Се сложвам скроз за то, ама многу му е тешко на жртвите да одлучат да го напуштат насилникот, оти буквално не го гледат то рационално ко тебе. Ти кажвам, ко испран му е мозокот. Се самообвинуваат, верват дека тие го предизвикале да им прави така, дека сами се криви. Стварно верват во то. Башка, МВР ретко презема акција кога е партнерско/домашно насилство. Ене, една пишеше некни искршена цела, пријавува во МВР и викаат: Смирете се, деца имате заедно. Па нема кај да одат... многу од родителите не ги прифаќаат назад оти 'шо ќе речат луѓето?'. Башка, најчесто се финансиски зависни од насилникот... и ко шо е кај нас, обично живеат на негов имот, а не на нејзин... Оти на машко се остава наследство... И кај ќе ој?
Tи си среќен човек. Сето ова го покажал дури сте само во врска, не сте во брак и немате деца кога е 10000 пати покомплицирано. Обично се камуфлираат доволно долго дури жената после нема кај да иде. Ти направил услуга со ова што ти покажал каков е. По 10000ти пат. Бегај.
Знам како е, да се обвинуваш себе и да бараш кај си згрешил. Да им се извинуваш дури и кога тие грешат. Али уште еднаш, мора да собере храброст и да реши. Ако од МВР се ладат, може да се пријави на други места кои ќе ги натераат МВР да бидат по сериозни. Тие кои би го оставиле своето дете да страда заради тоа што ќе речат комшиите не заслужуваат да бидат родители. Е сега за финансиската зависност. Во денешно време ниту една жена не треба да дозволи да биде финансиски зависна. Една работа: самите на себе може да си бидете најдобри пријатели и непријатели.
Извини ама морам ... Колку години имаш? Пошто ми личи ова на многу рани врски и ти многу се умрежваш со партнерите. Нормално то ќе продолжи ако не работиш на себе, во смисла, lose you to love me. Мора да одделиш време за себе, да се сакаш себе, да си задоволна со себе и дури после то да остајш и некој друг да те сака. Кавги има сегде. Види шо те повредва во тие кавги. Дали фактот дека воопшто имате кавги или начинот на кој се развиваат? Пробај сети се шо те повредва. Од кога фантазијата ќе е одбиена од партнерот, најчесто се вели дека е шала. Ти можиш да прифатиш дека ете, тој сака тројка ( како шо сфатив ти внеси другарката во фантазијата, а тој прифати), или нема да прифатиш. Ама сите имаме фантазии. Ако одма прекршеше дека неќиш, немаше да стигниш во ситација да си повредена. Впрочем, и во иднина ако нешто не те пали, или те пали - треба да споделиш. И не одиш во детал ако другата страна нема интерес. Можи му се допаѓа, можи во моментот почна да му се допаѓа ради развитокот на фантазијата. Има различен тип врски, меѓукои се отворен тип на врски каде се внесува трета личност во кревет или секој партнер има уште некој за секс. Вервам и тие луѓе се сакаат, само се сексуално поинакви. Крај краева бираме партнер сличен на нас. Секој е различен за да би кажале како ќе реагираме ние. Ако немате исти цели - едната страна ќе биди повредена, во случајов ти. Не прифаќај нешто шо не ти е комфортно и кажи си од твоја перспектива како е.
@Mxrx Не знам што да ти кажам освен биди среќна што е крај. Значи биди пресреќна, како да ти објаснам попросто за да ме разбереш. Не е лесно да се спасиш од манипулатор ама после сите барани и добиени совети ти никого не слушаш, зошто? Страв ти е да бидеш сама? Некогаш тоа е подобра опција. Раскинав со човек што го сакав повеќе од себе, мислев дека ќе умрам на старт. Сега сум подобро иако ми фали но не размислувам за назад затоа што нема да бидам среќна. Дај бре жено освести се, мажи има еден куп, што ќе те третираат ко шо доликува, не дозволувај да бидеш некому робинка. @Adi888 реално јас не би прифатила бидејќи познавајќи се себе, на крајот можам да се затрескам, ова ти кажувам од искуство ама ти си знаеш. Вакви работи никогаш не завршуваат добро. Имаше еден тип со кој се гледав, ми предложи френдс вит бенефитс, секако дека не продолжив зошто тој не го смени мислењето, не бил за врска нз што, само секс пријатели. На крај си ја акав главата од зид зошто дозволив да дојде до тоа. Немој, заштеди си нерви и време. Колку и да ти се допаѓа немој да се понижуваш. Па и да се лути, еј, зошто? Па ти треба да бидеш таа што треба да е лута зошто ти го нуди тоа, за мене тоа е непочит. Не си ставај трн во здрава нога.
