Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    12.129
    Она ти е познаничка, пријателка не ти е другарка
    Она знае ли дека сте имале нешто?
    Кажи и
    Ама зашто би ти сметало кога ти е бивш или сеуште имаш емоции?
    Ако толку ти смета престани да се дружиш со неа друго што да ти кажам не знам :)
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.735
    Пол:
    Женски
    Совршен човек нема, така да повеќе ми личи дека наоѓаш мани. Ете, и да најдеш совршен, нема ли после х време таа личност да има проблеми, може одреден период ќе нема работа, па може ќе има здравствени проблеми и сл.? Звучиш себично. Стабилен човек според тебе е да има сè што ти сакаш, а нели се запрашуваш дали ти ќе исполнуваш услови какви што бара другата личност?

    Мене мислењево ме асоцира на очај, на неприфаќање дека годините те газат..? Зошто не размислуваш за други опции? Посвојување дете можеби..? Промена на кругот на луѓе така што ќе почнеш ново хоби (вежбање, учење јазик..) па оттаму да произлезе нешто..?
     
    Последна измена: 27 декември 2022
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Мене пак не ми личи на жалење од причина затоа што и јас имам налетано на луѓе што многу, многу бараат од партнерот а нема што да понудат.

    Ќе појдам од себе, еден од бившите партнери нон стоп ми мрчеше за некои работи, за шетање, за факултетот, за возачка дозвола и слично, јас сакав да напредувам во животот, зошто сметав дека тоа еден ден ќе ми биде плус и сметаше дека се залудно фрлени пари додека тој беше мамино синче што бараше невозможни работи од родителите и се расправаше за глупости, денот го преспиеше и не правеше ништо у животот, а то е скроз незрело.
    Бараше од мене парите да ги трошам за други работи, секако без негова подршка а кога се работеше за него бараше да го подржам.
    Доста околу тоа, не знаеме низ што членката поминува, и наместо осуди, да пробаме да ја сфатиме.
    Сум била на нејзино место, знам како е кога не ти иде во животот а ги вложуваш сите напори.
    И баш периодов се борам со анксиозност бидејќи многу работи не се во ред моментално и не мислам дека ако побарам помош е очајно, од убаво никој не бара совети тука.
    За работа, се може и од дома, да не се лажеме.
    Татко ми има срцева болест па повторно работи, така да секој изговор дека не може, е залуден, секогаш постојат опции.:)
    Сите имаме критериуми што ги бараме, ако ги имаш и ти, фер е да бараш.
    Ако ги немаш...тоа е друго.
    Совршенство не постои иако се стремиме кон тоа ама секој сака покрај себе да има она што му е потребно, не гледам тука грешка.:)
     
    На Gosh, Mikha4 и christinnn им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.735
    Пол:
    Женски
    @bicycle нит ја осудив нит ја распнав, и' дадов најобјективно мислење и опции. :hai:
     
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Па не знам, ама делот дека звучи очајно, не беше баш ок, ама во ред.
    Секој си знае како се изборува во тешки моменти, некогаш што и да правиш, и сите опции на светот да ги искористиш, залудно е, не е секогаш до нас.:hai:
     
    На penelope10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.230
    Допаѓања:
    176.101
    Пол:
    Женски
    @raww :D генерално нема правила кој да седи напред, а кој не. Преференца е. Лично преферирам да седам назад, зад совозачко седиште. И обично ја кажвам гласно та преференца пошто 26 години така седам и инстиктивно седнувам од та страна, можам да седам на друго ама како шо реков, преференца е. Е сега, не знам зошто ти смета толку многу, дали е некоја несигурност, дали го гледаш како место за важност - ова треба да го разрешиш 1) со себе, зошто толку ти смета; 2) со партнерот, дали има флексибилност за то кај ти да седиш. Ама морам да се согласам со поќето дека бараш проблем кај шо нема. Исто сметам дека убо е да се дај на постар можноста да одбери кај да седи, и кај му е покомфортно. But that's just me.

    @Bellaa1234 велиш дека не се замараш дека не става слика ... but maybe you kinda sorta do. :D Доволно за црвечево да те натера да го прашаш ова. Како и да е, према мене, 7-8 месеци и не се премногу, зависно од возраста. Ако се помлади би претпоставила дека порано би објавиле слики, наспроти ако сте повозрасни. Како и да е, причини оти некој не би ставал слика е: ако си крие партнерот. Ама става сториња. Значи не те крие. Шо пробвам да кажам е, сите различно користиме социјални мрежи. Некои користат само стори. Некои само објавуваат. Некои двете. И то е океј. Прилагодете се на своето уникатно користење социјални мрежи.

