Бившиот често ми викаше боље да љуља него да жуља откако покачив некое килограмче. Него ваков третман не заслужуваш воопшто, и не е слатко тоа. Види вечер и стој си на кажаното и никако не попуштај.
Црноока, 4та средно сме, не сме толку мали. Полнолетни за ситно т.е јас, тој е веќе, не сме до толку мали. Подарок му купив зошто сакав да му го направам убав денот, а тој ме викна на излегување баш тој ден. Ми беше мило што одлучи денот САМО со мене да го помине и од срце беше тоа што го направив за него иако беше малку. Само сакав да е изненаден и расположен на роденденот... Тој го гледал како обично излегување. Кратко беше пред да почнеме врска тоа. Уствари многу брзо после тоа ми призна чувства, најверојатно и тогаш сфати дека само за другар тоа не би го правела. Разговаравме да, него му е смешно за што сум се лутела и замарала. Лабав човек по карактер е, купи ден помини така е откако го знам. Па ќе се сменам понатака кога ќе имам свои пари, се ќе биде некогаш поразлично, сега е вака, ограничени сме со тоа, со ова, со она. Значи или јас ќе треба вака да го прифатам или тоа е тоа. Не очекувам некоја промена од него. Зборам како имало пакетчиња веќе, дека сакам јас да добијам некое новогодишно подароче (индиректно си викам може ќе му текне на некоја ситница за нова година, бар новогодишна чаша, чорапи, не се толку скапи до 100 денари...). Ми вика мало дете ли си, глупости амерички, подароци за нова година . Не сакал со сила да го терам да прави нешто, некој ден кога ќе му дошло така ќе било. За повод се давале само подароци според него, тогаш му доаѓало желба. Смешно му беше што му реков не го бива за романтика. Се што ви пишав тука ви кажав и него му беше само смешно. Дека ме сака, ме сака. Дека имаме физичка привлечност и страст, имаме. Дека не го бива за однесување кон женско и е катастрофа за вакви работи, вистина и тоа. Секогаш беше закачко со мене, мислев дека е зошто не знае да искаже симпатии ама ќе да било зошто е таков едноставно, не го бива за повеќе од ова однесување. Ниво на градинка... А, јас очекувам нешто позрело. Сега ги сфаќам зошто на мои години повеќето дечковци од факултет имаат и не им се интересни овие од наше школо воопшто. Сестра ми и другарка ми тоа ми викаат, најди си постар малку, поискусен, поинтересно ќе ти е, ти детиште си нашла несозреано и нервирај се сега. Иако не верувам дека е само до годините, флегматичен карактер, тоа е проблемот.
Баш дека си 4та г средно сеуште си под розеви наочари и не ги гледаш проблемите. И да има 1000 причини да си одиш ти ќе најдеш еден за да останеш.
Изгледаш како да не си среќна и исполнета,ниту од тоа ти што правиш, ниту од неговиот фидбек и изгледа немате доволно страсти и посакување еден према друг. Се додека од се што правиш за него, ти имаш очекувања од неговата реакција и анализираш до точка,нема ништо од таа “врска”. Мој совет е да собираш само искуства и да си живееш по лабаво и да уживаш во младоста.
Како да “натерам некој да ме покани на кафе”, без да го натерам? Тој ми пиша прв, комуницираме нешто поќе од една недела и скроз ни е океј муабетот, вака многу слични делуваме. А јас сум бааги нестрплива, ќе изгубам интерес скроз ако не се видиме мислам. Тој ми делува малце на посрамежлив, или па чека да помини повеќе време, не сака да е нападен, уште не можам да го проучам убо. Совет?
Ух I feel you sis, леле и јас ваква како тебе бев порано. Со тек на време сфатив дека колку побргу и порационално се искомуницира толку поубаво и за тебе и за него, ќе знаете на што сте. Како да прочитав некоја членка во одредена тема како пишала го понудила на кафе и ја одбил и барем си заштедила време во беспотребно куцкање. Е сега треба да си спремна дека може одма да прифати или одбие и да си на чисто и во двава случаи. Советот е си правите муабет за нешто и му спомнуваш дека подетално би продискутирале за таа тема или повеќе теми ако си имате во живо на кафе, прашуваш дали е за. Толку е, едноставно и лесно, само погоди го моментот кога да го поставиш прашањето да не биде тој тебе здраво, а ти одма ај на кафе. Помуабетете нека ви се отвори темата/ темите за муабет и прашај си слободно.
Ми е срааам, то никогаш претходно го немам направено. Ама во право сте, најлошо нешто шо можи да се случи е да ме одбие. Ќе преживеам.
Леле ве сакам!!! Ме охрабривте сега. Ќе чекам момент да се размуабетиме за нешто и ќе му спомнам. И ќе ви пишам се’ како испадна, било да е позитивно или негативно.
Здраво дечки сакам да прашам нешто.. Се гледав со еден дечко некој период течеше нормално, инсистираше на средби приметував дека му се допаѓам иако не ми го истакна тоа и се беше океј се дур јас не го викнав да се видиме и ми рече дека ќе сме се договореле наредниот ден. Да напоменам се гледаме скоро 2 мес. Типот буквално исчезна толку нит ми пиша нит ништо за излегување, а онлајн е цело време. Прашањето ми е како би постапиле вие дали би оставиле така сметајќи дека нели несака повеќе да се гледате иако не даде таков впечаток на последната средба или би му пишале и би барале објаснување што се има случено која е причината за повлекување ?? Зашо искрено во прашалници сум, а ств не ми е јасно што се случи за неколку дена да смени мислење. Дали заслужувам да знам која е причината или да го оставам така.?
Остави го, ако ти пише, размисли дали сакаш да продолжиш со таков нестабилен, а ако не ти пише, тоа е тоа, продложи понатака..
Секакви луѓе постојат на светов. Не постои поглупаво нешто, да исчезнеш без никаков збор а претходно си излегувал со таа особа, си комуницирал. За мене тоа се особи што немаат м*да отворено да кажат како стојат работите и не заслужуваат тие особи да бидат молени и да им бараш објаснување, затоа што јасно е како ден за каква особа се работи. Јас да сум, би му кажала два-три збора и би го откачила без око да ми трепне.
Не молете никој за да комуницира со вас. Им го пумпате егото и се уништувате самите себе. Кога тие можат без вас, тогаш и вие можете без нив. Да болно е, сте вложиле труд, време, љубов итн. али на човек со сила неможеш да му дадеш, можеш да му земеш. Така да земете воздух, блокирајте секаде, избришете од секаде и свртете нов лист и дајте си шанса да бидете среќни со некој кој едвај ќе чека да ве слушне, види и ќе му блескаат очите чим види нотификација од вас. Бидете со некој кој ќе прави се за да бидете среќни и вашата среќа ќе биде негова и обратно. #KeepYourFeelingsForSomeoneWhoCares