Извини ова не го сфатив. Зошто да го известиш ако добиеш? 1. Немој да си бараш причина за контакт пак, оти обично то значи дека ќе се смирите. Дали за добивање, дали за да му вратиш или да ти го врати дуксерчето шо останало, се' е то повод за смирување. Му се смири и му даде 100 пати шанса, можи овај пат да е конечно? 2. Ко знаеш дека е будала, треба очите 16 отворени, да нема ни 2% шанса да не добиеш. Уште дете ти фали. 3. Јас би си ги запишала навредите и секој пат кога ќе сакам да му се вратам ќе ги читам одново и одново. И секогаш кога ќе си речиш ќе се смени, сети се на претходните пати кога имал шанса, сети се на 100 тетки од Фемина шо сложно рекле дека нема. Убав период иди, не вреди уште стрес и замарање.
Баш заради ова жените треба да работат. Многу е полесно да се спасиш од таква ситуација кога си финансиски независен, плус и ако имаш заштедено нешто на страна.
@Mxrx и сите други што сте во вакви токсични врски, раскинете со време. Кога сте само во врска, немате деца и не живеете заедно, можете многу полесно да се спасите отколку во брак и со деца. Немојте да мислите дека некој таков ќе се смени на подобро после брак и деца, затоа што се менуваат на уште полошо од претходното. Имате еден куп такви примери во темите за брак, читајте. Најпрво фокусирајте се на себе, учете, работете, надоградувајте се. Еден е животот, не дозволувајте некој да ве деградира.
Фала ви уште еднаш на сите Кажав што мислам, ги отворив картите, еве го денес налутен е не ме разбирал, неможел да ме убедва, неможел тој да мисли за емоции и сл, не ме разбирал како сум можела ваква да бидам, искрено не ми е ни гајле. Знам дека немаше да има среќен крај и поарно шо е вака.
Не можел да мисли на емоции, а налутен е. Да не мисли дека налутувањето не е емоција Да го корегирам, сака да каже не може да мисли на твоите емоции. Не му должиш ништо па да се лути, од кај си зема право за да се лути Ич не ти треба таков што ти се лути затоа што нејќеш секс без обврски. Основна почит е тоа, ако основна почит не може да ти даде, што останува за понатаму.
"Налутен сум пошо не ми даваш да те ебам кога сакаммммм" Неќел емоции а се лути ко дете пошо не добива путка без обврски и труд. Не сфаќаат дека никој ништо не им должи..
Не те разбирал, како си можела таква да бидеш... Каква? Ти замерува што реши да не му исполнуваш желби. Батали го, го виде тука каков е, си се спасила од човек со кој само ќе губиш време.
На крајот јас никаква испаднав оти не давам Малце и цела ситуација ми е смешна, толкаво магаре наместо да мисли на брак, секс без обврски бара Кај отидоа мажите???
Абе не е дека не мисли, туку ти не си таа со која сака озбилно и во брак. Ќе го видиш утре со друга како поинаку ќе се понаша. Затоа најдобро во овакви ситуации ако и ти не си таа што сака само секс, одма го праќаш во мајчините и прекинуваш секаков контакт за да не ти троши време.
Тој што ми нудеше секс без врска, на крај ме направи дека сум опседната со него бидејќи се затрескав. Не се чуди драга Ади. Не паѓај на манипулации. Туку да ве прашам, како реагирате на провокации? Избувнувате или игнорирате? Која е тајната на игнорирање на провокации?
Јас секој ден што гледам еден на работа го засвиѓав, а нема ништо меѓу нас уште па и секс без обврски.
Незнам дали не сака али неколку пати ми има речено дека сака жена како мене, јака храбра и одлучна, али сето то изгледа било колку да замачка очи незнам шо го мана вака, али океј е ајде идемо даље, јас само вервајте пак ќе речам, скроз манипулират мажите да те помини еднаш или неколку пати ако дозволиш за после да се понаша како ништо да не е и ништо да немало, еве го збор нема пишано од вчера, сторињата прв ги гледа абе пресмешен ми е...