    @SkyStar99 колку долго се знајш со другарката? Дали се знаевте кога ти ја имаше „авантурава“? Како и да е, не можиш да очекуваш некој друг да се однесува на одреден начин за да не те повреди, колку и да звучи ова сурово. :?: Кога се вели авантура, јас сфаќам дека било нешто несериозно и дека нема чувства кои се вклучени. То ме тера да се прашам зошто те лути тебе ова. Одговори си ги тие прашања. Е сега за другарката. Генерално, ако некоја ми е другарка очекувам да неќи да оди сама со некој со кој сум излегла јас претходно, то е the hoe code. Ама и сама велиш дека девојкава ја знајш од неодамна. Ако се знајте кратко време, очекувај дека нема да има нешто вау многу историја со тебе и то е нешто шо се гради со тек на време. Би било супер ако одбери лојалност кон тебе, ама гледам на ситуацијава вака: има две нови работи во животот, две интересни работи. Ама една од тие две интереси работи му вели „не можи“ за другата интересна работа. Исто ако не била тука кога ти си ја имала авантурата е нешто крајно апстрактно за неа.

    @Anonimnna5 :shake: не лол. Не во смисла, преќини ова шо прајш ако неќиш стравојте да ти станат реалност. Моментот ко ќе почниш да се опседнуваш дека партнерот ќе те изневери, или дека те изневери и дека имало „лисици“ шо ќе го „заведат“, па продолжваш да му забранваш социјални мрежи и да имаш контрола - ова е форма на насилство. Моментално прајш насилство врз партнерот ради сопствени стравови. Пробај да го најдиш коренот на стравовите. Дали можеби такви мисли тебе ти се вклучиле? Дали можеби има индикација од страна на партнерот? Зборај го то со него. Кажи му како се осеќаш и пробај да најдите до заедничко решение. И под заедничко решенија мислам нешто шо ќе одговара на двајцата а не „му реков избриши инстаграм и тој рече океј“. Оти некој можи само одредено време ваква контрола да трпи и искрено се надевам не долго.
     
    На cresa-jagoda и SkyStar99 им се допаѓа ова.
  7. SkyStar99

    SkyStar99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Дем, ти ја разбирам поентата.
    Меѓутоа јас таа авантура ја доживеав многу интимно и длабоко. Тој дечко сакав да биде мој сопатник на долги стази. Ова е трет пат во цел мој живот да почувствувам таква конекција. Плус цела ситуација ми е свежа бидејќи неодамна се случи и сеуште не ми е ок да знам дека моја познаничка која сум ја гледала како потенцијална другарка (бидејќи дел од друштво ни е и се гледавме секоја недела), да излегува со него и да го викне со нас бидејќи јас со него не сакам веќе да се гледам никогаш од оправдани причини.
    Другарката стварно ми стана драга, и може е грешка што и јас брзо се поврзувам со луѓето на интимен и пријателски левел.

    На страна од ова, со него имавме некои заеднички разговори и моменти кои никако не смеат да излезат бидејќи би ми го уништиле угледот. А, тој е манипулативен (доцна го сфатив ова), и знам дека во прва прилика ќе ја искористи другарката за да ми покаже дека ,му се може' и наштети бидејќи и самиот на индиректен начин ми има кажано дека сака mind games. Така да ете му прилика да ме 'исмее' во лице.
    Јас пробав да бидам фер и на другарката да ѝ предочам дека е таков, но, таа не сака да слуша, тврди дека таков токсичен тип на луѓе и е интересен, и од таа причина периодов не сме во контакт.
    Многу е наивна, и жал ми е што излезе вака...

    Во секој случај 'hoe codex' според мене треба да важи за сите другари, блиски или не толку блиски.
    Јас никогаш не би забодела нож во грб на некој што го познавам, и логично не сакам тоа да ми се случи ниту мене.
    Мислам возрасни луѓе сме, и некои универзални правила како взаемно разбирање и почит сметам дека треба да се имаат.
     
    Последна измена: 1 јануари 2023
    На Kat2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.230
    Допаѓања:
    176.101
    Пол:
    Женски
    Ќе почнам од последниот параграф. Убо е да е така АМА не можи да очекуваме дека ќе е така. Не можи да убедиме сите да е по наше по секоја цена. Во случајов, та се реши. Покасно видов дека само 3 месеци се знајте. Не е доволно за да ѝ е гајле. Две нови, шарени работи сте за неа. Можиш да го прифатиш то, или не. Ако го прифатиш, можи ќе стигните до некое вистинско другарство. Ако не можиш, тргни се и то е то. Не сите другарства траат и тоа е океј.
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Мислам дека стравот да не открие нешто за тебе, ти го заматува рационалното размислување.
    Пред се, не треба толку да се замараш со кажани работи, народот е таков. Веројатно си му кажала работи во доверба, не значи дека ќе искочат на виделина, но ако го сака тоа, може и на друго начини да го постигне тоа.
    Но, ова не е баш дека то забола нож во грб.
    Ептен е во сива зона работава.
    Да сте се знаеле подолго или да знаела она уште пред да почне нешто со него, дека ти е бивши, а сте се дружеле тогаш, па не би било во ред.
    Ама вака, девојчето е ставено во многу глупа положба, да бира меѓу тебе и него фактички. А ако навистина кликнале....ти ќе бидеш изоставена.
    Мислам, ако навистина ти значи проиателството, ти треба да се издигнеш над ситуацијава и да си го продолжите пријателството.
    Или да си продолжите секоја по свој пат, зошто на сила ако е и те повредува, не бива и така.
     
