Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. SkyStar99

    SkyStar99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Не се работи за тоа.
    Туку се работи за фактот што јас имав емоции кон него и бурно го завршивме тој наш однос.
    Јас имав сериозни намери кон него, некако го засакав за кратко време и го планирав за подолги стази.
    Но, другаркава и покрај тоа што наидува на негативни одговори од страна на мојот бивши, не одговара на пораки, мојата другарка е дрска и бара објаснување зошто сме завршиле кое сметам дека не мора да го давам бидејќи тоа е моја приватна работа и не сакам да се меша.
    Патем јас пријателствата без оглед на тоа дали се свежо или долгорочно започнати ги гледам како нешто што мене многу ми значи, и сакам лојалност.
    Не мислам дека дејтање бивши партнери и пикање нос таму каде што не треба (особено ако од страна и на мојот поранешен партнер нема интерес), а личноста упорно вознемирува и е подготвена по секоја цена да излезе со бившиоѕ за која сум и рекла дека би ме повредило она да продолжи да напнува и иницира е во ред.
    На крајот од краиштата јас мојот бивши повеќе не го сакам бидејќи е крајно нарцисоиден и зол, но, ако излезе со другаркава ќе сака мене да ме исмее во лице бидејќи на крајот од краиштата не се заврши добро нашиот однос па, затоа не сакам драми и вадење прљав веш на површина.
    И не сакам во друштво прераскажување, драми и наоѓање начин да се оправда кој бил во право а кој во криво од нас двајца дур сме биле заедно, а осеќам дека тоа ќе се случи. Тоа си е моја приватност крај краева и имам право да се заштитам.

    Така да сешто сакам е тоа што го имавме со поранешниот партнер да биде моја приватност и луѓе кои ги познавам (во случајот другарката) која сум приморана да ја гледам секоја недела бар по еднаш да не ми бутка нос со сила таму каде не треба.
    Башка нашата кратка врска/авантура беше тајна и имам право да не се објаснувам како завршила, ниту пак сакам да го погазувам своето достоинство да озборувам како било и што било како што мојата другарка на дрзок и арогантен начин го бара тоа.
    И сметам дека треба да се повлече другарката и да не прави драми, особено бидејќи и од страна на мојот поранешен партнер нема интерес.

    Плус, дејтање бивши од страна на другарки е типичен пример за backstabing и нелојалност, без оглед дали станува збор за новостекнати или стари пријателства.
    И кад - тад во вакви ситуации се дознаваат работи кои не треба и потоа за тоа дознава цело друштво што никако не е во ред бидејќи сакам животот да си го чувам за себе.

    Мојот бивши секако има право да продолжи со дејтингот, но не ми е прифатливо да е тоа со личност која ја познавам. Одлика на лицемерие ми е.
     
    Последна измена: 19 декември 2022
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Ако не е он заинтересиран, како ќе го дејта таа?
    Или ќе го "заинтересира" некако?
    Ако е он зол, баш "премија" ќе добие она:D
    А ако таа и покрај твоето мислење за тоа си продолжува, не...не ти е другарка.
    На крај краева, не можеме да конѕролираме други луге, само нашите реакции на нив.
     
    На SkyStar99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Ако,,другарката,,решила да излезе со него ,ти не можеш да ја спречиш,а по кажаното веќе решила.Затоа најдобро да се дистанцираш од неа ,бидејќи преку тоа никако не можеш да поминиш.
    Исто така ако прљавиот веш го изнесат,да најдеш сили да го поднесеш тоа најдобро што умееш.
     
    На poi и SkyStar99 им се допаѓа ова.
  4. SkyStar99

    SkyStar99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Навистина ми ја разбра поентата и ти благодарам за конструктивниот совет.
    Бидејќи јас сум воспитана другарствата да ги ставам највисоко на пиедасталот вредности и лично никогаш не би излегла со дечко на моја другарка иако сум имала понуди.
    Па, сакам да биде тоа обострано и од луѓето со кои дружам.
    Но, ако не биде секако ќе се повлечам што јасно и на неа ѝ го кажав.
    Уште еднаш фала за разбирањето. Те поздравувам.
     
    На Dilajla123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SkyStar99

    SkyStar99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Не ми е другарка, а јас имам граници, самопочит, и другарите си ги третирам со љубов и респект и да, вакви работи не ми се ок.
    Може конзервативно размислување од моја страна, ама ете.
    Инаку, баш сум изненадена од нејзината реакција бидејќи иако ја знам 3-4 месеци, мислев има добра душа и нема вака интрусивно, дрско и арогантно да се однесува.
    Мислев дека ќе се повлече, сфати дека сум имала емоции кон него и ќе се извини. Но, тоа не се случи.
    Па, толку ќе е и од нашето дружење, секако.
     
