Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Валерија,јас да сум на твое место баш ќе ми биде мерак да дојде 8) ,нека пукнат со другарка и :lol: Башка знаеш дека после ќе те оговара,а ти дај им повод да се нервираат...биди најубава,највесела,за да оваа и пренесе на другарка и :lol: може ти звучи малце злобно ]:) ,ама на таквите така,јас така би направила ;)
     
    На Valerija23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    јас потполно се согласувам со маца99. И да сум на твое место ама баш ич нема да се замарам со такви глупости. Штом сте стигнале до свадба сигурно те сака нее будала да се жени ако не те сака. Воопшто не се замарај со неа освен тоа не му била таа бивша туку другаркаи. Еве да ти кажам еден пример на свадбата од една моја другарка мазот и си покани една бивша со која откако се разделиле биле другари и неа воопшто не и сметаше тоа ти се бивши и ако вредела и ако му значела нешто немало да станат бивши. И таа се омажи некој месец по нивната свадба и дури и беа на честитање. Така да не се замарај со такви глупости. ТОј треба да биде најубав и најсрекен ден. Позз
     
    На Valerija23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Замина и ми рече ќе се жени

    Драги феминки не знам дали нешто слично му се случило на некоја од вас но јас решив да побарам совет во секој случај ете ја накратко приказната..... Со мојот дечко бевме заедно 10 месеци и уште во зимскиот период ми викаше дека ќе оди Грција и Шведска за да заработи пари и да се жени ;( ;( ;( јас мислев лажи но во април замина, се поздравивме, а потоа ме обвинуваше за некои работи и сега сме во многу лоши односи ( ме избриша од фејзбук) ,а јас само сакам да му се одмаздам и да му вратам за ова што го чувствувам. Што да правам ? И како побрзо да го заборавам? Го ценам секој совет и мислење :*
     
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Подобар совет од тоа да не му се одмаздуваш нема да добиеш.Размисли најпрвин што ке добиеш со тоа?Ке ти биде подобро?Баш напротив,ке ти биде полошо,а и освен тоа ле го загубиш чисто.Во врска со Фејсбукот дека те избришал,не тагувај,постои опција да те адне пак.Е сега имаш две можности,или да го побараш и да му се извиниш или да го заборавиш,а како?со текот на времето.
    Би играла на тоа да го оставиш,зошто не треба да се погазуваш самата себеси како што правев јас,верувај чуството не е убаво.Ако те сака и си му значела ке те побара самиот ;)
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    со одмаздата само самате себеси ке си наштетиш. Остави пробај да не мислиш времето е најдобар лек за се. не кажа што се има случено за што те обвинува. Можеби те избришал во момент на бес. истото го има и јас направено и јас бев разделена со дечкото заради тоа што замина да раб во странство, во моментот ме изнервира до тој степен што го избришав ама го сакав и покрај тоа што го делитнав и пак го вратив. Фејсбук нема значење барем за мене ако и тој те сака сигурно ке те побара за да ги расчистите сметките. па кажи што ке биде дали ке те побара или...
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Valerija23

    Valerija23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Разговаравме , но испадна пак по негово |( ќе дојдат на нашата свадба или нема да има свадба ;( и исто и јас морам да сум присутна на нивната или он никогаш во живот нема да дојде со мене никаде. Ете тоа дочекав од него, да го брани и на прво место да го става неговиот роднина :devil: и неговата пуфица ;(
     
  7. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    здравоо феминкиии.....
    пред помалку од недела...имавме караница со дечкоми...јас ја започнав караницата со тоа што видов на ФБ како и имаше манато лике на сликите на неговата бивша....значи тоа ме изнервира и му реков негоо....а тој се извади со тоа што ми рече дека таа прва него му манала лике и дека тоа немало никаква врскаа.....потоа продолживме да се караме и од тогаш се немаме ни слушнато ни виденооо....незнам што да правамм...дали да го побарам јас или да чекам тој мене да ме побара...??? :(
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Валерија а тебе што ти е поважно ТОЈ или небитната гостинка на свадбата?
     
