Ти си лесно заменлива, може ако сака уште утре да те смени ко чорап, мајка му е една и единствена - незаменлива.
Не сакам да зборуваме за тоа кој од кого е побитен, туку како е правилно. Кога се возиме така се чуствувам како јас да сум вишокот, а уште повеќе ми смета тоа што тој ми вика да седнам назад. Ако е овака на почетокот мислам дека ќе биде и понатаму истото не сакам тој проблем здравје да си го имам и во иднина.
Дечко ти е во право, на сите им требаат пари, повеќе пари >помалку пари. Во идеален свет кајшто не требаат пари и се ти е обезбедно, не се битни, ама таков свет не постои. Зошто работиш ако не ти требаат пари? И во право е веројатно за факултетот, кај се гледаш себе по 10 години или по 20, уште ќе работиш во кладилница? Ама- ниту го сакаш ти него, ниту си ти вистинската за него, ниту тој за тебе. Тој нека си најде девојка каква што сака, сега со завршен факултет и слични погледи на животот, а ти да му раскинеш и да си дадеш време да пораснеш. Тоа мавањето и не контролирањето е страшно, бегај дури можеш и тоа што побрзо. И пошто ти е прва врска- не, вакви работи не се нормални во врска. Во врска која има потенцијал за брак, нема доминација, насилство, омаловажување и повредување. Ова вашево не е такво и треба да го прекинеш.
Така јЕт.... "Проблем"? Изгледа со лупа си бараш проблеми, јер досадно... Ако ова е проблем, што останува за вистинските проблеми
Ехе моја братучетка пред 10ина години раскина со тогашен дечко зашто во една ситуација она седела назад во кола а сестра му на дечкото напред. **** За мене... Во една прилика само сме се возеле со будуќа свекрва и јас седев напред ама зашто требаше порано да се симнам. Инаку сама ќе се наместев позади од некоја култура. Ако е случајно кој ќе седне напред не се лутам ако сум позади. Ако намерно е секогаш она, можда ќе ми е малце неубаво, шо знам.
Можеби на свекрвата и е поудобно напред? Јас и ден денес кога одиме некаде, ако случајно дојде свекрва ми со нас, си седам назад, од проста причина што неа седиштето напред и е поудобно отколку задните седишта. Нема тука како е правилно, туку кому како му одговара. Си бараш проблем кај што го нема.
Олдтајмери сме ние, не разбираме Сега се замислив, дури сум била јас девојка, интеракција со мајка на дечко сум имала, па нула. Како индикатор колку интеракции би имала во иден развој на врската. Ниту семејни прослави, јер не сме биле семејство, ниту на ти го, дај ми го. И млади сме биле, и нит кола сме имале нит вакви проблеми. Во брак, очекувано интеракциите биле со доза на здрава дистанца, нит да ми се меша во штипки, нит да и се мешам во кујна. Со максимална почит и разбирање. ,,Проблемов,, со седење во кола е веќе дискутиран претходно на форумов, ваљда е некој посериозен проблем, може и посебна тема си заслужува
Мене ми изгледа како да сакаш да го откачиш, а не знаеш како па бараш причина за тоа Мајка му е што ако седнала напред и јас сум седела позади и не ми смета тоа дури сум инсистирала жената да седи напред од проста култура
Мене ми изгледа како друг да е проблемот и да си бараш рачка за кавга ама ајде. Лично гајле ми е кај ќе седам ако сум со луѓето кои ги сакам и ми е полна душата.
А што има веза кој напред кој позади седи? Ако ја земе нејзе прво во кола таа напред би седнала, ако мене јас и не е трагедија некоја...
Дали сериозно се замараш кој каде ќе седи? Зошто си го оптеретувате мозокот со вакви глупости, гледај да ти е убаво со него во врската а не да ти е убаво местото на седење во кола. Мислам стварно може да се има многу поголем проблем, ова е банално. Ама веќе ако ти е толку голем проблемот, кажи на мајка му на културен и фин начин, може ли денес јас дс седам напред па ќе се смениме другиот ден…
Јас мислам така не, се знае дека девојката/жената секогаш напред треба да си седи, никакво менување така денес јас утре ти..
Замисли па после дома да седне на нејзиниот стол или да ги премие веќе измиените садови. #ИТакаПочнаWW3
Шала на страна, стварно има девојки што се љубоморни при нормален однос на син со мајка. Значи не збориме за мамин син. Него читам еднаш, не знам дали на форум или на друго место ... срамота било син да ја гушне мајка му после 20 и нешто години, особено девојка ако имал. Или ако уште ја викал мамо оти после 20 требало со име да ја вика. Можда очекуваат и муабет да не прават со мајка му, еве не знам.
Јас некој ден здравје на моите деца ако почувствувам нешто такво дали би била девојка на син ми или дечко на ќерка ми има да ги умрам од тролање Just for the record: Кристијано Роналдо и Ирина Шајк прекинаа дека не и се допаѓала мајка му
Блазеси ви на животите ако најголем проблем во животот ви е дали седите в кола напред или назад. Тогаш значи стварно немате за што да се секирате вистински, па мора да најдете банални работи. Без мајтап, алал да ви е и блазеси ви
Не се зафркавав за тоа… немам коментар, скроз ми е небитно кој ќе седе напред а кој позади. Не станува збор за комшика туку за негова сопствена мајка.
Не знам јас, мислам само дека од култура постариот се остава да седи напред, дали мајка или комшија. Инаку сфаќам дека можи да се гледа и од аспект денес седи напред, утре за се' ќе е главна. Ама, остај на времето и гледај го однесувањето општо. Не размислувај многу, не барај потенцијални проблеми, а спасот е колку можи помалку контакт. Денес можи ќе седиш напред, а утре пак да сака да и' си слуга. И така...