Моментално сум сингл, за претходни врска како ми функционирале како двајца студенти ќе ти кажам. Се гледавме така нешто и ние, петок и сабота излезени некаде, некогаш кај мене седевме да гледавме филм, гејмавме нешто, а другите денови по еднаш или 2 пати, некогаш не се гледавме. Зависеше од обврските, некои денови од 8 до 16 часот си на факултет, треба да спремаш колоквиуми или испити, немаш време. Разбирање треба од двете страни во тие ситуации. Викендите се најслободни. Не гледај квантитет на време туку квалитетно време да поминете. Мене не ми правеле проблем колку време сум излезен, на девојките со кои сум бил, нивните знаеле да бидат така построги, побрзо требало да си одат дома. Општо родителите со женски деца се повеќе претпазливи мислам. Не сум правел проблем за тоа, во нивна куќа живее (тие и се фамилија, да не сум сфатен погрешно), какви правила си имаат дома и дозвола за излегување, сум почитувал секогаш и не сум им правел проблем за тоа ни кога сум бил 17, ни кога сум бил 21 и девојките биле тие години. За патување, не патувавме од финансиски причини. Не сум бил со девојка на одмор. Моите немаа да ми дадат за патување, а тоа што работев летни месеци го трошев за рати за семестар, книги, немав толку пари за луксузи. Тука не можам совет да ти дадам. Ако имате љубов се ќе надминете, брзо минуваат студентските денови. И да немате финансии и услови сега за дочек на нова година во Италија и седите дома,не значи дека вечно ќе ви е така. Пример ти давам само. За 5 години ќе ви се смени ситуацијата. Секој период во животот си е различен. Млади сте, каде и да сте ќе ви е убаво додека има љубов. Колку и да се гледате, гледајте да е квалитетно тоа време. Не мора да сте како врзани со папочна врвца, уживајте и во други активности, посветете се на образование, на хоби, на друштва, на се по малку, така ќе можете да растете и да се развивате и да видите дали и како возрасни и созреани ќе си одговарате. Не се брзајте за ништо во животот, не пропуштате ништо, пред вас е животот. Во право е татко ти, образованието пред се да ти биде. Така сум ги советувал и девојките со кои сум бил, прво обврските да ги гледаат, нашето излегување нема да избега. Истото важело и за мене. Битно е да имате поддршка меѓу вас како пар за секое поле во животот.
Те лаже и се допишувал со друга, тоа доволно кажува едно нешто а тоа е дека не те почитува. Бидејќи имав слично искуство ставив крај веднаш откако дознав. Нормално дека нема да ти признае.
Ќе пишам тука иако не е љубовен ами идносвекрвски проблем Знам дека не е нешто биг диал. Пред некои два месеци дур бев кај дм, мајка му беше излезена и дојде време да си одам. Беше 12 навечер ама блиску живееме (3-4 станици) и тргнав пешки. Дм сакаше да ме однесе со кола ама одбив. Женава за белја ме видела на враќање. Па ми вртела неколку пати, мене телефонот на тивко ставен. Следниот пат кога се видовме лом ме направи зашо сум тргнала сама. И тоа ја ќутев иначе жими сѐ ќе се скаравме. И претходно и кога не било толку касно инсистирала да ме носи он. И пред некое време скоро бев кај нив, доаѓа време да си идам, овојпат беше некаде 8 саат. И викам чеј да видам автобуси коа имам. Леле коа збесна. Вика пак ли за истото ќе се караме, не идеш сама и толку. И си прифатив да ме носи, нормално. Значи океј е да понудиш, не сфаќам да јебено инсистираш ко нетачен ако некој ти рекол не. За друго е фина ко мене, немам што да се пожалам ама ме нервира колку е настојчива за нешто кај што јас прифаќам или одбивам. Мислам и да ми се случи нешто недајбоже, фала богу нема неа да ја окривам. И еве не знам дали за вакви или слични ситуации да се карам со неа или да си ќутам и праам како рече. Едит Иначе одбивам да ме носи дм оти колата е купена од неа, иако он само ја вози. Јас своја немам, возам повремено ама не сама. И затоа ми е непријатно личен шофер да ми глуми со нејзина кола.