  9. Valerija23

    Valerija23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    А кој му е поважен на него Јас или небитната гостинка :@ очигледно таа, па уште се шали на моја сметка како ќе ме викала на кафе, ќе сме се дружеле, не знам што по ѓаволите му е нему , да не сака и онаа негована да ја викаме на кафе па и на свадба |( :x
    Навистина не ја гледам потребата таа да е присутна таму, верувајте колку време сме заедно јас нејзе ја имам видено само еднаш, еднаш :!: тогаш кога се запознавме со неа и тоа беше се, ниту се дружиме ниту комуницираме, и не сакам да е на мојата свадба не сакам :worried: но немоќна сум, морам да направам како тој што сака, или ништо од нас. Дојде до тој степен работава да би се откажал од мене заради тој роднина и неговата девојка ;( ах :(
     
  10. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    Валерија23
    Јас мислам дека нема потреба да се замараш со неа и со минатото,ти си на прагот на свадба.Таа негова бивша била со него пред којзнае колку време и сигурно ни она ни другарка и не размислуваат веќе на таа тема,а нема потреба ни ти...само опушти се и уживај во подготовките(може на крај и другарки ќе бидете :lol: ). :) позз
     
  11. Valerija23

    Valerija23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Па не е поминато кој знае колку време, јас сум со него година ипол , значи со неа бил пред некаде 2 години, не знам ме копка нешто, кога почнавме со врската он уште имаше број од неа, се правдаше дека не бришел броеви дека ги чувал сите, исто така и имаше и пишано порака ( додека бевме во врска) и кога јас случајно ја видов пораката рече дека негов другар барал број од нејзина другарка па затоа морал да пише, се колнеше, цмилеше и што уште не. И така се затвори таа тема, но мене сеуште ми се вртат тие моменти , и мислам токму затоа јас вака реагирам на ова :(
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Искрено се надевам дека за една година до денот на вашата свадба двајцата ќе пораснете, зашто вака гледано вие не сте спремни за свадба.

    Бивша е, бивша. Кој дел од бивша не го сфаќаш. Ако имал чувства за неа дали ќе планирал свадба со тебе???? Јас чувам милион броеви во телефонот, а и тогаш врската ви била свежа. Дај олабави. Ако му стане таа жена на тој ... што тогаш ... во иста фамилија ќе си бидете .... и ништо. Биг дил ...

    Ти се лутиш за безвезе, место да уживаш во твојот ден се замараш со неа, значи ти смета или имаш некој комлекс, место да ја баталиш нека дојде нека крши глава ќе си ја ставиш на игнор. Нема да те изеде и сигурно нема попот да праша има ли некој против оваа врска како на филмовите и таа да крене две раце.

    А тој па свадба што би растурил за глупост со саканата .. место да седнете како луѓе да се разберете ...

    само нервози непотребни си правите... И како мали деца. Работава мене повеќе ми тера за исполнување моето или твоето, т.е инаетот. Кој ќе победи аааааа, ај да видиме. Или нема да има свадба ... Свашта.

    Дај соземете се двајцата, зборете како луѓе договорете се.
     
    На Valerija23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    мое мислење дека се треба да расчистите и разјасните околу таа девоја и нека се изјасне он зш муе толку битна бидејки сепак ке стапите во брак а тој ти кажува или да присуствува или нема свадба. Не знам некако стварно не можам да разберам шо муе поентата ама како и да како жто ти кажав претходно не се замарај уживај.Ама ако и понатаму тоа продолжи да те копка можи и да имате секојдневни проблеми во бракот.
     
    На Valerija23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    Ич да не се нервираш, штом стапувате во брак двајцата сте свесни дека заедно сакате да го поминете животот и дека сте заљубени еден во друг :inlove: мислам дека нема потреба да и придаваш значење(бивша е ... била и поминала ако требало да остане ќе останела ама НЕ).Уживај :D
    Немој за некои трети личности(небитни) да си ја расипуваш среќата или односите со вереникот. :)
     
