Е арно, те натерал да се извиниш, а во претходниот пост викаш цела недела така правел, цела недела не успеа да ти го сликне скршениот телефон? Плус пишувал со други, плус другите манипулации и непочитување што ги спомна, за на крај ти да му се извиниш што си избувлива
Да правевме муабет и за тоа, а телефонот вчера го скршил, ми кажа дека пишува да ама муабет поврзан со работата, или со пријателки шо ги имал и пред мене ништо фазла, ако сакал он да прави такви работи немало да биде со мене. Ми кажа стално ти е достапен телефонот, ако сум имал ја нешто тие разговори немало ни да ги најдам ќе биле делитнати, а за тоа што било навредливо му било баш тоа да не се замарам со небитни работи, како дете да се посветам на факс, и сто пати ми кажал дека ако он сака да оди со други и ако не ме сака немало потреба да е со мене. Сега и јас само најлошото го кажав дека нервозна, а има стварно и многу други добри работи што ги направил за да биде врската и да успееме. Има и позитивни работи.
Како те врти на прсте. Запамти, лутината која си ја чувствувала во моментот кога си била повредена од неговата непочит, е баш вистинското чувство. Сето ова мислење, премислување и жалење дека е супер човек а ти само си избувнала е чисто дупење на мозок. Не верувај. Трчај побрзо. Затоа што во иднина, ти ќе си виновна и одговорна за сета негова непочит, невнимание и гршка во врската. Верувај ми, зборувам од искуство. Долго и длабоко искуство.
Фала ви на советите, ќе преземам многу работи за да ја расчистам ситуацијта. Ќе правам муабет апла, најреално и искрено, ќе пратам ситуација ќе ве известувам за текот на настаните.
Абе убаво ти е да си имаш работа со тежок манипулатор? Барем да те прочиташе што му пиша,што ти лежи на душа, за времето што го одвои. Абе сами си прајте.
Да не биде залудно пишувањето твое на мсн… вчера го скршил телефон.. мхммм А што со игнорирањето што ти го удирал цела недела? Убаво ти рекол цитирам: “ми рече да си се посветам на факс,да не се замарам со небитни работи”. Па сега ти сама прочитај си меѓу редови, одлучи дали ќе трчаш брзо или ќе одиш бавно.
Тоа ми го кажа за да не се трујам, кај шо нема потреба. Во смисол да си ги пренасочам мислите на нешто позитивно, шо треба да се замарам. Убаво ми кажа дека ако он сака нешто такво, настрана , ќе ми каже апла, а никад не би изневерил зашо знае како било го имаат изневерено. Не викам не може и ме манипулира, ќе видиме што ќе искочи на крај. Ниедна тајна не е трајна.
Ќе те читаме пак тука за кратко, немој после не сум ти кажал. Али направи си принт скрин за да си ги прочиташ советите кога дојде време. Следна тема е: Што би му кажале?
Никој нема да ти каже дека те варал. И да го лупаш со чекан по глава нема да се даде. Џабе сами си правите лошо.
Не се прави со сила толку наивна, било кој ќе ти каже дека посакува да те изневери или ќе ти признае неверство во случај кога сака да ти раскине. Ретко кој признава неверство онака од чиста мира. По се што прочитав ми делува дека си имаш работа со манипулативен тип на дечко, ама најточно каков е самата ќе сфатиш со тек на време, па ајде и нека грешиме сите што вака сфативме од твоево напишано каков е тој.
Хаха, златна, истово го поминав, со истиве зборови и празни ветувања, па после карањето јавувања по 100 пати дневно демек види колку сум посветен. За се буквално имаше алиби, тежок лажго. Епа ништо не било точно и искрено, туку само маска за да си прави настрана шо сака. Ах да, дури и прстен ми имаше купено демек колку е сериозен. Среќа одамна е бивши, сега твојава случка ме потсети на тоа залудно потрошено време. Ти посакувам среќа шо и да одлучиш.
Здраво, дечки имав дечко една година, се супер се сложуваме и така тоа, додека вчера не дознав дека ме изневерил, дознав од другарка а видов и со свои очи, во парк со една девојка ја бакнуваше, како да се пар, толку ми падна тешко, другарка ми ме задржа да не се срушам, да не должам, проблемот ми е што сега кога кажав дека знам се и видов со свои очи, не престанува да ме замара со пораки и ѕвонење, како таа го завела, како она била крива, она му се пуштала долго време, он наводно ја игнорирал и се тоа, ама она го натерала на сето тоа, не ме интересира повеќе, не сакам да го видам само не престанува да ме замара како сум лоша што не му давам шанса, не сфаќам ништо, ме моли, со мајка му да зборам ми вика, ма 300 пораки ми испрати вчера и денес ми доаѓа број да сменам ама не можам работам преку бројов, како да престане дечково више не можам не сакам да го видам никогаш повеќе, ме моли да се смириме ми вика уште на работа ќе дојдам да те молам, се надевам тоа нема да го доживеам, како да ме остави на мира???