Се чудам како си дозволила ти значи ти да и прекутиш Не би ќутела , сега ако и заќутиш за мн други работи ќе и ќутиш после
Не мора да ти биде непријатно, реално ретко кој на тие години купил сам кола, плус она настојува значи нема проблем со тоа. Јас мислам дека ако ти збори само за ова и не е толку страшно...ако настојува и за сѐ друго и не почитува не, би рекла дека е стварно напорна. Ако не сакаш секогаш да те разнесува, кажи ѝ фала, ама сакам да попешачам, треба некаде да застанам нешто да купами сл...смисли нешто и можеби ќе сфати ако не сфаќа директно.
Си зборела со дечко ти за тоа? Јас првин би разговарала со него, ако нема промени тогаш нејзе ќе и кажеш се што спомна ваму. Во ред е што е внимателна, не е во ред да настојува нон стоп.
Не не, за други работи не ни се меша. Засега обично се погаѓаме со неа. Ама за ова прави драми оти ме мислела дека имало кучиња многу (стварно има таа улица по која се враќам) и нели манијаци. За денски вика нема проблем ама навечер на лошо осветлено нема шанси сама да тргнеш од тука. @bicycle му имам кажано ама и он смета дека е до негде во право барем за навечер оти поарно бензин да потроши него да ме мисли или недајбоже да бидне нешто. Само што он некад попушта пред мој инат, ама она нема Му рекла и на него - и да не сум јас вели тука, ако е вечер, немој сама да си ја пуштил. И он не дека баш неа ја слуша ама ете се плашел оти секакви имало. Инаку знам дека пред неколку години во нивно маало, биле силувани две девојки и манијакот наводно уште си живеел таму. Ако е тој во кој сумњаат зашто ден денес не е сигурно кој бил. И си велам може има врска со ова зашто е таква.
Хм, за твое добро настојувала во случајот. Се ставам на место да имам другарка до 12 на полноќ на гости, јас не возам, но моите секогаш се нудат да ги испратат или пренесат. Веројатно родителски инстинкт, што ако ти се случи нешто, ќе те мислат цело време, а веројатно си мисли што би помислиле твоите дома зошто те оставиле сама доцна. А и колата негова е, без разлика кој ја купил, ако поаѓаш од тој аспект. АМА се согласувам со тебе, не сакам ни јас личен шофер посебно не кога имам друга опција. Ваквите работи ги кажав во старт, ме познава тој и знај дека џабе запнува. Би ти рекла да му кажиш него, само не гледам проблем во случајот. Ако ти е за бензинот едно чоколадо ќе му купиш и готово.
@Munchmallow20 хани, биди пресреќна што се нудат, бидејки можеш да налеташ на секакви психопати, посебно навечер. Убаво вика @Angie1432 боље отколку со автобус. Сега доколку ти пречи разговарај со нејзе отворено и предложи и некои идеи иако јас би прифатила нејзин превоз, ноу биг дил.
Жената те обожава Мислам дека испаничила така бидејќи те сака и се плаши за тебе, што е преслатко според мене. Се секира, и во афект ти исповикала, како шо праат и мајките. Чим нејзе не ѝ смета он да те зима/враќа, а ни нему, што се замараш. Уживај си тогаш, а и на оваа магла и загадено, подобро со кола, него пешки или со автобус. Уживај малце ма ко шеф
Ајде сега ќе ти пишам, но повеќе би сакала тука да читам совети, може и на некој друг ќе му помогнат..