  6. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Ти можеби ја доживуваш за блиска другарка ама таа тебе не .Сите сме го осетиле тоа.Тие ако паднат ниско да те оговараат ,тоа за нив покажува какви личности се ,не за тебе.Остани достоинствена,не осврнувај се ,не објаснувај,не правдај се.Чувај си ја приватноста како и досега и не споделувај ја никогаш со другарки.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Искрено, за некој што го знам 3 месеци, не знам дали би прекинала да се гледам со дечко што ми се свиѓа.
    3 месеци не се ништо посебно.
    Да е долгогодишна другарка, да, безвезно ќе ми е да се гледа со мој бивш.
    Таа не треба да те прашува зошто раскинавте, твоја приватност е, и не одговарај и толку.
    А ако ти пречи што се гледаат, единствено што можеш е да не се гледаш ти со неа.
    Не мислам ни дека е во ред девојката да ја демонизираме толку, арогантна, дрска, со лоша душа, зошто ти си емотивна сега за целата ситуација, а приказната од нејзина страна може поинаку изгледа.
    Ти си ги засакала него, тој не гледал долга врска, нешто што му се има случено малтене на секој човек.
    Живот иде даље, не се малтретирај, со тој што те вознемирува не се гледај и тоа е тоа.
    Let it go
     
    На Gosh, Anie93, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.534
    од 20 ќе се нај еден таков :rofl:
    Мада немие чудно пошто во предходни страни наназад има поќе вакви случаеви каде што и девојките бришат другари пријатели роднини за да нема кавги со партнерот и на крај тие врски нетрат долго. Ова ти е исто како на маче или куче да му велиш лежи ајде сега стани :rofl:
     
    На Anonimnna5 и Youknow им се допаѓа ова.
  9. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Дај си време, тешко е, ама ќе бидеш добро.
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.149
    Допаѓања:
    329.279
    Пол:
    Женски
    Јас би бегала од тебе (да сум дечко ти).Нема поголем убиец на една љубов или врска од љубомората.Мала доза љубомора е ок и нормална,чак некад и привлечна.Ама…ама бришење на соц мрежи поради партнер, гушење со прашања каде си,со кого си,зошто здраво ти кажа оваа,каде се запознавте,за кого вака се облече и слични глупости, не се толерираат.Јас и мм сме 16 год во брак и до пред месец дена не се следевме на инстаграм :D .Заеднички слики на соц мрежа имаме две (едвај).Профилни заеднички никогаш не сме ставиле и види уште сме заедно :D. Жени и мажи често коментираме заедно.Доверба целосна нормално не можеш да имаш во никого, ама постојаното контролирање на партнерот нема да ви донесе убава иднина.Кога тогаш ке му пукне филмот од тебе.

    Поработи малце на твојата самодоверба и дај му простор на човекот да дише и живее раат.
     
    На S.W.A.G, Feminka22, Anonimnna5 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Во право си шо се лутиш, таа ако ти била другарка нема да бара ништо со него, затоа што ти тоа не го одобруваш а таа продолжува. Освен тоа те прашува шо било како било гарант за тебе оговараат. Не ти е лојална кажи и го тоа во лице.
     
    На SkyStar99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SkyStar99

    SkyStar99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Taка ќе биде.
    Јас многу јасно заземав став со тоа што ѝ кажав дека треба да одбере дали сака да продолжи мене да ми биде другарка или да одбере да излезе со мојот бивши (кој впрочем комплетно ја игнорира), таа е единствената која ја силува ситуацијата да излезат.

    Е сега постои уште една верзија.
    Мојот бивши со оглед на тоа што има неколкупати видено дека сме тагнати и се дружиме да помисли дека другаркава толку напнува за ние двајца повторно да се споиме, и дека јас сум иницијатор што ужасно ме иритира.
    Не мора да значи дека вака размислува, но сепак, бидејќи единствен агитатор во ситуацијава е другаркава другата страна не знам што ќе помисли.

    Инаку не, нема лоша душа другарката, но мене ова многу ме вознемирува бидејќи оваа врска ми беше скоро прекината и јас тогаш развив за првпат силна конекција кон него, но откако го преболев и тргнав од пријатели не сакав повеќе никогаш да го видам, ниту сакав да кажам некому дека сме биле заедно, а другаркава со овие постапки ми ја отвори раната.

    Нема врска како и да е, не е другарката лоша личност, но е крајно нестабилна, агресивна според став, однесување и со други луѓе, а јас тоа сметам дека имам право да не го трпам и да се тргнам, што реално искрено ѝ го кажав дека ќе го сторам.

