Nie toa ne go kazavme vo negativna smisla tuku da ne si go upropasti zivotot. Sepak taa si znae najubavo
Таа не ни праша дали да го роди или не, праша како да им каже на нејзините. Гледај си го дворот пред нос,не гледај во туѓиот.
И дадовме и совет за што понатаму, а таа си знае дали ќе го искористи или не.BtW не ни праша никакво прашање членката.Не гледам никаде никакви прашалници.А наше право,на секој член посебно е да си каже свое мислење. Паметно размислуваш.Нема вредност таков човек што те лаже.
Јас не верувам дека постои жена што не забележала дека мажот ја изневерува. Тоа се забележува. Дете бев, па забележав дека е чуден татко ми кон мајка ми, дека има нешто. Да, кога пораснав сфатив дека вистина имало други жени и мајка ми знаела се. И ден денес не се разведени заради угледот пред сите и заради детето (изговорот кога бев мала). Семинари кои траат со денови, во кола наоѓање женски предмети што не се на мајка ми, дома речиси ич не присутен, а и да дојде, ќе дојдеше мене да ме види, со мајка ми ладно. Не се чувствуваше љубов меѓу нив. После години нервози и мајка ми си имала швалери и така среќно си живееле пред народот. Битно пред луѓе најсреќни и најзаљубени. Па на татко ми после не му беше сеедно што мајка ми имала млад швалер, а тој што имал 100 швалерки никому ништо. Па плачење ќе прекинам и јас, прекини и ти со тој, не можам со друг да те замислам, тешки манипулации. Сакам други, а жена ми нејќам други да има. Одвратно. Овие ги знаат дома и жените свесно го избираат тоа. 10% случаи можеби стварно само да не знаат или не сакаат да поверуваат дека маж им тоа го прави. За девојката не знам што да кажам, млада си, те изманипулирал, не си крива во случајов ама од таков човек немаш фајде, бегај. Ретко кои вистина се развеле за швалерката, само мачкаат очи... И татко ми има вонбрачно дете, давал финансии за него, но не го има признаено, не му дал ни негово презиме. Одвратни се ваквите мажи и дај боже никоја жена да не ги трпи. Често швалерки и намерно се откриваат, на мајка ми и давале hints ете со женски предмети во кола, писма, заеднички слики, демек еве разведи се, со мене е, а како да не беше свесна мајка ми. Се сама си знаеше и си избра таков живот.
Тој ќе пишува со други, а јас нема испитите да ги спремам од чекање да ми врати порака? Слушај ја сестра ти
Девојче жал ми е шо си потпаднала под такво влијание веројатно и си ви поголем град, а него срам и арам да му е за годините и за то што лажи помлади и неискусни девојчина. Седни ги дома, сеа најмногу ти е потребна поддршка од твојте родители... и спреми се на секакви совети. Колку и да викаат сепак тие се твој и зборни и кажи им не чекај до последен момент и сами да дознаат кога ќе те видат во стомакот.
Јас мислам да одиш да абортираш сама, или со некоја другарка, пола саат работа во приватна болница, никој нема да знае, лажгото блокирај го секаде, и продолжи понатака.. Јас така би направила..
Се сложувам. Мислам, кога знаеш дека не сакаш дете, и знаеш дека партнерот карактерно е за нигде... нема потреба да му кажуваш. Да бев на нејзино место, сето тоа е само моја одлука, и нема да направам нешто што би ме лишело од поддршка и љубов во толку ранливи време..
Таа чим тука пишала мора да прочита разни мислења. Се сложвам со @Dumbledore и @нина122 истото би го направила
Види, ова решение со абортусот не е најдобро решение, ама е најоптимално, млада е, тек ќе го научи животот колку може да биде суров, ама би и честитала на храброста ако реши да биде самохрана мајка во Македонија..Секое дете носи среќа, и не значи дека ако го роди таа не може да му биде добра мајка, и мајка и татко, ама јас пример во поголем дел од животот сакам да одам по патека со најмал отпор, и дадов совет каков што би и дала на другарка, сестра, како што би постапила јас..
Не сум бремена фала богу,стигнаа резултатите прееска( морам ова да го кажам), а за типот прекинав секаков контакт со него,само ми е жал за жена му,ама тоа е.
Супер, мило ми е за тебе, главата горе и биди многу внимателна друг пат, не потпаѓај на манипулатори.. И барај си дечко на твоја возраст, чичковците остави ги на некој тетки..
Ви се случува ли да правите проблем кај што нема? Ништо лошо не се случува во нашата врска во моментов, си тече онака, рамно. Ама се нешто ме дрма анксиозност, се нешто барам лошо, се утепав од правење филмови. А стварно, стварно немам причина. Освен што ми смета тоа што е многу затворен и не искажува чувства и се си мислам дали пропуштам некоја полесна врска борејќи се за нас, чекајќи со денови, недели, месеци дури да се отвори. А немам храброст да прекинам, плус го сакам многу, само не знам дали ми е возвратено. Некогаш мислам дека ми е, некогаш имам впечаток дека не е. Има ли излез од ситуацијава?
Верувај си на претчувството. Врската и љубовта не треба да е мачна, не треба да молиш за убав збор, за да се искаже и отвори. Кога некого сакаш самото ти доаѓа веднаш да го правиш тоа.