Шо и да те мачи зборувај со партнерот, првиот столб треба да биди искрен и отворен муабет, без да оди кон навреди и аргументи.
Веројатно ова е резултат на разнишаната доверба кон него поради сите случувања што ги имате во врската до неодамна, па сеуште не си сигурна во неговите чувства, намери, и во иднината. Иако е стабилно како што викаш, знаеш дека нешто не е океј. И не треба да ја игнорираш твојата интуиција, туку подобро е да разговараш. Не мора директно и остро, со што би се направило проблем. Но, добро е да разговарате за иднината, за вас, и за сите работи, онака, спор, искрен разговор без притисок каде што дечкото ќе може да се отвори повеќе, а од друга страна, и ти да ја вратиш довербата во него.
Е аман нема шо тука мислење. Че му речиш сакам да поразговараме сериозно нешто, не се чувствувам добро околу некои работи и кажи му шо ти смета и речи му јас сум целосно отворена и со искрени намери и би сакал да ми кажиш да не случајно те мачи нешто зошто ми делуваш затворен итн итн.
Јас секогаш обожавам спонтани разговори кои доаѓаат сами од себе, без она: "треба да разговараме". Такви разговори најчесто се случуваат онака, сами од себе, во некој даден момент кога и двајцата сте расположени да се случат, баш од никаде. Друго, што би те советувал е секогаш кога разговараш за овакви критични и сензитивни работи кои може да влијаат на вас двајцата, е секогаш да го почнеш разговорот со комплименти, со убавата страна, колку убаво се чувствуваш со личноста, со евоцирање на спомени од некој убав момент, со споделување на твоите чувства прво. Па, да оставиш простор и другата страна да си ја каже таа позитивна страна, па потоа, спонтано да почне муабетот и за тоа што те мачи. За мене "треба да разговараме" има само контра ефект и би ме натерало да се повлечам назад.
Мислам дека го направив ова еднаш, пред месец дена негде. Му кажав дека ми е убаво како се движиме и би сакала уште работиме да сме уште поблиски. И по ова му спомнав дека ми смета што не искажува јасно чувства. На ова ми одговори дека чувствата секако се тука и и тој е задоволен од темпото, но проблемот е во тоа што тој страда од огромен недостаток на самодоверба, ниту има поддршка од домашните, ни друштво, многу се потценува, не си верува себе и општо е многу тивок. А порано имало девојка во која бил заљубен а која го искористила и истовремено одела со двајца, така што на неговите изјави на љубов и чувства бил страшно разочаран. И дури и ми кажа дека после тоа се плаши и му е тешко да се довери и 100% да прави како што чувствува, туку постојано е претпазлив. И сега не знам дали после ова да зборувам пак.
Ова е добро. Дечкото ти се отворил, и ти ги кажал неговите проблеми и стравови. Веројатно од тогаш и споро ви се продлабочува врската, и иако можеби не искажува чувства со зборови, може тука да се делата? А делата се далеку побитни од зборовите. Биди му безрезервна поддршка, особа на која може да се ослони и довери и смета во секое време. Секако, биди и личност која ќе му ја дига самодовербата, пошто се гледа дека му е тешко поради тоа што се чувствува осамен. (нема на кого да се ослони) Исто така е претпазлив и поради минатото. Со време, сигурно повеќе ќе се отвора и ќе ти верува. Ете, ова нека биде повод за разговорот. Може да го почнеш на тој начин, со комплимент, дека гледаш промена кај него, дека чувствуваш дека сега има поголема самодоверба... па веројатно и самиот ќе се надоврзи на темата и ќе го продолжите разговорот спонтано.
Да се надоврзам на мислењето. И јас на овој начин пристапувам, без тоа треба да разговараме. Уз муабет, додека си разговараме ќе го насочам разговорот кон темата, а дечко ми па е доволно паметен да сфати штом вртам одоколу и што е тоа што сакам да разговарам. Исто постапува и тој. Место да си поставуваш милион прашалници во главата и сама да си одговараш, разговарај отворено. Ми изгледа и ти како да си затворена особа штом не можеш отворено да разговараш со дечкото за тоа како се чувствуваш, а најверојатно и тој така.
јас сум малку подиректен тип и ко че е посериозна работата така пристапувам, не дека вашево не е добро.
Кратко, почнавме да се гледаме со почетокот на пролетта, но беше на далечина до октомври. Неколку пати во месец се гледавме во живо. При крај на септември имавме турбуленции, имам пишано и порано. Така да онака активно ќе му дојдат 2 месеца, а ако броиме од кога се понашаме како пар сосе далечината тогаш негде од април.