    Ви благодарам на конструктивните совети и гледишта.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
  14. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.466
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    Премногу се опседнувате со социјалните мрежи, во 4 годишна врска немам слика ставено со дечко ми, а тој има, едноставно не се замарам со тие работи, ич не се важни, важно е некој како се однесува со тебе, дали те почитува...
     
    На minne992, Bellaa1234, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  15. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.466
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    Во никој не можеш да си 100% сигурен, и без социјални мрежи можи да направи нешто ако сака. Ова твоето е многу токсично и за тебе, но и за него. Секогаш имај си доза на претпазливост, но немој до тој степен за да ти стани опсесија. Уживај во врската..
     
    На Medea., Mnik, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Си дадов премногу време, променив многу работи, поработив на себе но едноставно тој е секогаш чекор пред мене, секогаш, во се.
    Се трудев за него околу него, не погодив, се тргнав зошто мислев дека ќе ми е полесно но ниту во тоа не успеав, немам подршка и немам со кого да зборувам за тоа, чувствувам дека ќе пукнам.
    Другите секогаш се подобри отколку јас, ете тоа го приметив.
     
  17. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Прво и основно, никогаш, ама никогаш немој да се споредуваш со другите. Немој да си бидеш непријател на самата себе.
    Лекот е следниов:
    1. Прекинуваш секаков контакт.
    2. Фокусирај се на лошите работи кои ти ги кажал, направил на се што те повредило.
    3. Фокусирај се на твоите добри страни. Кога некој сакаш повеќе од себе и би направила се за него, направи го тоа за себе прво. И во случајов ти не си таа која губи туку тој. Ти добиваш шанса да бидеш со некој кој ќе те сака вистински.
    4. И да, времето... дај му време на времето.

    Мене ми требаа повеќе од две години да се средам, повеќе од две години мислев дека нема да можам да бидам со друга. Па се појави друга и ми покажа дека може.

    Ќе бидеш добро верувај.
     
    На Ivan4e04, baby-star, deskarada и 9 други им се допаѓа ова.
  18. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    Пиши ми ако сакаш. :)
     
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски

    Се извинувам сега што ти враќам, ти ја сфаќам поентата но мене тој ми ги наби тие комплекси.
    Никогаш не добив од него комплимент јас, туку за другите секогаш зборуваше како биле јаки и убави.
    Му ја дадов сета љубов и внимание и чекаше една поголема грешка за да ме откачи и оди по други па да ми набива вина и да ги возвишува едни од виновниците што нашата врска не успеа.
    И сега што се случи, не можам да воспоставам контакт со машко како што доликува.
    Контакт немаме секако ама кај и да одам, парк, кале, кафичи, автобуски, ме потсеќа на него и тоа ме полудува додатно.
    Си створив проблеми со здравјето поради него од толку стрес, денес почна да ме стега во градите.

    И така..
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Не, нема потреба од извинување пиши си слободно. Една од причините поради која го направив акаунтот тука е да пишам да ми олесни на душата кога ми беше тешко.

    Пардон мај френч, знам дека ситуацијата е сра*е. Не можеш да спиеш, кога дишеш те боли цело тело, панични напади, тахикардии го мислиш цело време, ти е криво, па премислуваш х ситуации, итн.

    Моќта и значењето на зборовите им ја даваме ние. Кога сакаш некој му даваш моќ да те убие и се надеваш дека нема. Но на крај тие се тија кои ни е*ат матер. Затоа мораш прво да си расчистиш со себе и да си се ставиш себе на прво место, зошто има луѓе кои те сакаат и посвети им се на нив.

    Минав преку тоа и затоа ти велам ќе мине.

    пс. Таа другата што ја спомнав, таа која велеше: и благодарам на претходната што те оставила за мене, таа која планираше живот со мене итн. пред скоро 2 месеци раскинавме. 1 месец пред тоа одеднаш престана да пишува, да ѕвони, ја прашав што е проблемот, ми рече нема проблем и се трудев 3-4 недели некако да разговараме. И додека јас се убивав од пишување, од зборење, душата си ја оставив, таа не мрда со прст. И така една вечер си реков доста е, не го заслужувам ова. И блокирав се и секаде, за да оздравам. Ја сакам, боли, ама нема да си го уништувам повеќе животот за никој. Додека ние се убиваме тие продолжуваат, па зошто да не и ние.

    пс. Ова е прв и последен пат што пишувам за неа, не заслужува да ја спомнам тука, и според мене тоа доволно збори за тоа колку ме среди.

    Живот иде даље. #BringItOn
     
    На joy1, christinnn и bicycle им се допаѓа ова.