Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    @Stormii сѐ додека (или ако) тебе ти е убаво во врската, нема потреба да се секираш зошто не можеш да ја споредиш моменталнава врска со претходна или да ја споредуваш со тие на другарките. Секоја врска си е различна, сите луѓе се различни. Ако тебе ти е убаво, не дозволувај муабети/фалења на другарки од типот: ,,мене ме изненади - ми купи поклон, тебе што ти купи/ти има нешто купено?" да ти влијаат на врската и да те замислуваат слични (материјални) работи од типот што направиле дечковците за другарките, а твојот не.
    Некогаш и тие врски што од страна ти изгледаат совршени, се далеку од тоа.
     
    На simoncelicius, poi, Ivanaaa_K и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    998
    Пол:
    Женски
    Па да во право си, такви муабети често се прават и затоа се замислив некако.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Не би рекла дека се “фалења”, другарки се за да споделуваат работи. Ако она кога ги слуша муабетите се почувствувала лошо, скроз е легитимно и е доказ дека не баш и е добро во врската. Секако, не треба да споредува врски, и точно дека купување работи≠совршена врска врска, ама па не значи дека ако не и купува автоматски не е “фасада” за од надвор и всушност е совршена врска. Не е океј ништо да не ти купи дечко, да не ти посвети внимание, ситница. Значи буквално една ружа во два месеца е скроз доволен гест за да направи да се почувствува убаво. Нема човек што не се радува на ситници.
     
    На Angie1432 и Stormii им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    41.161
    Пол:
    Машки
    Ова важи за првиот дејт (ови). Понатаму секако дека ќе е во согласност. Не може цел финансиски терет да е на едната страна, а другата за да избегнува плаќања да си чека пасивно. :)
     
    На Waverly Raven и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    За кого како.
    Многу пати ме изгореле некои ситуации. Затоа, кој кани тој плаќа, според мене.
     
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    41.161
    Пол:
    Машки
    И што ако тогаш никој не кани од инат? Ќе си седите во паркче? :)

    Што знам, многу зрело ова се решава и кога си во врска можеш да се ослониш на партнерот и да си се договарате за плаќањето, еднаш едната страна, следен пат другата, некогаш делба, секако во зависност од прилика и финансии.

    Никој нејќе паразити кои чекаат некој да ги финансира. :)
     
    На simoncelicius и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сфати шо зборам, ама попаметно ќе ти беше да препрочиташ пред да имплицираш дека сум паразит кога више напоменав дека ме изгореле па сега пазам со кого идам.
    Кој кани тој плаќа значи еднаш ја ќе те канам и ја ќе платам, следен пат ти и така за да биде поинтересно.
    Ти ако сакаш да каниш женска, да изедеш бифтеци и после сметката да и ја оставиш е паразитското, ама важно мора одма се скока кога не може да злоупотребите некој. Фуј, подалеку..

    П.с. Се се работи според договор, ако сакаш да се инаетиш и да не комуницираш поубо ич не искачај, никој неќе да иде со незрело мамино синче, што неможе да заработува сам па мора да се гребе од женска.
     
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    1.538
    Врти сучи,се се врти околу парите :rofl:
     
    На honey.11, samovila.red., simoncelicius и 6 други им се допаѓа ова.
  9. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    @Stormii врската не е кантар па да се мери кој колку дал. Тука ке добиеш различни мислења, што е правилно за некој, можеби е безвезе за друг. Различни карактери различни ставови. Млади сте, немате многу искуство. Јас и покрај многубројните најстојувања дечко ми никогаш не ми дозволил да платам, се откажав од карање. Од друга страна не е некој што дава поклони тоа е ептен ретко, за разлика од него јас со месеци ги спремам поклоните сакам да е во негов стил, да му се допаѓа, давам без повод. Можеби кафе не плаќам али ќе го викнам па ќе направам пица, благо, грицки, ќе гледаме филм. Значи не можиш да ставаш кантар јас дадов чоколадо тој не, и плус машко е вервај дека на многу и не им текнува, особено на тие години кога немаат искуство во врска. Не слушај другарки сите сме различни. Ако ти смета нешто отворено ќе му кажиш, ако немаш во тој момент пари за да одите негде ќе му кажиш. Секако дека најмал гест на сите ни прави да се чувствуваме убаво али не сите знаат тоа како да го направат, можиш и да го подбуцниш некако, пр. кога ќе му дадеш чоколадо да речиш ајде нареден пат ти изненади нешто во тој смисол. Нема ништо погрешно ако имате договор за се, не функционираме сите на ист начин.
     