Здраво девојки, роденденот на дечко ми е на бадник и првично бевме договорени да го славиме тој ден, поточно јас имав испланирано изненадување за него а тој ми немаше ништо кажано ни дали ќе одиме на вечера никакви планови. Јас имав заборавено дека и тој ден во нашиот град е традиција да делиме лепче и дека секоја година се собираме со семејството. Бидејки секојдневно сме заедно му кажав дека тој ден на поручек околу 18ч ќе си одам во мојот град и дека сакам да поминам време со моите дома зошто и на сестра ми и е името, тој се налути и тука почна да ми кажува како не сум планирала ништо со него, не сум го почитувала и многу други работи… и ми рече демек ако така ќе сум правела за неговиот роденден што претходно ми кажуваше дека тој ден му нема никакво значење и дека со години не чека ни роденден ни име, тогаш да сум дошла со него на името зошто дома ќе организирале ручек, инаку и двајцата сме од различни градови. И по некое време ми кажа демек на 5ти ќе излеземе на вечера за роденденот тука во Скопје. Оти со него се гледам секој ден а со моите еднаш месечно, јас си стоев на мојата одлука да си ги поминам празниците со моите дома и да присуствувам на името на сестра ми, а со него на неговиот роденден на 6ти. Е тука се налути и ми кажа дека неговиот роденден ќе го чекал кај него дома и дека уште на 3ти ќе си отишол дома во неговиот град, а јас ако сум сакала да сум отишла таму и да сме го славеле роденденот. Што никогаш не беше зборувано така и мислам дека го прави тоа од инает. Јас имам нарачано работи кој треба да стигнат тоа дато за него и мора да сум Скопје, и плус се чуствувам како условена што не е океј и сметам дека тој нема зошто мене да ми се лути ако одлучам да сум со семејството за празниците а со него само на денот на роденден. Многу ми значи и мислење од страна.. дали е океј неговото однесување во ситуацијава?
Ти ја разбирам ситуацијата во која што си, и голем процент од младите (средношколци и студенти) се во слична состојба но не покажуваат пред други. Кај студентите сега е бар малце подобра ситуацијата бидејќи имаат можност да земат оброк студентски, но кај вас средношколците е тешко. Би те советувала да го завршиш училиштето, а за време на распуст да си поработиш некаде на 8 часа и да си земеш пари кои ќе ги распоредиш за трошоци за целата година до следното вработување. Верувам дека ти е тешко но ќе издржиш. Ќе дојде време ќе си работиш, ќе завршип училиште и ќе застанеш на нозе. Доколку ти е ептен лоша финансиската состојба би ти предложила да работиш некаде во игротека за викенд или да делиш флаери, било што на дневница. Поздрав и среќни празници
За што и да и е грижата, дали за кучиња и манијаци или да не одиш по швалери (мене на тоа ми текна), во секој случај не смее да збеснува. А бе се знае со свекрва лекот, што понастрана, дружење минимално скоро ич, на секое збеснување ќе кажеш Те молам не ми повишувај тон, јасно ми е дека се секираш, ама на крајот јас носам одлука на кој начин ќе си одам и толку. Еднаш преќутено, два пати преќутено, немој да те читам после во другана тема
Nekako mnogu sebicno od negova strana, za rodendenot toj ke e so negovite, a ti da ne si so tvoite, razbiram te saka i se toa no eve napravi vaka, podarokot daj mu go pred da si odi vo negoviot grad. I moj sovet, ostani so semejstvoto i sestra ti bidejki mozebi nema da e ovoj bas toj za tebe, t.e mozebi nema da ostanete zaedno zasekogas.
Не знам баш колку спаѓа во љубовни проблеми ама ајде да прашам, дали прв пат кога ќе се видите со некој знаете дали ви се свиѓа или не? Јас денес се видов со еден дечко и не знам, дали ми се свиѓа... Вака ок си поминав и муабет и се, ама физички не знам, многу сум неодлучна, дали ви се случило исто? До сега знаев од како ќе видам човек дали ми е убав или не ама ова не знам