Не го барај ич. Му се има случено нешто има направено за време на прославата, гарант. Можи сака да ти раскини, како можи така не ти ни честита НГ? Или нешто да не ти е лут за некоја работа, во секој случај треба да те побара и да разговара со тебе.
Исто така имам еден друг проблем Имено, летово бев во Германија, и во vip club кога настапуваа cvija и mc yankoo бев јас со две пријателки, далечни едната живее таму, и во клубот се сретнавме со еден лик, Филип кој беше бифш дечко на девојкава која живее во ДЕ, поразговаравме сите 5ца (он, другар му, јас, и двете пријателки) онака лабав лик, зборевме како е тука како е таму ме праша што учам како ми се допаѓа герм итн... и на крај кога се поздравивме тој ме гушна и ми рече глава горе и се ќе биде... а јас бев како изненадена зошто да ме гушне Луѓе неможам да заспијам го мислам ликов, нит се следиме нит ништо Хелп и онака од мојов нема абер
Финтата е што не ми раскинува за нејзе. Флертал со неа пошто го гледал крајот. Сфатил дека не гледа иднина со мене. Најболно е што јас сеуште го сакам човеков и ќе го сакам уште многу долго време. Животот не е фер.
Не можам да се согласам со повеќето совети што ти ги дадоа, ниту пак со детскиот совет “кога ќе ве види повеќе гали го”. Кому имаш потреба да му ја докажуваш својата љубов? Никому, сем тебе да ти прија. По мене не е врска ако не разговорам со партнерот за проблем во кој е и тој вклучен. Убаво е да завземаш заштитничка страна кон него и да се оградуваш на тоа дека ви е идеална врската. Разговарај со него за тој проблем бидејќи во иднина ќе имаш можеби и други вакви непријатни моменти од девојката кои ќе ти создаваат прашалници во главата. Не знам што уште бараш со типов, прочитав дека сеуште го сакаш. Запрашај се само дали вредеше сето понижување што си го стори себе пишувајќи и нејзе. Не паѓај толку ниско, подобро раскини му направи и услуга таа другата да се задоволи со ситна трошка,а ти биди среќна што не си повеќе неговата играчка.
Ако си прочитала поубаво, ќе си видела дека сме раскинале. Јас не сметам дека сум се понижила со тоа што сум се обратила кон девојката. Никој не и прави притисок да ми одговара лол. Го направив тоа за да имам мир во душата. А и да, ја не можам магично да отсакам некого за ден два. Ако ти можеш, секоја чест.
Љубовта спрема тебе треба да е поголема од љубовта спрема секоја друга личност. А гомно ќе си остане гомно без разлика со кого е во врска. И на останатите исто ќе им го направи.
Знаеш што? Си се куртулила навреме. Не е животот фер во многу ситуации. Ќе помини време ќе заборавиш на се. Некогаш во животот не ни е судено да бидиме со некои личности па макар и сме си замислувале дека ќе останеме со нив до крај на живот. Не знаеш никогаш утрото што ќе ти донеси, сега остави малку време да ти помини болката, и после терај си понатаму. Се ќе си дојди во свое време и на свое место без гајле. И да ти врати и да не ти врати девојката тебе ти е чиста совеста, не си направила ништо лошо
Никој не ни рече дека може да се отсака некој за ден два, ако бараше само некој да те потапша по рамо овде ти е погрешно место. И пиша и? Ти се дигна самодоверба нешто? Ти врати нешто? Не. Може заедно и читале и ти се смееле додека ти пишуваш реферати и лееш солзи, за некој кој не заслужува. Сакај се себе повеќе,и не понижувај се за никој друг оти таа нема да ти каже “фала”.
Реков дека и пишав за да имам мир во душата, каква црна самодоверба? И пак, не ми е ниту ќе ми биде понижување тоа што го направив, Бог да чува. Некои членови/членки кои ми вратија, ме "потапшаа по рамо" а ти ако сакаш да си брутална во името на "вистината", супер само не ги ставај сите во ист кош.
Извини што ти ја кажувам вистината која ти одбиваш да ја прифатиш,кога ќе ти слегне се ова ќе видиш дека моето мислење има смисла. А до тогаш, мисли си дека девојката е виновникот. Честит празник.
Никаде не реков дека е виновна и самата и го пишав тоа. Не знам зошто се узбуџаваш. Да не си ти таа ахахахаха
Мене да ми пише некоја рандом девојка што не ја знам би ја игнорирала, а башка и која си ти да ја замараш и вознемируваш?