Aлал да ти е за ваквото размислување значи тебе ти смета што не е убав,што нема убаво лице? Најважно е што те сака и почитува,не е важно дали е Бред Пит или некој друг.Бреееееееееееееееееееее !
извини ама ова е една голема глупост најдобро си знаеш самата дали го сакаш или не ако го сакаш и ако ти е убаво со него а викаш ти е нема причина зошо да не си со него но ако не си сигурна дали го сакаш тоа е веќе друго. нека убавината т.е. каква му е фацата не ти биде причина поради која ќе бидеш во врска со некој знаеш како беше она убавината привлекува ама карактерот задржува, има голема вистина во ова, што ако има преубава фаца ако е глупав не знае да те насмее да направи да ти биде интерено во негово друштво и да се чувствуваш пријатно и опуштено со него? мислам дека сама си го создаваш проблемот, одлучи дали го сакаш или не бидејќи викаш се двоумиш а за др не се замарај
Тоа ти е доказ дека не го сакаш, во спротивно ќе ти беше најубав без разлика како реално изгледа...Време ти е да му раскинеш...
Стави му маска на Бред Пит и шибај ... Девојки детево има 12 години не грешете душа откако Фемина полека преминува во Гламстик прво гледам знаете што па давам совет .... Не можам со децава да се разберам дај земите куклите, играјте криенки , земете ластикот . Се пореметено брее ....
Eпа Vendi стварно имаш право. :\ Но не сме во никој случај криви ние, туку Интернетот и светотов во кој живееме. Да немаше Интернет сега стварно ке се играв со барбики (пошто не играм ластик :Р ). Кај мене у школо глеам деца уште од прво дечковци фаќаат, и тоа не само она као срамежливост, симпатија, туку озбилно -.- и јас сакам да не сум пореметена, ама кога сите на моја возраст се такви.. :\
абе девојченце чупенце си го заборавивте детството на 14години не ве личи на вакви форуми да пишувате зато беше добра идеата до 18 години да биде границата на форумот само незнам оти тоа не се спроведе па ти си дете бе пред тебе е животот незнајш уште колку фурни леб ќе изедеш и со текот на времето и годините ќе сбватиш дека не е важен само физичкиот изглед на тој што е до тебе туку е важна неговата душа тој како личност каков човек е на овие години треба да разговараш и со мајкати постепено не им се лути на девојките ако пишат дека треба да излезиш надвор да си играш па тоа и му личи на твоите години и една симпатија тоа е доволно не ве личи да барате совети за дечковци на интернет
па што ако се такви, не мора и ти да си како сите!!! и не се валда баш сите пореметени!!!!???, не??? И јас имам мали братучеди, навистина се `ојдени`, ама и во нив има некои нормални деца. А, тоа дека во фацата сега почнал да ти е грд, е што си мала, немашм развиено ниту самодоверба, ниту свои ставови, ниту свое јас, туку си во години кога средината ти влијае на тебе. Што воопшто на 12 години се замараш со дечковци???? Аман бе, немаш попаметна работа на овие години??
Многу се замараш за глупости бе. Што ако е таа на свадба? Ти воопшто нема тој ден да ја забележиш неа, ниту ќе знаеш точно кој бил на свадбата твоја. Не знам јас не гледам причина зошто да не дојде таа на свадба, дај размисли малку подобро. Како што кажа некој погоре, јас на твое место со задоволство би ја викнала на свадба Дај не се замарај многу искулирај.
валерија валерија абре девојко ќе ја утнеш целата работа пред свадбата за една преглупа банална работа јас незнам како со сета таа гужва и подготовки имаш време да се замараш за такви глупости се нервираш на ситници невидени ами утре во бракот како ќе функционираш ти девојко бе кога ќе дојдат големи и озбилни проблеми?немој така душо девојките ти дадоа убави совети верувам дека ќе размислиш и дека све ќе биде во ред па на тој ден сесако дека ќе бидеш најсреќна ќе има еден куп луѓе веселба твоите најмили ти нема ни ја забележиш неа бе ајде уживај таму овие денови овај период треба да ти е нај среќен јас на твое место за еден инает би ја поканила цело време ќе се смеам и ќе се отепам од кршење ајде со среќа и пиши како на свадба и немој повеќе за вакви глупави работи да се замараш
Значи ако сите рипаат во Вардар и ти ќе го сториш истото ? ! Не не сте вие криви Цацко е крив ... Крива сум јас можеби што воопшто тебе ти паднало на памет да се ЗАЧЛЕНИШ ? ! А како тоа озбилно што подразбирате на 7 години озбилно . Дај не се трескајте од земја се сте за по една воспитна . Не ти е местото тука !!! играј игрици , имаш таму барби игри не тука ... Пола од темиве не ги ни разбираш ! Едит -Имаше вчера 12 на профил сеа гледам си остарела за 2 години имаш 14 ... Најдобронамерно не си го уништувај детството детее , памет бери .