    На theowndemon, Snowflake92 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Indigo Candy

    Indigo Candy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    28
    Со дечко ми сум веќе 1 година заедно, но деновиве дознав дека кога сме биле 2 месец заедно, тој беше отиден со пријателите на одмор и таму се смувал со некоја не знам што да правам како да реагирам. Го прашувам дали можеби го сторил тоа тој вели не а сама со свои очи видов дека се допишувал. Што е исправно според вас?
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Run.
     
    На Gosh, sunshinebabe, dea.18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    26.802
    Пол:
    Женски
    Не те сака
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Indigo Candy

    Indigo Candy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    28
    Година дена да лаже дека му е убаво, дека ме сака, да глуми лудило? А притоа нема никаква корист од тоа.
     
  14. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    26.802
    Пол:
    Женски
    Е ај запрашај се сама. Дали си сигурна дека немал други до сега?
     
    На elimkd и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Indigo Candy

    Indigo Candy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    28
    1000% не знам што му било тогаш тоа да го направи
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.838
    Допаѓања:
    80.798
    Пол:
    Женски
    Значи те лаже што одрекува и не признава. Штом те лаже, не те сака толку колку што мислиш. И при девојка до себе, тој други си бркал.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Blackkqueen

    Blackkqueen Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2022
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, сакам ваше мислење во однос на една тема. Имено, јас и мојот дечко сме заедно веќе година и 5 месеци, и сеуште не сме се запознале со родителите меѓусебно. Многу често ми споменува за тоа како дома на неговите раскажувал за мене и слично. Не ми е разбирливо зошто сеуште не ме запознал со неговите и не ме донел дома?
    Дали можеби емотивно манипулира со мене?
    Сакам ваше мислење
     
  18. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.942
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Малку ќе звучам строго, допишување, флерт/се смувале со друг/а е непочитување спрема партнерот. Не те почитувал доволно коа го правел тоа, и сега со одрекување се дозакопува во лаги. Не ја знам ситуацијава детално, ама да, има манипулатори кои кријат и лажат и повеќе од година дена. Која корист? Па вајда му е доволно тоа што мисли дека би седел на две столици. Ем некоја што знае дека го сака и има кај да се врати, плус на страна лабаво забава. (Just my opinion, не мора да значи дека сум би право)
     
    На Zumbula, Uniqpro и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.230
    Допаѓања:
    176.101
    Пол:
    Женски
    Прашај. Прашај кога ќе ги запознајш неговите. Предложи тој да ти запознај твоите. Пред то можиш да отвориш и тема шо мисли, кога е идеално време за запознавање на родителите. Накратко, не можиш да очекуваш да му се сони дека нешто сакаш и ти да се јадиш дур чекаш тој да се сети.

    Изневерување е непочит. Во тој момент тој не те почитувал доволно. Сега можеби и те сака, ама ако не можи да ти објасни сам како било, шо било и зошто - можеби сепак не те почитува сеуште. Лично, би бегала.
     
    На sunshinebabe, Blackkqueen и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    998
    Пол:
    Женски
    Колку често се гледате со партнерите?
    Ме интересира повеќе за средношколци, студенти, што живеете со вашите, немате свои пари. Колку често излегувате, дома си одите еден кај друг често или не? Вашите како се со тоа? На пример јас не излегував многу често пред да имам дечко и сега почесто ако излегувам татко ми паничи да не го запоставам школото, да не сум направила глупост, па гледаме да е само за викенд излегувањето и во работна недела преку еднаш. Секогаш бев многу мирна тинејџерка и уште не може да навикнат дека имам дечко и не сум цело време дома. Малку и станува збор за конзервативен човек, но секогаш се обидувам да го сфатам и татко ми, сам се грижи за нас.
    Кај мене дома не го носам, незгодно ми е во стан и многу луѓе сме, кај него одиме понекогаш, но и од неговите ми е незгодно иако се во куќа. За излегување колку имаме финансии толку. За патување не планираме во блиска иднина бидејќи немаме финансии. Ако патувате, вашите ли ви даваат пари? Јас за да патувам би требало да работам, но не знам и дали би ми дозволиле уште, најверојатно не.
    Знам дека за возрасни индивидуи со работа и без школски обврски и уште слушање на родители нема вакви "проблеми", но што со останатите 18-22/3 години? Би сакала искуства од вас. Или од некои што сте го поминале тој период како ви било. :)