    На Ivan4e04, Waverly Raven, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  10. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.749
    Пол:
    Женски
    Колку е пребрзо/прекасно да се дефинира дека сте во врска? Ми рече дека не сакал така да излегуваме без да знаеме што сме, сакал да бидеме пар официјално. Се гледаме последниве денови, на кафе, на ручек, освен бакнеж немало никаква поголема интимност. Мислам дека е знак дека во добра насока се движи овој однос? Вие што сте во врски, како беше кај вас? Мажи, вие што мислите?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.631
    Сериозен е со тебе, те почитува, те цени, не сака да си игра со тебе и не си му само за забава и секс.
    Тие девојки што ми се допаднале многу, ми одговарале, со нив сум сакал побрзо да се одлучиме за статус врска, не да се влечеме ради реда. Со девојки што не ми биле толку при срце, имало само физичка привлечност, повеќе било како за забава, сум одолговлекувал за врска, најчесто и никогаш не дошло до врска со нив.
    Доколку взаемни ти се чувствата и на тебе, прифати да почнете врска и почетоков ви делува добро и стабилно.
     
    На cresa-jagoda и en5 им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.805
    Пол:
    Женски
    Подобро побрзо да дефинирате врска отколку да излегувате а да не знаете на што сте. Добро и правилно размислување има, со среќа. :)
     
    На cresa-jagoda, poi, penelope10 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Одма дефиниравме врска и ние. Прв дејт ни беше само кафе муабет, а пред тоа со месеци се имавме допишувано и како да го знаев со години искрено, ни идеше муабет многу и видовме дека и во живо иста енергија има меѓу нас како и на нет. Втор дејт ни беше и прв бакнеж и ми рече сакал денов да си го сметаме за почеток на врска, ако сакам и јас секако. Дефиниравме врска тогаш и искрено мило ми е што така беше се, немаше момент да се прашуваме што сме, па исчекување дали ќе биде нешто или не, туку веднаш се насочивме на тоа дека сме во врска и така се однесувавме. :) Мислам дека е супер дечково, зрело размислува и баш ти е boyfriend material.
    Сега вака заедно по неколку години со дечко ми што сме си правеле муабет, ми рече уште одма знаел дека сака со мене сериозна врска, а маж кога бил сигурен во нешто не чекал многу, затоа така уште одма сакал да почнеме врската. Според тоа мислам дека и во твојов случај се е добро. :D
     
    На cresa-jagoda, minne992, Snowflake99 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.749
    Пол:
    Женски
    Така си мислев и јас, фала што ми потврдивте. Навикната сум на идиоти што не знаат да почитуваат женско, па се изненадив што наидов на нормален и џентлмен. Затоа сум изненадена од секоја добра постапка и се премислувам дали е во ред. Имало и добри и нормални мажи (се надевам нема да ме разочара и овој, но го знам од маало од дете, секогаш бил фин дечко).
    Фала ви :hug:
     
    На Ivanaaa_K, simoncelicius, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    17.548
    Пол:
    Женски
    Кај мене, уште на почетокот ми кажа дека сака за сериозно, а истото го сакав и јас. Се беше спонтано и убаво.
    Мислам дека вашиот однос се движи во позитивна насока. Тој што е дечко за сериозна врска се познава уште на самиот почеток.
     
    На cresa-jagoda, minne992, NPN и 6 други им се допаѓа ова.
  16. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Ако може да ми пише некој/а член/ка да прашам нешто сакам. ^_^
     
    На Min4ey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.295
    Пол:
    Женски
    Ме мана точка после 100 години, љубомора. И знам дека ако сум љубоморна ќе му пукни филмот, вака или онака, а јас ќе си имам нова причина за стрес.

