Порано би одбрала дефинитивно кариера. Ама сеа љубовта би ми била над се’ , ако е вистинска и обострана. Џабе ми е кариера и успех ако немам со кој да го споделам тоа и заедно да се радуваме.
Зависи што е работата и која возраст си, пример ако имаш помалку од 25 години можеш да прифатиш, не е едноставно работа или љубов меѓутоа ако ти носи знаење за понатака, ако ти биде отскочна даска за понатак да, исто така дали ќе има добра плата за да можеш да заштедиш. Не е само да се одбере едно и да се оди слепо по едното или другото. Тоа е сепак стил на живот што го бираш, зошто ја бираш таа работа и колку време би ја работела. И да не е овој дечко да е друг ако сакаш ти да имаш семејство, дете не можеш да работиш 12 часа вечно затоа што пат и сон, толку е денот
Спојлер: Објаснување Да се објаснам подобро. Се работи за работно место кое има теренска работа од еден или повеќе дена, цела седмица/2 седмици и слично. Би било тешко да функционира љубов така. Би функционирала ни вештачки. Во суштина јас сум многу романтична личност, сакам дејтови, гледање филмови, пикник, патување. Но, сето ова ќе го нема кога ќе стигнам дома во 5ипол часот а наутро ќе тргнам во 6. А понекогаш и со денови нема да сум дома. Лошо за мене, за маж и за деца... Губење конекција, близина и комуникација.
Да додадам, исто како што може да те разочара пример дечко може и работа, газда, колеги. Не е се така цно и бело и јас како помаала размислував вака ама дека е се сјајно идеш на работа правиш пари, независа си итн не е баш така @hellocity ти колку сакаш биди со знаење, труди се работи, некогаш е подобро да си одбереш љуубов. Не сите машки се лоши и не секоја независност е доволна и по цена да се уништуваш
Платата уште од старт е висока и добра, нема отскочна даска. Стандард работа е, нема зголемување на плата, можеби некогаш, но во глобала е исто.
Ако те сфаќам добро, работата е од 6 сабајле до 5 поручек, тогаш поголем дел од луѓето работат така, па и полоши смени. Имаш време поручек и за љубов и за пикници и за филмови. Оти на крајот на денот, не се живее од пикници, а и љубовта е многу повеќе од тоа. Ден, два, недела, две и не е така многу не гледање. Јас па дека на далечина сум, ќефој сум ако се видиме преку една недела, а не да е проблем (не дека не е тешко, е). На крај сама си се познаваш, што би ти било најдобро. Во случајов мислам дека можиш и двете да ги имаш.
Ако веќе ја ставаш љубовта како опција, мислам дека веќе ја имаш одбрано кариерата. Доколку сметаш дека професијата е навистина за тебе, си се пронашла во тоа, не си ја пропуштај шансата. Двете страни имаат и позитивни и негативни работи. Има луѓе кои со партнерите се разделени со години и не се гледаат, па љубовта пак преовладува како оние врски на далечина. Ако помалку се гледате, тоа не значи дека ќе се оддалечите или ќе изгубите комуникација баш напротив, тогаш треба да е најсилна.
А кога ќе сте во брак и имате деца пак ќе сакаш да се гледате во 10 дена еднаш...? Мене тоа ми е проблем. Ќе дојде ред и брак и деца. Децата дома мајката две недел не дома. По пола месец маж да не видам ниту деца. Повеќе на работа отколку дома...
А колку ќе трае тоа? Ако се посветиш на кариера и врската ти се распадне заради тоа, дали воопшто била јака врска. Звучи романсиерски да, работата не се става пред љубовта, ама баш кога не си во брак и немаш деца се обрнува внимание на заработување пари и едукација и да се стекнеш со нешто што ќе можеш да го ставиш на цв. Ова во моментот може е полесно, ама колку е исплатливо на долг рок? Јас едукација и работа ако ми е битна, ми е по професија, ми дава финансиска стабилност, не би отфрлила за да се гледам со дечкото некој саат повеќе.
Цел живот би бил така... пример моментално работам 8-4, никогаш не сум на терен и за викенд сум дома. Тогаш нема да е така. Оваа година планираме да се земеме, ама не знам колку би било така доколку ја прифатам таа работа и не сум дома со денови.
А ако ти е кејф да поработиш, да ја искористиш шансата за да не ти е криво, не можеш да поработиш некое време, па и некоја пара да направиш пошто очигледно ти е кејф штом си во дилема? И после земајте се и деца правете и присутна ќе си. Секогаш кога сум испуштила шанса што сум ја сакала ми било криво, успехот нема врска со дечко ти да го споделуваш со него, туку само со тебе, твоја лична сатисфакција е, тебе ќе ти е во цв пишано, тебе ќе ти стигнат парите, тебе ќе ти влијае на самодовеба. И тој ќе треба да се прилагоди ако сака да си среќна, не мора да е со години туку еден период кај што ќе пробаш нешто што го сакаш. Никоја работа не мора да е цел живот.
Не би прифатила и сама да сум. Ако прегориш и не ти е добро на работата, џабе ќе ти се пари ако треба на лекови и по болници да ги трошиш. Прекувремено може да се издржи сезона до две, повеќе никогаш не е издржливо.
Шо би било кога би било ќе е муабетот. Јас на поле кариера се пронаоѓам во две професии и двете се вакви како шо ги опиша. Да те нема дома за викенд, за празник, да те нема со денови. Е сега, за едната имав шанса и тоа буквално имав среќа да ја добијам и знајш шо, ја одбив ради истите причини. Сега многу се каам, многу детска, неамбициозна и конформистичка одлука. Најмногу ради тоа шо сега сфаќам дека е изводливо за мене. Мислам дека компромисот кој можам да го напрам е тој, да го/ме нема одвреме-навреме подолго. Не би издржала еден месец да го/ме нема, но има и таквии професии и тие луѓе имаат брак и деца. Тоа е границата за мене кога се работи за љубов и кариера. Која е вашата? А што би избрала ако треба да се премини мојата граница, искрено не знам. Индивидуално е, сепак мислам дека не можи се' да оди како подмачкано цел живот, треба жртва. Disclaimer: секогаш пишам совети од моја гледна точка и искуство, како јас постапувам и како мислам дека би постапила. Не значи дека е правилно, напротив многу грешки прам.
Џабе ме напаѓавте кај темата за девојката во странство што отишла за љубов а партнерот тоа го искористил за да ја има во шака, сеа гледам коментари испадна како што јас мислев.
Само ради ова не би се нафатила. 10 години д аси обрзан да работиш таму што ако не се пронајдеш или се предомислиш
Аман не зборувам за партнерот и дома само, ама тоа ми е важно во животот, да оформам фамилија. Не знам како би било 10 дена да не сум дома и да не знам што се случува со моите деца на пример. Некогаш тие болни а јас далеку од нив со недели. Секако сакам време и за сама себе и за со пријателки и другарки... Пишав горе, тој одбива работа на терен за да биде дома, со мене, да има време за себе и со другари. Многу неферски од моја страна ако одберам. Сакам, ама и не сакам. Подсвесно знам дека ако одберам, ќе изгубам се. Искрено јас не би била со некој ниту во врска, ниту во брак да го нема по пола месец дома. А јас така сама, со деца и се оставено во мои раце.
Црноока мора некогаш да бидеш себична во животот ако ти носе убави пари, прифати.. А тој ако те сака ке издржи