Валерија верувај, повеќе ќе те оговараат ако не ги викнете на свадба поради тоа што девојката на роднината е другарка на бившата на вереникот. Штом решил да го викне значи го почитува како роднина, и како би било да не го вика него на свадба а да викне сигурно некои поневажни од него? Не биди себична, во никој случај не дозволувај присуството на таа девојка (која како што добив впечаток не ти згрешила ништо) да ти го расипе денот. Баш напротив, биди највесела и најубава за да немаат за што да зборуваат
валерија за девојка која ќе влезе во брачни води искрено без да ми се налутиш делуваш незрело. се нервираш без потребно и безпотребно паничиш и се нервираш. Зар нешто што си градела ќе отиде во неповрат за било која не вреди. Но пак ќе ти кажам не си во право извини
не можам едноставно не можам да сфатам како може да каже такво нешто или ТОЈ на свадбата или ќе нема свадба како? Јас тоа никогаш не би го направила, не би си расипала се со човекот кој сум го одбрала за животен сопатник, не ме сфаќа не
И што ако го прогонувала?Кој се мажи за него, ти или она? Твое си е како ќе направиш на крај, ама сите до сега ти кажаа дека не си во право и дека се однесуваш детски.А на место на дечко ти и јас исто ќе реагирав.
едноставно затоа што сака да ти даде до знаење дека е свој човек дека има свое размислување и не е ничива сопственост. Бар сметам дека никој нема право да ни ја ограничува слободата, размислувањето и едноставно опкружувањето. Ти немора ни да се дружиш со неа од свадба на свадба и ништо повеќе но неможеш да му забраниш на него да се гледа со тие луѓе да пие пиво или излага. Тоа право го нема никој, го немаш ни ти
Замисли вака - ти имаш некоја роднина која не те вика на свадба затоа што дечко ти е другар на бившиот на невестата. Како очекуваш да не го викне на свадба не ми е јасно, а причината не ти е вредна, просто е смешна и апсурдна. Зошто уште се замараш со бившата кога веќе е решен вашиот статус? И да му се пикала, и да бил пијан, што дека, кога сето тоа било пред да имаш ти нешто со него? Да те изневерел со неа, разбирам, ама вака... не си во право, и немаш право да поставуваш такви барања.
Знам дека неможам, не го ни ограничувам тој се дружи со него, скоро секој ден се гледаат затоа што живеат во близина, ама тоа е моја свадба сакам да биде таква како што сум ја замислила, што мора таа да биде присутна? Кој фактор е? Освен што ќе гледа и ќе се смешка и после ќе оговара друго ништо нема да направи, а јас ќе му бидам жена , мајка на неговите деца, секогаш со него, и тој е спремен да го запусти тоа , да ме изгуби мене, зашто? Заради некој си роднина кој како што спомнав кога ќе оформи свое семејство нема ни да го ферма
Премногу драматизираш, мислиш само на себе и воопшто не ти е гајле за другата страна. Сама кажа дека се гледаат секој ден, што значи дека се блиски. Зошто да не го ферма роднината кога ќе оформи семејство? Знаеш ли зошто е спремен да одбере да остане на своето, а не да ти попушти? Затоа што никој не е спремен да го помине остатокот од животот со жена која му наредува и не го почитува, и низ нос му вади минато што нема врска со неа.
Слични караници сме имале ние со дечко ми кога бев помала, а се случуваа затоа што се инаетев без причина, а дечко ми сакајќи да покаже став уште повеќе се инаетеше од мене. Не го мислел тоа сигурно, а и не може својата идна жена да ја стави на второ место, мислам дека погрешно си го разбрала... Јас на твое место намерно би ја викнала да гледа колку сме среќни заедно и како ни е најубаво, за да има на бившата за што да и збори. Не се замарај и не прави драми од глупост.
мислам со многу ниски работи се замараш како прво твое е да ја поканиш а она што сака нека си збори (зар уште живееш за рекла казала) како второ ако терасш инает он може да ти рече да не каниш многу други драги личности ете од кеиф(како што правиш ти ) и трето и тој ќе биде твој маж, татко на твојте деца.... и до каде ќе стигнете ??? за поголема глупост не сум видел некој да се нервира дај олабави се малку и гледај малку реално, јави му се и среди си го односот дај му до знаење дека ти значи и дека неможе некој друг да ти се меша го сакаш него и сакаш да останеш со него е треба да го прифатиш онаков каков што е, нека си ја викне на свадба и не се замарај па ти си невеста не она
Се гледаат секој ден у смисол Здраво како си ? А пошто тој роднина е ..ај да не навредувам, но и он ми има сам кажано ако треба нешто да помогне го нема, а за помош ми свирка под прозор е баш вака си збори за неговиот мил драг роднина, кој одвај чека да види ладно пивце или ракија или нешто за јадење и да дојде да седне кај него ( човеков си е така мераклија по јадењето) не се нешто посебно блиски , има другари со кои е како браќа, десет пати се поблиски од овој , ама не инат го фатило, магарешки инат и не попушта А тоа си е општо познато дека секој кога ќе си оформи семејство, си гледа за семејството не за другите, тоа може да се очекува и добие и од најблиски роднини, а па не од вака подалечни
Фала девојки на советите, не му се јавувам вечерва и така фино ми даде до знаење дека не сака да прави муабет со мене, ќе разговараме за ова кога ќе се видиме, тоа ќе е за некој ден.