    Најде некоја втора работа за која ќе му треба маркетинг по социјални мрежи. И нормално следбеници има многу, од секаков пол, непознати. Еднаш имаше испад поради кој изгубив доверба (не неверство) ама помина време и не сум осетила дека се повторило нешто слично.
    Засега сама си се измачувам, ама почнувам и него. Знам дека чоек ако сака да напрај нешто, не му треба Интернет. Го поддржувам и се', ама наместо да уживам само мислам која е ова, која е она, уба е, згодна е, интересна е. Утре ќе треба можи и да соработува со некоја од нив, јас од сега размислувам дека готово ме изневери.
    Неќам да бидам ко дечковците за кои советував претходно. :(

    Другар ми секогаш ми вели дека животот го живеам ко да ќе ми се случи најлошото можно сценарио и во право е.
    Полесно ми е тука да пишам оти другарките се секогаш на моја страна. :drunk:
    П о м о ш, во смисла да ми шлепните во лице дека треба да се приберам и совет како.
     
  18. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    @Ugly Duckling како прво било која и каква да е клиентката, 100% не е поубава и по згодна од тебе и покултурна, прибрана и добра. Во животот за ништо не треба 100% доверба, но колку што знам човекот не е 20 години и сега ако паметот му е на паралелно ниво со годините, тогаш работата ќе ја оддржува максимално професионално без да мисли вака како што претпоставуваш.

    Сите во некој момент имаме љубомора, но најчесто се бубачки во глава. Реално ако има нешто, веднаш се дознава. Верувај не постои нешто што може да се избрише и сокрие. Приемер 2-3 дена си со него и ако тој има друга да претпоставиме секако ќе добива пораки и повици, затоа што и таа некоја ќе го бара. Значи не е возможно да се сокрие ништо.

    Затоа не се оптеретувај премногу, така ќе си влијаеш лошо на себе, на своето ментално здравје и расположение. Јас би ти предложила да разговараш со него за ова, за своите стравови. Прашај го што мисли за работата, дали ќе има доволно време да ти посветува, дали нешто ќе се промени помеѓу вас, што мисли за комуникацијата со странки и сл.

    За да ја пребродиш љубомората фокусирај се на себе. Запомни дека што и да се случе, животот продолжува, а верувај и во најлошо сценарио има мнооогу момци кои би мечтаеле да бидат со тебе. Вежбај секој ден по 1 час, промени ја косата должина или боја, маникир, направи си листа за сите убави работи што тој ги направил за тебе, постави си цели за 2023, стави го животот на временска оска каде беше пред 5-7-9 години а каде си сега? Дозволи си самата себе да бидеш сакана, бидејќи го заслужуваш тоа, не се обградивај со ѕидови. :hug:
     
    На sunshinebabe, Ugly Duckling, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.805
    Пол:
    Женски
    Добро е што си свесна за проблемот. Разговор, онака најискрено и отворено, може да помогне. Да те увери дека можеш да бидеш смирена и да не се грижиш. Кога ќе сфатиш дека девојки убави, згодни, интересни има насекаде, но ниедна од нив не си ти, тогаш нема да имаш проблем со сомнежи и љубомора. Девојки има куп, но само една е негова, што си ја сака и со која е поврзан на посебен начин, а само вие знаете колку го цени тоа и колку ти е посветен. Ако покажува дека е така, нема простор за грижи.
     
    Последна измена: 22 ноември 2022
    На sunshinebabe, joy1, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  20. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Како верувате на партнерот дека не ве изневерува? Знам дека довербата е многу важна, но како сте сигурни дека не крие ништо? Сите велат сека со време се се дознава, но познавам пареви (не лично) каде машкото веќе со месеци и години ја изневерува - тоа веќе е јавна тајна. Не знам дали толку успешно се кријат, или девојките знаат но им е сеедно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.