    На Valerija23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Валерија23 јас мислам дека треба еден сериозен разговор со твојот иден сопруг да направите, и да решите дали навистина би требало да влезете во брак или подобро би било се да заврши сега отколку откако ќе биде доцна.
    Според се што напиша не те оправдувам ни тебе ниту него.
    Прво се работи за далечен и не толку близок роднина па мислам дека доколку тебе ти пречи тоа сепак се работи за твојата свадба,твојот иден сопруг би требало да сфати па и да ти попушти и да не си во право, а не да ти каже да бираш ако сакаш да се омажиш со мене тие ќе бидат на свадбата а ако не сакаш оди си. Никој не би сакал на денот на својата свадба да се нервира поради непожелните гости.
    Второ зошто откако бил со тебе, сеуште се обидувал да стапи во контакт со бившата а потоа ти се правда ( можеби сеуште чувствувал нешто за неа бидејќи веднаш по раскинувањето влегол во врска со тебе и да се обиде да ја заборави, и не сакам да помислам дека веднаш се жени колку да и покаже на бившата дека го изгубила,т.е, како што најчесто некои прават после долга врска брак со првиот или првата) па уште и другарка и сето тоа да и го долови со нејзиното присуство.
    Прво расчистете го ова а потоа може да зборувате за заедничка иднина.
    Доколку нема ништо поврзано со бившата негова, тогаш ти не мораш да се нервираш толку зошто нејзината другарка ќе присуствува, напротив како што ти кажаа и другите феминки биди најсреќна највесела нека ти завидуваат и не покажувај нервоза. Мене искрено ме чуди оддносот на идниот твој сопруг и тоа што би ја откажал свадбата само заради некој си далечен роднина и би те оставил тебе. Нека се преиспита и дали воопшто сака да бидете заедно цел живот и како би функционирале, па понака во бракот следат кавги со свекрви( не мора да значи) но ете се случува, или па со некој негов близок роднина, ти секогаш би била таа што ќе мораш да попушташ на неговата фамилија бидејќи тогаш би ти се заканил да кажам и со развод. Да бираш повторно, дали така ќе се однесуваш , или ќе мораш постојано да се прилагодуваш и да глумиш пред сите.
    Размислете убаво и двајцата додека не е доцна, бракот е сериозна работа,
    Поздрав и се надевам се најдобро ќе решите.
     
  16. Valerija23

    Valerija23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Да имал чувства спрема неа немал , таа му била како да кажам само за провод, но девојката била ужасно наметлива па буквално му се пикала цело време, си доаѓала кај него дома, си седела со мајка му итн. иако не биле баш во некоја дефинирана врска , и токму таа била таа која ги споила роднината и другарката нејзина, само за да биде поблизу до него |( фрик девојка дефинитивно :geek:
    Го имам прашано за тоа многу пати дали на почетокот или малце пред да се фатиме он сеуште имал нешто со неа, и секако добив негативен одговор :?:Ќе разговарам повторно со него, ако продолжи вака мислам дека ќе ја раскинам свршувачката, не може мене он да ме условува заради некои си негови роднини, ако од сега вака ми прави или така или никако, кој знае како ќе биде во брак. нема да дозволам да биде по негово, крај краева не ми гори под нозе па да се мажам , млада сум, нека му ја мисли тој кој е цели 9 години постар од мене :fubar:

    Фала ви девојки за советите. :* :)
     
    На MoreNa-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Колку време ви беше потребно да го заборавите првиот дечко ? Како успеавте јас сеуште мислам на него ..........
     
  18. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    не се секавам одамна беше :D
     
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Мене ми требаа 2-3 години,и кога бев со друг се уште мислев на него.Тоа зависи само од тебе,дали ке дозволиш се уште да те мачи помислата на него или ке продолжиш срекно понатаму.Верувај јас од кога го заборавив буквално заборавив и како изгледа,како мириса,како зборува.Заборавив каде живее.Апсолутно се.
     
  20. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Незнам како да го објаснам ова но ќе се потрудам да бидам појасен. Сум комуникативна личност се дружам со повеќе луѓе но кога сатнува збор за пуштање и освојување на девојка која ми се допаѓа имам сериозни проблеми се некако сум погрешно сватен и работава оди во друг правец. Запознавањето никогаш не ми е проблем но незнам дали дирекноста и отвореноста ги плаши девојките? Понекогаш доаѓам во ситуаци кога сум одбиен заради тоа што не сум бил доволно убав! Последната со која бев ме напушти затоа што сум бил премногу добар и никако да се најде што вистински ме кочи мене и зошто неможам да имам сериозна врска