А вие знаете дека Интернетот е измислен прво за едукација, второ за комуникација трето за забава, а не служи за манијачење и за глупирање како што мислат некои и не не сте вие криви за ништо абе ич... значи свесни сте биле дека вашето однесување е пореметено и пак си терате исто и уште не сте биле криви? Епа да те прашам ме интересира кога сте свесни зошто продолжувате со истото? Па уште кажува на 12 години дечко и какво тело имал, 12 годишни деца уште сликички собираат овие за тело знаеле и целиов овој муабет е off topic ова се ЉУБОВНИ ПРОБЛЕМИ И СОВЕТИ а не детски педагог и давање совети за симпатијата
И што ако се сите такви? И кај мене се сите такви освен мојата најдобра другарка која одеше во др школо па што? Имам доволно јак каралтер па ако сакам да бидам таква , таква ке бидам и никој нема да ме смени...знаеш колку ме убедувале да станам како нив? И не им успеа...и после почнаа навреди, ја сум била чудна, ја сум била фрик, ваква , таква блаблабла...па и мене ми беше тешко во школо ама не ги регистрирав и си се дружев со тие што ми одговараа...можеби најдобрата другарка е една ама подобро со неа отколку со многу шмизли што се прават другарки , а те оговараат зад грб...знам дека отидов јас офф малце, ама само да ти кажам дека тоа : па сите се такви не е оправдување.....јас сум обратна од сите, ама ете си најдов луѓе што се како мене...
Ти девојко свесна ли си за што си го загрозуваш идниот брак? Ај преиспитај си се, зашо после Цацко ке ти биде крив!!!!
Незнам зашто уште на 12 години се замарате со дечковци.. Јас имам 17 па уште не се замарам, не да не сум имала дечко сум имала и искусна сум во љубов.. ама душава не ми сака едноставно да се замарам. За мене љубов е гоолема глупост.. незнам зошто. А знам дека е така пошто ја кога бев седмо одделение и во смена бевме со петтооделенки тие имаа дечковци по вц се муваа.. Просто да не поверуваш.
Valerija23 значи се било добро испланирано, се ви одело супер па и до свадба сте дошле. Кога се било одлучено тој си го покажал вистинското лице. И најидиотски е што тебе те става на второ место а таа некоја си која не му е баш ништо ја брани.. И плус ти кажал не те сака.. Сега незнам, размисли убаво дали треба да продолжиш со него или не. А можеби и тоа го кажал во нервоза..
не ми е јасно што толку скренал дечко ти само заради една таква работа???? испаѓа како неа да ја брани! ваша свадба е и тој е твој ден и ваше е да решите со кого ќе го прославите. ако неа не ја сакаш нема да ја каните и готово! истото и за него важи, ако нему некој му смета. зошто и онака кај нас половината од гостите ни сметаат мала ситница, ама преку која баш си го покажа лицето човекот. извини, ама ова мене ми е апсолутно неоправдано од негова страна. ако те сака, ќе направи се да си среќна!
ако не враќа едноставно немојте ни случајно да дигнете слушалка да се јавите ниту пак да пишете во текот на денот него ќе му светни ламбичката и ќе се јави редно е така? барем кај мене така секогаш испаднува ...
Валерија јас проблемот го наоѓам во тебе. Имаш дечко, сте стигнале до свадба..а ти се замараш со ДРУГАРКАТА НА НЕГОВАТА БИВША. Ама ајде те молам. Како може некој толку неважен да ти смета на вашата свадба? Ке оговарале?!! Бреееј. Ај размисли дека кога ќе „оговараат“ таа бившата ќе пукне од мака. Верувам дека реакцијата на твојот дечко иден маж е во афект. И со право. Стави се на негово место. Да речеме дека твојата братучедка има дечко кој често знае да се напие повеќе од што треба и тоа не му се допаѓа на твојот дечко/маж. Ќе и кажеш на братучетка ти - дојди ама сама, зошто дечко ми мисли дека тој твојот е пијаница? Ако сега кога спремате свадба се замараш со некоја си негова бивша, запрашај се колку му веруваш, колку го сакаш. Мене би ме повредило твоето однесување и ми е тотално детско и недораснато (искрено мислев кога читав дека наместо СВАДБА ќе наидам на зборот РОДЕНДЕН - и тоа 14-ти). Со вакво однесување нема да ме чуди ако утре на форумов пишеш дека ќе се разведете дека и кажал на некоја здраво, дека чепкајки му го телефонот си налетала на непознат број, дека се задржал повеќе на работа, дека на некоја забава многу гледал во некоја. Замарај се со фустанот, чевлите, шминката. Замарај се со тоа да му бидеш најубава и највесела. Замарај се со тоа да имате најубав ден. Замарај се со тоа да имате најубав живот. п.с. а ако не ти се оди на нивната свадба (некогаш) никој неможе со сила да те натера, но верувај дека и покрај тоа утре на некој од родендените на твоите деца истите тие ќе ги послужуваш...така да... Или можеби треба и тој далечниот роднина да не се жени со таа девојка за да тебе ти направи ќеиф? Поздрав и секое добро.