Не му попуштај. Лажги и изговори само. Објасни му дека не сакаш ништо со него, и дека ако не престане да те бара дека ќе го блокнеш од сите комуникации. Ако се заканува или стане агресивен или ти вика дека ќе дојде дома или на работа или на улица да те моли, речи му дека ќе му викнеш полиција, обезбедување, брат, татко, и сл.
Златен тој атерџија голем па пошол откако го завела таа. Немој да ти прај филмој бркај го. Делуваш на мирно и коректно девојче, бркај го и немој да си му дала шанса, че те шета по тавани цел живот. Типичен мизерен и провиден лажго.
Блокирај го на социјални мрежи а може и да се блокира неговиот телефонски број, да не те бара. Ако ти дојде на работа, само речи му дека ќе повикаш полиција и направи го тоа.
Да, таа му држела нож на врат додека се бакнувале. Се надевам дека и другата ќе го шутне чим е толку паметен.
Цела вечер ме мачи ова и не можам да заспијам... Вака сега. Млади сме, двајцата да речеме сме немале сериозна врска пред ова и имаме многу грешки што ги правиме. Дечко ми рече дека отворено сакал се што греши да му кажам и да се поправи, не знаел што треба и што сакам, што ми смета, па се што ќе му кажам ќе примени. Мене ми е глупо, да му речам сакам цвеќе, сакам чоколада и слично. Или пример не дека стварно ама ете ми смета бивша ти, избриши ја од интернет. Зошто не му текне сам да ја тргне? Како да го молам за глупости, како сам не му текнува? Демек не се правел глуп туку стварно не го бивало и сакал да му кажам. Во кавга е многу инает, одма се лути и знае многу да навреди со лоши зборови. Пример во изминатите години додека се дружевме пред да сме во врска имаше многу вакви грешки со "џентлменството". И колку и да речам сум простила во кавга знам да му кажам за тоа од порано и тој знае да се навреди. И како да му кажам јас сега нешто друго? Пример му беше роденден, не го славеше ама на денот се видовме. Му купив некој ситен подарок, бевме на кафе и на негов роденден сама си го платив кафето. Му кажав дека тогаш тоа му била глупа постапка, и почна па не ни славел роденден, тој не мислел така, немало врска, а и подарокот што сум му го дала не бил нешто многу, евтино било и не морало да части ... Му го спакував подарокот во цвеќара, се измачив, имаше и чоколада и тој тогаш ни чоколадо не отвори да поделиме, ете веќе ако немал пари да почасти. Го отвори онака грубо, искина тоа што сум пакувала, не знам, многу беше чуден, а јас сакав да му го направам денот. Добро, не ми беше дечко ама глупа беше постапката. Не беше нешто скапо, но за мене тие пари беа двоени да не јадам на голем одмор за да му земам нешто и да го изненадам тогаш. Баш бев среќна што роденденот со мене сакаше само да го помине и ми скрши филм со муабетот. Или на мој роденден доаѓал без благо подарок и ќе ми речел не ти носам благо зошто немав пари за тоа, а и онака си дебела, нели си на диета стално кажуваш, што ќе ти носам благо... Се караме исто и за бившите, поточно за неговите, јас сум немала пред него ништо освен некој незначителен дејт... дури првиот асален бакнеж со него ми беше. Ми кажувал премногу детали за девојките со кои бил, баш е опуштен и уште се однесува како да сме другари, а не како да сум му женска. Секако дека ме лутат такви работи, да знам со која што правел, која му имала најубави очи, се нервирам кога слушам. Не знае ни комплимент да ми даде. Бевме низ мол на шопинг, пробав еден фустан што стварно лошо ми стои, викам секако не го земам, ми вика да да дебела ептен те прави, такво тело имаш, ова не ти стои. Дечко си ми, такви коментари ми рушат самодоберва... Ќе се спремам 2часа за излегување и не знае ништо убаво да ми каже. Супер сум била, убава сум била ама ми фалело да ослабам малку или такви некои глупости. Кога сме се запознале првпат во школо сум била послаба, тогаш супер тело сум имала. Во короната седејќи дома си поткачив некое кило и тоа е тоа, никако да ги ослабам... Јас како да немам огледало и не знам, мораше тој да ми каже... Ситници се ама мислам дека стварно не го бива за романтика, ни за ништо. Премногу е искрен, директен, смотан, не знам, не ми прави чувство да сум посакувана и среќна. Само нервози и нервози... Дали јас грешам или во право сум дека навистина се грешки овие во неговото однесување? Сака директно да му кажам што греши, а после не знае да прифати критика. Па искрено ти кажувам, па таков сум. И се е ќе се смени, да да важи, а нема никаква промена...
