Поглупаво нешто од да исчезнеш наеднаш - нема Ми се има случено еднаш и мислев ќе паднев во несвес прашувајќи се што ли се случи Не се замарај ич за такви, немој да се долносуваш и да му пишеш, едноставно продолжи си напред со животот како воопшто да не си го запознала и готово. Троши го времето на личности кои те сакаат и се тука за тебе во секојдневието, а не за некој тип што се исфурал
Добро вечер феминки (некои од вас можеби кога ќе прочитаат ќе биде утро ) се надевам дека сте добро. Сакам да го споделам мојот проблем и да добијам мислење за истиот. Досега имав една долга врска (првата моја врска) го сакав и додека одевме имавме кавгички и така се разделивме и не осеќав никакви емоции, следно што следеше беа мувања само немаше врски.. во таа една година мувања се проучив себе си дека тоа не е нешто кое ме исполнува, и си реков сакам врска и сериозност. И ете се случи и тоа надевајќи се вкегов во врска (да не должам за нашето запознавање и слично)... во секој мој дечко/мувач итн јас ги гледав само нивните добри карактеристики и кога излегуваа од моите животи за сите плачев како дете... е сега, се појави сегашниот дечко и некако во него пронајдов се што сакав да има едно момче... кога ќе се скараме малце плачам, неможам да издржам му се јавувам 100 пати и слично... притоа да напоменам дека ја изгубив невиноста со него. Како да престанам да го правам тоа, како да престанам да досаѓам и да сум емотивно нестабилна?
Во секоја врска има кавги и тоа е нормално. Ако кавгите ви се за банални работи тогаш научи се да не ставаш сé при срце, исполни си го времето со активности и занимации за да не се мислиш многу.
Нема да му пишам повторно и уствари ќе му вратам ако ме побара ќе му пишам важи ова она и после ќе се правам на тошо а ќе си седам онлајн и ќе го игнорирам, да види дека така не е убаво. Можи те игнорира или се прави важен, може не го интересираш, не губи време ќе се појави вистинскиот.
Здраво, барам женски ваше мислење. Дечкото ми рече дека сакал да проба секс со 2 жени ја на шала мислев дека и он се шали реков епа ај да најдеме уште една. Како што врвеше моабетот ја да напоменам пак дека на шала му реков еве другарка ми да ја прашаме. Еј човеков не одби не рече како бе најдобра другарка тоа не иде така. Се запали па дури и кажува што би ни праел. Ни треба вика личност оф доверба што нема да каже.Блак. Арно ама кога примети дека ја се наљутив и го блокирав секаде упорен братот да ми звони да ми кажел дека се шалел дека не е тоа вистина. Дека ако сакал така нешто ќе си плател Курви и ред други работи. Па ми вика ме Сакал. Што сакање е тоа бе, да спиеш и со мене и другарка ми ј совети ве молам ќе си експлодирам вака.
А што совет конкретно? Ти кажал што сака човекот. Дефинитивно не се шалел. Сега дали тоа ти пречи премногу или не, зависи од тебе.
Грешката ти е направена уште од почеток кога и на шала си се согласила со тоа, ако не ги сакаш тие работи ни на шала не се зборуваат Друг совет незнам кој би ти дала, до тебе е да одлучиш дали сакаш да продолжиш со него или не
А што мислиш дека му се свиѓа другарками ? Вика ме сакал, ако сакаш некого зарем ќе му предложиш така нешто? Совет што да правам, упорен е дека се шалел
Да, мислам дека му се свиѓа. Можеби навистина те сака, не велам не. Ама му се допаѓа и другарка ти и сакал да си проба шанса. Кога видел дека ти не сакаш навистина тоа да се случи, одеднаш сврте како и тој се шалел. А претходно си опишувал што ќе сте правеле. Еве не знам....или не е шала или хуморот му е тиња, што заслужува корпа само по себе.