]Јасно е дека вистинската љубов нема граници, но што мислите за големата разлика во години на пример од 6 или 8 години. Ми се свиѓа едно момче 19 а помала сум......не дека планирам врска или нешто повеќе со него туку ме интересира што мислите, пошто сигурна сум дека не има многу што сме со големи разлики во години со партнерот 5,6,7 години не е премногу, но да би имала 16-17 години би се ’фатила’ со типов, ама сега немам во план.
Кај тебе емзи проблемот е возраста твоја и на дечкото, а не разликата во години. На пример ти да имаш 22 а тој 27-8 пак праи повеќе години разлика ама не се забележува толку. Штом ќе ја навршиш 18тата евентуално 19тата година, разликите во години нема така драстично да се забележуваат како сега.
она има 16 години... а неможам јас да зборувам со негоо..она е такво тип сака сама да ги решава работите...сака да ги убеди другите дека се и е ОК и дека не му е гајле повејке за негоо...ама мене не може да ме излажи...ја познавам премногу доброоо....и не верувам дека би ми дозволила да правам јас со него муабет....а и знам дека он е идиот така да пошто не сме со него во баш најдобри односи...мислам зборуваме алии од кога се деси ова јас го сменив мислењето за негоо...
19-20.2011. се неколкуте часа што ми оставија печат за цел живот...тешко да се наканам да искочам со дечко или некој толку да ми се засвиѓа...можда и господ ми донел болен начин за да запознам некој мој роднина..Уште пред 1 месец , уште на првиот поглед кога го видов знаев дека ке остварам контакт по било кој услов со дечкото..одма го адднав на фб..зборевме он имаше женска 7 месеци...раскина .. желбата ми се оствари...и по секојдневен муабет решивме да искочиме баш вчера..еднаш ми имаше спомнато дека неговите братучедки ми се роднини, знаејќи го брат ми..искочивме...и баш кога адреналинот ми се качи на 50-ка...кога се разбуди чувството пред да се муваш со дечко...ме пресече со муабетот...Изгледа сме роднини, татко ти го имаше купено моторот од нас..му се јавив во истиот момент на татко ми и ми рече дека ми е трет братучед..ни од далеку неможете да замислите како ми беше..во моментот ми поминаа 300 филма...и 1000 прашања...зошто сум толку несреќна, дали Куманово градот е премногу мал..или пак јас сум најголемиот пророк? Се гушкавме и бакнувавме 3-4 часа. се возевме на мотор...муабетот и моментот од предмувачки се сврте во братски..ме гушкаше и двајцата се запрашувавме зошто мораше вака да биде..иако дечкото е женкар, и покрај се, не му беше сеедно...нозете ми беа како пресечени...цел ден кога се спремав се тресев-имав предчувство некакво..и ете...колку се трудев, колку патев за бившите 2ца, и зошто пак Господ ми праќа вакви паѓања и рушења на моите сништа кога со цело срце ги очекувам...цел ноќ и цел ден го поминав прашувајќи ги моите околу него, дедо ми, татко ми, ми поминуваат секакви прашања и одговори низ глава, му вртев-не ми креваше , можеби сака да застане на спротивна страна, или можеби му е сеедно? Во моментот ми дојде да се обесам кога си отидов дома, дали да побарам помош од психијатар , немам сила да продолжам понатаму, секогаш бев цврста и се борев , зошто барем еднаш не ми возврати Бог со добронамерство? Зошто секогаш живеам во надеж кој згаснува ? Зошто, Зошто , Зошто.. Мил мој братучед , мила моја љубов, дали Бог те испрати да ги сретнеме нашите души во неповрат или само ме казнува безмилосно ?
^ magdalena,боже па сеуште си млада да размислуваш негативно.Уште колку ќе поминат до вистинската љубов,ехееејјјј......еден ден ќе се смееш на ова ,иако сеуште ти изгледа црно све ,сега.Верувај дека постојат и поголеми трагедии(човечки) од една пролазна заљубеност,за да си ја тупиш главата на млади години...уживај,така требало да биде.
Може малце help? :\\ Вака, иам дечко, кој мнннн ме сака! Ептен е фин со мене, срцка е. Сеа проблемов е тоа што малце не е убав. Има убаво тело, ама фацата.. :\\ Порано и јас го сакав, но сега се двоумам.. Може некој да ми каже што да правам ?