Стварно се обидувам, тука сум за се. И му кажав дека колку што се осеќа спремен секако, но може да ми се довери и да смета на моја помош или поддршка за што и да е. Му кажав дека сакам да имаме здрава врска и отворена комуникација. А секогаш го бодрам, му кажувам и нему, на успесите, колку и да се големи или ситница, се радувам како да е за себе. Што се однесува до делата, периодов ми е многу тежок и морам да признаам дека стварно беше тука. Осетив дека навистина се загрижи и беше тука и од помош. А и кога сме заедно, гледам дека му е добро, станува се понежен, поромантичен и помил.
Во првите 8-10 недели ако абортираш можи да поминиш без последици. Над 12та недела е премногу ризично така што големи се шансите да неможиш да имаш деца понатаму. Разговарај со родителите што побрзо то подобро,ќе им ја кажиш целата приказна,мора да знаат. Некријај,реагирај што побрзо. Премногу си млада да трпиш последици.Ќе се реши се само смирено.
Многу реално и искрено мислење. Не верувам дека некој може да не забележи промени во врската/бракот и присуство на 3 лице. Не секогаш, но НАЈЧЕСТО(да се разбереме не дека правам некој стереотип ама за да се издржи тој стандард на швалерај во толкава мера и издржување дома фамилија) треба да имаш добри финансии, функција и што да понудиш за толкав лагер на други лица да трчаат по тебе. Ајде еден/една да се замеша како 3 лице, ќе речеш се заљубиле може стварно (не оправдувам, повеќе разбирање за вакви луѓе имам) , за овие другиве се знае дека е од тие причини. Си пумпаат его на постари години дека трчаат млади по нив, а другата страна има материјална корист. Имам другар со слична приказна, неговите на високи функции, рекреативно секое викендче швалерај неговите си тераат, пред јавноста прекрасен пар, а децава им страдаат психички од дисфункционалното семејство што го имаат. Освен пари друго ништо не им понудиле. Нема шанси таквите да не знаат дека мажот/жената им шета на страна, кога и децата ги знаат. Другаров има и сестра помала, не им се одразува баш добро на психичката состојба тој начин на живот. Не ми се јасни вакви луѓе, децата си ги уништуваат за лични потреби. Дај им пари, терај швалерај и гајле нека не ти е за се дома. Што луѓе ќе беа не знам. Децата највеќе страдаат од овие ваквите. Некоја прашуваше за тоа како да си ја смири психата за мислата дека можеби и е изневерувана, а не дознала. Се забележува ако има нешто. Ако си посветен доволно во некој однос, најмала промена ќе забележиш во расположение и односот на другата страна. Не може да се скрие. Ќе почнат да кријат телефони, нема да се толку достапни, нема да сте им приоритет, ќе стане се чудно. Се забележува и кога некој сака да стави крај на врската, но не знае како, а не да не се забележи 3 лице дека има во односот. Не сум изневерил и не сум бил изневерен (можеби не сум дознал, не знам, не верувам зошто не сум се посомневал ), но секогаш кога доаѓало време пред раскинување се чувствувале промени дека има заладување во односот и не го има тоа исто однесување и посветеност на врската како на почетокот. Се се забележува, на нас е колку сакаме да си признаеме дека сме забележале.
Мене последни заследени ми дава кога ќе отидам на нечиј профил, потоа Following и скролам надоле да ги поминам сите што и јас ги следам и потоа надоле (тие што не ги следам) ми ги дава по ред (од најновите) што тој/таа ги заследил. Гледам некој дали ме блокирал на тој начин што гледам на инста колку Followers/following има, и потоа на Google одам на instagram.com/овдеusernamot и споредувам. Последно пишувани и најмногу комуникација се проверува само од телефон негов/нејзин во recent, или на некоја страна пример 9gag и во стрелката за да пратиш слика ти ги дава оние луѓе последни со најмногу контакт.
edit: му паднал телефонот на дечко ми го сјебал вчера екранот нема тел, јас се испокарав му изнапишав реферати а немаше ни сеен ни на тоа и од кај колега ми се јави синоќа да ми каже дека затоа го нема цел ден ми го сликаше и телефонот скршен. А јас се што ми лежеше на душа му изнапишав и се му дадов по капата. И ми кажа дека беспотребно правам проблеми кај шо ги нема, дека ради тоа шо е логиран на лаптопот постојано е активен. Правевме муабет, се извинив за моето избувливо понашање.