Нема промена затоа што тоа му е карактерот, таков е. Не се сите млади и неискусни такви, некои знаат да бидат грижливи, внимателни, да се трудат во врската, овој не делува така, според ова како го опиша. Искрено, како што сум те читала сега и досега, мене вака ми делува како да му се допаѓаш ама не е вљубен во тебе и не му значи врската онолку колку што ти значи тебе. Секогаш трудот е еднаков на грижата, колку нешто ти е важно, толку и се трудиш за тоа.
Сама си го дефинирала веќе јасно проблемот , а бога ми, и шансите за решение.... Не е битно дали ние мислиме дека си во право, ако тебе нешто ти пречи, а очигледно ти пречи. Оти ти минуваш часови со него, битно е ти што мислиш. Јас не сфатив кои му се позитивните страни , овде е собрано само : невоспитан, скржав, му пречи дебелината твоја каква и да е, прост е, не знае да прими критика и слично. Горе долу, драматично нема да се смени, освен ако нема не знам каква силна желба за тоа. Плус ти не можеш да го смениш, само сам ако сака. А ти сакаш да го смениш. И тој тебе сака: да си тешка по негов вкус. Сума сумарум : т'нко. Дај друго дете.
Не дека ова неговово е од неискуство, ама ајде нека му биде. Но, НИЕДЕН маж нема право да ти кажува што и зошто да облекуваш, дека си дебела, или на диета или не знам уште какви глупости, па макар имала 200кг. Да си најдеш подобар
Искрено мислам дека дечко ти повеќе има недостаток на некои основни социјални вештини отколку што навистина не му е грижа за тебе. Мислам да му посочиш во најискрен разговор кои работи ти сметаат и да го следиш однесувањето. Ако прифати дека си била навредена во некои ситуации и дека ти сметаат одредени работи(како тоа со зборење за бившите) и се труди да го промени однесувањето, во ред. Но ако веднаш се брани и негира, или пак рече аха добро и после повторно продолжи пак по старо, тогаш не знам колку ќе вреди да останеш.
Не се ситници, а и (не)бивање за романтика е најмал проблем што имаш со него. Тоа другото што си го пишала сега не е битно, ти треба да го решиш коренот на проблемот. Тоа што е еден од најголемите проблеми кај него е неприфаќањето на критика. Тој во моментот може да се правда и се тоа, реално на никој не му е најмило кога му ги кажуваат мааните, ама битно е после тоа дали размислува за критиката и дали се обидува да промени нешто. Ова е лошо. Едно е да се инаети и лути, ама не знам како му доаѓа да навредува. Колку и да е нервозен, ова е веќе злобно. Ќе скокнам се останато и ќе цитирам уште ова... Верувај му кога ти кажува каков е. Не прифаќа критика и не се менува. Таков е и нема желба за промена. Џабе тој кажува нешто, ако делата не се поклопуваат со зборовите. Барај да има реални промени од него на долгорочен план или пиши пропало.
