Види се неколку пати... Пет, шест пати и види, јас така еднаш излегов со еден, на прв поглед си викам во себе, ау не е убав грд, после пак излегов ми се допаѓаше однесувањето и некако и изгледот го прифатив..
Ти ми делуваш ко да немаш свое јас, сигурно феминка или јас шо и да ти кажиме ти нема да ме следиш мене или неа. Излези разговарај ако ви оди муабетот и ти е интересен, че сакаш да го видиш пак итн. Па даму се плукнам колку години имате?!
Ако се прашваш дали физички ти се бендисва, не оди работата на арно. Или ти е секси или не, нема шо да размислуваш тука.
Се случи една чудна ситуација, и иако сите ми велат да не премислувам и дека не е ништо, ми стои во глава никако не можам да ја исфрлам. Кој ме читал знае дека пишував порано, не бев најзадоволна од начинот на кој ми се одвиваше врската, но морам да кажам дека веќе оди одлично, во нецели 2 месеца напредувавме ептен многу, чекор по чекор, убаво си тече, стварно е како бајка. И немам никаква примедба за дечко ми, тој во ситуацијава и не направи ништо. А и општо е супер во последно. Има девојче со кое на инста во онаа листа од топ 5 заеднички followers(ако некој не знае што е, пишете ќе објаснам), таа нему му е трета, а тој нејзе втор, во однос на mutuals со мене. Јас неа не ја ни познавам, така да немаме многу заеднички, а не ги следам ни сите негови пријатели, така да секако ова не е најверодостојно и свесна сум за тоа. Сите тројца сме на ист факс и имаме исти предмети. Никогаш не сум ги видела заедно сами, но се случило да бидат во ист круг од десетина луѓе, (еднаш-два пати бидејќи дечко ми е срамежлив и обично седи сам или со уште еден другар). Исто, неа сум ја видела со другари на дечко ми настрана. Позадината е тоа, сега ќе објаснам што се случи. Во пауза на предавање (тој не беше присутен), јас во моментот бев одма до девојчево што го спомнав и нејзиното друштво. Тие збореа за нова година славење, и таа кажа само каде се наоѓа станот во кој ќе слави и се пофали дека многу луѓе ја викнале да дојде (општо муабетите и се доста незрели ). (Лошо е што и дечко ми славеше во таа околина, но беа само машки, си замина рано, и постојано беше на телефон со мене. Не славевме заедно) Некоја од другарките на девојчево ја праша нешто, за жал не слушнав што, но оваа кажа нема да коментирам види кој е позади тебе. А позади нејзе бев јас. И само јас. Апсолутно немаше никој друг. Два пати и повтори да види кој е позади. И толку беше од муабетот. Очигледно се работеше за мене, ама стварно не ми е јасно што и е поентата. Не сум разменила ни еден збор со нејзе. Дали да се сомневам во нешто?
Од такви како неа аман веќе. Зошто не си гледаат работа не знам доколку знае дека сте во врска. Игнорирај ја, ако заприметиш уште нешто реагирај, интуицијата да си ја слушаш. Не мислам дека ќе има проблем доколку твојот дечко е стабилен и цврсто одлучен, но имај на мукает, неговото однесување.
Уште од пред како што треба да бидеме во врска, не се сомневав во него, не знам од која причина но интуитивно верувам дека ми е верен. Но, истовремено мислам дека нешто не е како што треба во ситуацијава со неа. Не сакам да го прашам него, и нема да го прашам, прељубоморно и параноично звучи. Стварно не знам што и беше поентата, бар да кажам сме смениле 2 збора или нешто. Со него и неговото однесување е се беспрекорно, се осеќам посакано од било кога, го чувствувам вниманието, љубовта, дека се грижи, се гледаме многу почесто. Стварно е се во ред, и уште толку заради ова не можам да го прашам што и е проблемот.
Почекај, следи го неговото однесување. Не сум во овај случај за тоа да не се притресуваш како што би кажале други членки, само посматрај. Мене ми излезе еднаш од интуицијата вистинска случка по некои работи.. Сега ако тој знае да си ги постави границите немаш гајле ама се ке ти кажи времето
Па нормално дека ке ве види доколку сте во врска а во ист факс.. И што би барал тој со неа на само, демек во врска со факултетот? Нема потреба од тоа
Па поентата ми е дека веројатно не е глупа да го дели со мене, доколку тој би направил нешто со неа. А кога веќе не видела и знае, што го пика носот? Очигледно и беше да ме испровоцира, само од која причина ни близу не ми е јасно.
@penelope10 таа може само да зборува и да ве гледа, уживај си. Јас на твое место би му кажала што се случило и што мислам за тоа и би прашала и тој што мисли.
Девојки, со дечко ми не сме се виделе од нова година навака, се плашам да не раскинеме, не ме викнал да излеземе Helpp