Типот е тешка бараба штом се осмелил воопшто да ти предложи вакво нешто па уште ова што прифатил тоа да биде со твоја другарка а да не зборувам за ова што рекол дека ако сака таква работа ќе си плател курви...Мислам дно дна од човек добро си постапила и си го ишутирала таква битанга не ти е потребна во животот
Здраво феминки. Нова сум овде, редовно ве читам и креирав профил за да си ја кажам маката. Не знам од каде поточно да започнам. Животот ми е 1 добра работа па 10 лоши. За мене не важи после дожд доаѓа сонце. Од кога знам за себе, немам среќа во љубовта. Сама сум, имам 34 години, сакав да се остварам како сопруга и мајка. Како поминува времето се помалку надеж имам и полека тонам во депресија, вината ја наоѓам во себе, не знам што да сторам повеќе за да ми биде подобро. Ќе се случи да почнам да излегувам со некого, по некое време тој некој ќе ме напушти, ќе ме изневери, ќе си замине поради банална причина. Последно што ми се случи е човекот за кого би примала дур и куршум одбра друга девојка, а не мене, поради моја ненамерна грешка од минатото. Изгубив верба во себе, во Бога, дека нешто ќе биде во ред. Имав големи надежи дека работите ќе се средат но многу време помина, и талкам во место. Всушност, сама сум, другарките се во брак со деца, во врски па и речиси и не ме дружат повеќе. Имам додворувачи, но не можам повеќе да лекувам скршено срце, немам ниту доверба, не можам да се опуштам иако важам за личност со позитивна аура. Моите додворувачи ги немаат критериумите кои ги барам, претежно се несериозни, без работа, додуша не ме привлекуваат бидејќи немаат стабилен карактер, а јас барам стабилни луѓе, многу ли е? Во мене ли е грешката?
Види, во една врска клучна е искреноста, а не глумењето. Реално, сите имаме фантазии, и убаво е да се споделуваат со партнерот и да се биде искрен. За успешна врска клучна е комуникацијата на секоја можна тема, и тоа искрена комуникација. Дечкото ти кажал што му е фантазија, ти си згрешила што си го навела муабетот да мисли дека и ти сакаш такво нешто, па уште и предлагаш со која да имате тројка. Од старт си кажуваш искрено мислење за такви работи, нема заебанција. Ако имате расчистено кој што сака и не сака, може да се зезате за фантазиите без да преминете граница. Немаш право да му се лутиш, оти реално, ти си го дала предлогот и не значи дека му се свиѓа другарка ти, туку тој скокнал на првата прилика што му е понудена, не е битно која е предложената девојка за тројка. На крај, ти си знаеш најдобро, ако не можеш после овој муабет да си со дечкото, прекини со него и барај си друг.
Очајно ми треба совет. Пишам со еден тип, работиме во иста фирма се гледаме секој ден, типот ме бендисва сите го заприметија тоа, а и јас нормално пишиме веќе некое време и стварно ни оди муабетот и се отворивме скроз со картите на маса, типот нејќи врска, сака friends with benefits ако ни било убо да сме продолжеле и сл, ако ни се здосадело то е то пак да сме живееле како досега. Јас му реков дека не сум на дугме само тој ко ќе посака и дека се врзвам за луѓето и после имам проблем. Ете и да одам, што ако го засакам? А пак бидам оставена, не знам дале некако ќе се промени мислењето или не, многу ми е тешко и како би реагирале вие? Како можи да се без емоција?
Најди си партнер со кого имате иста цел. Животот е краток и непредвидлив да губиш време со небитни луѓе.
Убаво што бил искрен и ти кажал што сака. Е сега чим ти не сакаш, барај си друг. Вака ќе бидеш со него ќе се приврзеш и после ќе се нервираш и ќе плачеш.
@Adi888 во ситуацијава многу е битно што се познаваш себеси и знаеш дека може ќе се приврзеш брзо, а тоа според мене е многу битно затоа што не му веруваш слепо и не се залажуваш со тоа дека може тој ќе посака да има повеќе со тебе т.е да му бидеш девојка. Затоа што многу веројатно е дека нема. Мој совет ти е да му речеш дека преферираш да запознаваш и дејташ луѓе баш со тоа што ќе излезеш со нив, ќе поразговараш, ќе видиш како размислуваат па после сакаш да бидеш интимна т.е дека си човек што сака да го запознае карактерот барем малку т.е дали имате исти цели пред да се впушти во нешто поинтимно. Со секој не се легнува во кревет. Неговото ми личи на чиста манипулација, демек еве може ќе посакам да бидам со тебе, за ти да се фатиш на таа надеж. Ако веќе е половично искрен, нека биде целосно и нека си каже дека не сака врска од било која причина, не треба да ти се правда ама нека не прај вака. Убаво си му рекла дека не си на дугме, тој треба да си најде некоја која што исто не сака врска, а ти некој со кој ќе се гледаш и надвор од кревет. Може има многу врски што почнале само со секс ама затоа реков дека е многу битно што се познаваш себеси. Не се запалувај сама себе за да згрееш некој друг. (Don't put yourself on fire to keep someone else warm.) И размисли го плус тоа што сте на исто работно место и ќе треба да го гледаш секој ден. Ако неговите потреби (секс) се различни од твоите (партнер, дечко) нема што да размислуваш. Ти на прво место.
Да имаш таков однос со некој со кој заедно работите, не е добра идеја. Исто така, не е добра идеја и затоа што ти сакаш едно а тој друго. Ќе се надеваш дека ќе произлезе врска од тоа ама големи се шансите дека само ќе бидеш разочарана и повредена.