тој е поимотен, ама средна школа сте, што значи парите не се негови, туку на неговите родители. Плаќајте си по пола, некогаш ти целосно, некогаш тој целосно и кога ќе почнете да живеете заедно, ќе чистите по пола, ќе готвите по пола, ќе гледате деца по пола. Поубаво нешто од независност нема. Па некогаш ако немаш свои пари тој ќе ти биде потпора, и обратно, ти него. Ама тоа во брак и кога ќе печалите сами. А џентлмен се гледа дали е во други работи.
Ne ja doprocitavizumiv, spijam odvaj po 5 saati vo den, dve rabkti posociv ete.. valjda malce torko e za ramnticni raboti..
Да, во ред е. Ние вака правиме уште од почеток на врска. Не гледам зошто само тој да плаќа, ако сум женско не треба да чекам од друг.
Двајцата не работите и испаѓа фамилијата на дечкото да го спонзорира излегувањето ако не делите. Така да, да во ред е и фер е да делите. Ако некој сака да почасти супер, ако не по пола. Јас сакам договор, зависи за шо. Ако е едно 'ај да пиеме кафе', не ми пречи да е спонтано, ама за други работи сакам план. За делот со ружите пример јас не обожавам такво внимание. Мислам не знам како да реагирам, чудно ми е. Ако е добар, ако ти одговара, ако ти посветува внимание, најмалку битно е да те изненади со ружа. Ама те разбирам дека можи да ти е напорно и да ти здосади. Кажи му за ова, разговарајте дека ти пречи, или пробај изненади го ти со карти за кино да видиш како ќе реагира. Некогаш не е дека не сакаат, туку не им текнува.
А, околу спонтаноста и тоа што се ни е испланирано како роботи? Тоа ме нервира повеќе. За финансиите и јас мислев дека вака е во ред само реков да прашам, немам со друга врска да споредам искуство.
Мислам дека нема проблем во твојов случај. Така треба да биде. Средно сте, нема свои финансии, како што и ти немаш. Се е океј додека не те форсира да одите на “скапи” места, кои ти не можеш да си ги дозволиш и да очекуваш да платиш. Би се согласила до душа дека фали малце џентлменство и манири. Една ружичка , чоколадо from time to time, ситници од 100 денари што многу значат. Ама можам да го препишам на тоа што сте мали, веројатно несериозни.. Ти му имаш купено нешто вакво спонтано?
Да. Често земам чоколадо за двајцата, неодамна му купив новчаник зошто рече му требало нов да си купи и викам јас ќе го изненадам. Може не е марка и нешто прескапо ама му купувам. Од него ништо не сум добила.
Не е во ред само машкото да плаќа. Јас до лани судент, само со стипендија, од дома не ме финансираат, а дечко ми вработен со доста висока плата, никогаш не сум дозволила само тој да плаќа. Еднаш плаќа тој, еднаш јас, така сметам дека е во ред, иако е вработен нема зошто само тој да плаќа. Кај нас се е со договор и сум океј со тоа, досега не ми здосадило .
Таа кажа дека кога она плаќа тој воопшто не се буни, што значи дека во глобала повеќе таа плаќа отколку тој. И потоа тоа го посочува во коментарите дека тој е поимотен од неа, дека се со средно односно сеуште се тинејџери. 50-50 е идеално спрема мене.
Епа тука е проблемот, а не во плаќањето кафе и делење сметка и финансии. Секој сака да биде “spoiled” од партнерот некогаш. Му фалат манири, или пак не е доволно заинтересиран за да се замара. Ама средно си, ја не би се замарала на твое место, ако ти е здосадено-раскини. Имаш време, ќе доживееш и поголеми “љубовни проблеми” од овој, а и ќе запознаеш некој што ќе те третира како што заслужуваш ако си паметна и не си го трошиш времето со врски во кои партнерот не се дава 100%. Уживај во младоста, учи од грешките и бирај паметно.
Чисто да се надоврзам на проблемот на @Stormii. Што ако партнерот ама стварно ич не е романтичен? Еве неколку месеци сме заедно, ни цвеќе ни чоколадо ни ништо. Дали тука гледате некој проблем? Не дека ми смета, само помислив на тоа сега кога читам. Студенти сме да, и иако е од имотно семејство, со пари е многу претпазлив, но сепак гледам други парови околу мене каде има многу вакви романтични гестови, а и тие се сепак студенти.
Во таква врска бев. Околу мене студенти исто сите беа и сите имаа гестови, патуваа, само ние не. Сега кога не сум со него сфаќам колку очајно сум била третирана. Никакви гестови, никаква љубов. Секој сака да е изненаден и убаво третиран, да се труди некој за него.
Романтиката нема врска со финансии, човел што сака да те изненади ќе ти набере цвеќе од улица, ќе ти направи торта етц етц. Се зависи од партнерите. Ако двајцата се “аромантични”(што мислам дека не е можно, сите сме мааалце hopeless romantic), тогаш е океј. Ако едниот партнер сака нежости и романтика и внимание тогаш треба компромис. Јас не би била со некој што не ме “разгалува”, ама истото го правам и јас.