абе makes sense ама што ти е крива девојката, тоа се расчистува со дечкото кој во случајов посекако треба да е бивши
Ја мислам нема ништо подобро од женска уиграна сила, двете да се спојат и да го искакаат типот за сите пари Само ретко се наоѓаат такви паметни, често се караат за дечковци.. ПС. Имаше едно видео од 2 девојки во Америка, го откриле дечково и го откачиле у исто време и си отишле заедно на одмор да уживаат Женишта
ако ги лажел и маткал и двете или ако има слободно време да се здружи со некоја рандом. Јас сепак би боље со моето друштво на одмор, со коктели и со некој нов тип можеби
Еднаш така се избрукав со пишување на типка, цел живот се кааам за тоа. Јас "мала" глупава, не размислив два пати, и фанав и пишав. Проблемот беше за тоа што со мојот тогашен дечко си флертуваа, и што е најтрагично името ми го спомнуваа..Абе никогаш нема да си простам што паднав толку ниско. Мислете што правите, не ги реметите луѓето, да не се каете.
Ја вознемирувам бе, ја ко пред куќа да и отидов Не знам за вас, но јас би била благодарна некој да ми каже дека некој идиот ме прави будала. Девојката го има секое право да ја игнорира пораката. Прочитајте ги претходните мои коментари пред да скокате лол.
никој не скока, само ти кажувам како мислам, дека не е убаво да пишуваш така. Ти чекаш потврда ли од девојката дека типот те прави будала?
Многу лошо избрани зборови. Нема никаква зла намера позади мојата порака и пак, може слободно да ја игнорира. Ова го правам и за мене и за нејзе, иако не ја ни познавам. Не би сакала да биде лажена, искористена, повредена. Како жена, чувствувам потреба да ги заштитам другите девојки. Ти мислиш дека не е убаво, јас мислам дека е праведно. То је то.
Те интересира што имаат де .Да си ја заштитела ,како не.Ти кажуваме за твое добро да не паѓаш ниско ,да не се брукаш.
Изгледа ти се спие. Многу јасно дека сакам да знам дали и што имале. А дали сакам или не сакам да ја заштитам, не ме познаваш и тоа е се што ќе ти вратам на тој коментар. Позз
Па за кој к пишуваш тука?Ако мислиш дека ќе ти дадеме подршка да реметиш рандом жени ,се лажеш . Добра ти ноќ и тебе
Ти гарантирам дека девојкава знаела за тебе, но чекала да ти раскине дечкото. Ми делуваш на млада и неискусна, ама од грешките се учи.
@skinnylove мислиш дека таа не знаела дека дечково ваш се гледа и со неа и со тебе? По тоа што пиша, знаела... Ај да е некоја што била лажена па да и' кажеш, ама вака... Како и да е, по таков не се пати, кога ќе ти биде тешко само сети се каков кретен е, ќе ти олесни.
Леле аман. И се нафрливте ко писмо со антракс да и пратила, не порака шо може да ја стави на игнор ако сака. Другана оди со зафатен дечко, ама членкава ја вознемирувала. Пресмешно. Кажа дека пишала ради себе, да си олесни. Совеста и е чиста, другиве двајца сега нека тераат кај знаат. А другата ако е паметна ќе го откачи и таа.
Многу ми е жал за тебе од ваква гледна точка, што не сакаш да видиш некои работи позрело. Не знам што би ме вознемирило но волку ниско паѓање е ниско и штетно само за тебе. Еден ден ќе се смееш на овие работи,а сега мисли си дека си постапила правилно.
Сакам да прашам мислење за ситуацијата... Во мојот живот сосема случајно се појави еден дечко од кој го добивам сето она што не го добивав од бившиот а се знаеме едвај една недела... Добив почит, разбирање, посветеност секој ден додека разговараме, ме смее, имаме многу заеднички муабети и тоа страшно ме привлече, целото време на светот ми го посвети изминативе денови. Му се допаѓа начинот на кој размислувам, се однесувам, мојот карактер. Ме покани на дејт, и знам дека е брзо после една недела ама прифатив зошто ми се смачи да плачам по бившиот кој ги менува девојките како чорапи секој втор месец а мислам дека заслужувам да бидам конечно среќна. Дали згрешив што прифатив ? Бидејќи толку многу бев разочарана изминатиов период тој се појави ко мелем на рана. Не знам, не сакам да завршам повторно со скршено срце.