Јас не би продолжила со овој, ако сега на старт е ваков, кој знае каков би бил во иднина. 1. Те нарекува дебела, иако си свесна дека си покачила кг, па кој не покачи кг две за време на короната? Ако те сака треба да му бидеш убава таква каква што си и на убав начин да те мотивира да намалиш кг доколку ти пречи тоа. Нема потреба од груби зборови. 2. Романтика... Јас на пример не сум многу по романтики ама ќе ми биде мило доколку се потруди барем малку, не мора да ми купува поклони, може и обичен цвет скинат од градина, битен ќе ми биде гестот. Друга работа, си се потрудила за неговиот роденден за поклон, ај што не те почестил, туку и ти кажал дека подарокот не му се допаѓал, уште едно црвено знаме. 3.И да му кажеш што ти пречи имам чувство дека баш тоа ќе го прави. 4.Знам дека го сакаш и ти е прв но не е boyfriend material, џабе губиш време. 5. Инает во кавги, наместо да уживате во врската и како зрели луѓе да се однесувате и носите одлуки, тој се лути како мало дете. Јас лично не би продолжила со него ама доколку сметаш дека треба да му дадеш шанса кажи му се што ни кажа тука, без срам, без чувсто на вина. Ако и после тоа нема промени, замини си.
Да секако, во право сте. И сестра ми што е постара слично нешто ме советува и истото го кажува, дека таков бил и нема да се смени... Денес во школо бевме, само нешто кратко му спомнав кога бевме сами на одмор, дека ми смета за тоа што ми вика дебела. Него му било слатко, па нели сум го знаела каков хумор има, со години сме се знаеле, зар од него сериозно навреди ќе сфаќам. Од милост го правел тоа. Секси сум му била вака со облини не знам што, но ќе прекинел ако ми смета... Да се видиме вечер поубаво на само, ќе разговарам и за другиве работи подетално... Не знам стварно, секако не сум будала да продолжам да трпам нешто што ми смета. Ако нема промени нема да трпам таква врска и однесување...
@Stormii Многу си млада за да имаш вакви проблеми верувај. Која година си средно? Не треба да му кажеш, сам треба да му текне. Ако стварно ти смета, треба да му кажеш. Јас имам бивши на инстаграм, исто и дечко ми. Не му сметаат затоа не сум му рекла, ало ти сметаат кажи му. Негово е дали ќе ги тргне. Не е убаво тоа што користи навреди воопшто. Денес се навреди, а утре што? За роденденот, ако не ти бил дечко немало потреба никаков подарок. Јас со дечко ми бев другарка 7 години пред да сме во врска, никогаш ништо не сум му купила тогаш. Ова не е добро воопшто. Не треба да дозволиш така да се однесува со тебе и да ти ја нарушува самодовербата. Едноставно си премногу млада за да тешиш таква тортура, односно никој во животот не треба да го трпи тоа. Верувам дека иако си млада си доволно зрела за да знаеш дека ова не е воопшто во ред. Тргнав да ти пишам дека не треба да се замараш за бишвите, но тоа сето пропадна во вода лога видов како се однесува со тебе. Не знам што да ти кажам освен повеќе да се цениш самата себе и да ги подигнеш критериумите за дечко. Тоа што ти го бараш, верувај не е многу. Чоколадо од 50 денари, или роза од 100 денари, подарок / честитка за роденден, чистење кафе, комплименти, те сакам, прегратки, внимание, почит тоа не е ништо и од вистинскиот човек ќе го добиеш без да бараш и прашуваш.
@Stormii ти треба да си разговараш со отворени карти со него. Не може да го цениш повеќе од тој што те цени тебе.
Devojce deckoto ne te ceni i ti samata si svesna za toa no ne znam sto gledas vo nego.te navreduva deka si debela zatoa sto si se popravila + nekoe kilo,zboruva ti za bivshite iskustva sto za tebe toa e navreda.
Тебе ти вика дебела си, после ти кажува која бивша му има најубави очи. До утре можеш да му кажуваш и да му црташ. Јас на твое место досега ќе имав раскинато.